verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Директорката болна од коронавирус не била на свадба кај Љупчо Николовски

on 10 - 03 - 2020       

[Рецензија: Паника во СДСМ: Директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски]

Текстот што е предмет на оваа рецензија тврди дека пациентката со коронавирус, односно директорката на Кожна клиника, била на свадбата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Оваа информација не е точна.

Линк до оригиналниот напис: Паника во СДСМ: Директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски

Датум и време на објавување: 9 март 2020 14:27

Датум на рецензирање: 9 март 2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот викендов била во друштво на пола СДСМ кои беа гости на свадбата кај Николовски.

Ова тврдење е невистинито и може да предизвика паника кај лицата кои се споменати како и нивните блиски, познаници, луѓе од јавниот живот или кој било друг што се сретнал со нив од свадбата до денеска.

Намерно или не, во написот се објавени и повеќе фотографии од свадбата на која се тврди дека присуствувала директорката, како и една фотографија од неа во бел мантил во канцеларијата на Кожна клиника. Лесно е проверливо дали докторката била присутна на свадбата – потребен е еден телефонски повик до генералниот секретар на СДСМ со прашањето, дали таа била или не била гостинка на свадбата. Наместо да се прибегне кон овој основен метод на новинарска проверка, се крева дополнителна паника, преку цитирање на видните гости кои биле на свадбата, сите политичари и луѓе од јавниот живот. Со која цел се направило ова?

Во членот осум од Кодексот на новинарите, се вели дека начинот на информирање во случаи на болести мора да биде ослободен од сензационализам.

Основно новинарско правило е информациите што се објавуваат да се проверуваат во секој можен случај, а особено кога станува збор за вести кои може да предизвикаат паника и кои се однесуваат на известување во случај на нечија здравствена состојба што може да предизвика загриженост кај поголем број луѓе.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести