verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот намерно ја прави докторката Цаца Биљановска „миленичка“ на Филипче

on 10 - 03 - 2020       


[Рецензија:(ВИДЕО) Заразената докторка миленичка на министерот Венко Филипче?]

Насловот на текстот што го рецензираме, не нуди никакви докази дека докторката  заразена со коронавирус Нина Цаца Биљановска, директорка на Клиниката за кожни болести, наводно, му била миленичка на министерот за здравство, Венко Филипче. Тврдењето во насловот, а подоцна и во текстот, се базира на видео од докторката кое било објавено на официјалниот фејсбук-профил на Филипче, а тоа не е никаков доказ за наводна омиленост, имајќи предвид дека на тој профил се објавени видеа од многу доктори, а не е само на Цаца Биљановска.

Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) Заразената докторка миленичка на министерот Венко Филипче?

Датум на објавување: 9 март 2020 г.

Датум на рецензирање: 10 март 2020 г.

Рецензент: Силвана Жежова

Докторкатa која не ги почитуваше препораките на Министерството за здравство, директорка на клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, според објавата на Фејсбук, испаѓа како да била миленичка на министерот Венко Филипче. Тој на 16 јануари на неговиот профил на Фејсбук го постирал видеото на Билијановска која се претставува како посветена докторка на пациентите, иако е на директорската позиција.

Доколку се разгледа официјалниот фејсбук-профил на министерот за здравство, Венко Филипче, може да се забележи дека има објавено видеа или фотографии од различни лекари, медицински сестри, здравствени тимови. Видеата најчесто се споделуваат од гостувањето на лекарите во различни емисии кои се од јавен интерес, кога се зборува за актуелни здравствени теми, или, пак, се наменски снимени за да упатат одредена порака. Исто така, на официјалниот профил на Филипче се упатуваат и пофалби за тимови на медицински персонал за добрата грижа за пациентите.

Имајќи предвид дека видеото од Цаца Биљановска, на кое се повикува текстот, не е единственотона фејсбук-профилот на министерот, туку таму има многу други лекари кои се промовираат, не може да се тврди дека таа докторка, наводно,му е миленичка на Филипче.

Исто така, видеото е тргнато од официјалната фејсбук-страница Филипче, бидејќи вчера министерот за здравство соопшти дека доторката ќе биде разрешена во прва прилика, имајќи предвид дека во државата се распишани избори и во овој период нема назначувања и разрешувања на функционери.

Министерот за здравство, изрази разочараност од однесувањето на Цаца Биљановска, бидејќи апелите за самоизолација беа упатувани неколку недели уназад, на секоја прес-конференција на која се соопштуваше состојбата со корона вирус.

Во однос на препораките, уште на самиот почеток излеговме со мерка дека треба човек кој патувал во ризичен регион, да остане дома 14 дена. Директорката на клиниката ќе биде рарешена, а другите институции понатаму ќе бараат одговорност. Ова што се случи денеска е нешто кое јас и мојот тим, со кој работиме по 24 часа посветено, најмалку го очекувавме,рече Филипче на прес-конференцијата.

Објавувањето на видеа и фотографии од лекари на официјалниот фејсбук-профил на министерот за здравство Венко Филипче најверојатно е ПР-стратегија на тимот за односи со јавност на Филипче кој е задолжен за комуникација со јавноста. Најчесто ваквите официјални страници не се водени лично од функционерите, туку токму од тие тимови. Оттука, и видеото можеби не е личен избор на Филипче, за да се доведе во блиска корелација со заразената докторка. Текстот тенденциозно сака да ја префрли одговорноста за неодговорното постапување на лекарката, кај Филипче.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести