verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Предрасудите на новинарите се неетички и непрофесионални

on 3 - 03 - 2020       

Илустрација

За можноста за формирање трилатерална коалиција меѓу Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива се уште се известува во медиумите (во моменти кога е пишувана оваа рецензија), иако едната партија во неколку наврати ја негираше можната соработка со другата. Новинарот лично не може да предрасуди со зборовите дека тоа било „измама на деценијата“. Ова е тотално непрофесионално

Фотографија од веста што се прегледува

Линк до оригинален напис: „Дали ќе биде измама на деценијата ‘обединувањето на опозицијата’ АА-Беса и Алтернатива?“   A do të jetë MASHTRIMI I DEKADËS “bashkimi opozitarë” ASH-BESA dhe Alternativa e Qeverisë!?

Датум на објавување: 21.01.2020

Датум на рецензија: 26.01.2020

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Тенденциозен наслов

Читајќи го насловот, читателот се надева дека во текстот ќе се најде некое откритие, кое е дојдено како резултат на некои новинарски истражувања за тоа, што тој тоа го нарекува „измама на деценијата“. Ова не се случува. Во текстот, новинарот лично, без да користи како извор некој политички аналитичар или експерт за ова прашање, направил, т.е. изнел предрасуда за ова коалиција, како „следна измама за да преживее некој политички“.

Нема разлика меѓу факт, мислење и коментар

Авторот споменува ситуации и извештаи од минатите изборни циклуси. Историските факти се многу важни за новинарското известување. Исто така, добро е што новинарот потсети и на критиките што лидерите на овие партии ги адресирале едни на други во минатото. И ова се факти. Но, дали најавената коалиција е обид да се преживее политички, на самото прашање требаше да одговорат самите тие, лидерите или партиите.

„И покрај тоа што имаше огромен притисок од пошироката јавност да се направи предизборна коалиција, тоа не беше постигнато, коалицијата настана само кога ризикуваа да ги изгубат сите општини, а тоа очигледно беше казнето од граѓаните.
Затоа, врз основа на оваа практика, начинот и целта на засегнатите страни се приближува кон можноста коалицијата да ризикува повторно да биде казнета од граѓаните, како следна измама за да преживее некој политички” 
– пишува во текстот што го разгледуваме.

Самиот автор ги коментира моментите кога некој друг ќе треба да го стори тоа. Мислењата на новинарите не можат да бидат вест. Неговите предрасуди се засноваат на ставот дека личните ставови не се важни за да се создаде преглед на реалната состојба.

Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, вести и коментари – пишува во Кодексот на етика на новинарите.

Техники на манипулација-употреба на традицијата

Наведувајќи го историското минато за предрасуди за иднината и потоа користејќи го тоа предвидување како констатација, новинарот манипулира со она што се нарекува во стручната литератература како повикување на традиција. Покрај тоа, тој укажува во овој текст „тенденција да се потсетиме, да се фаворизираат и да се следат информации што ги потврдуваат постоечките ставови“ или тенденција да се потврди неговата гледна точка. Техниките се опишани во Прирачникот на Crithink.

За читателите

Недостигот на извори на вести, во случајов, немањето на став од партиите, споменатите лидери и немањето соодветна анализа од некој што го знае проблемот, се доволни елементи за да се заклучи дека веста е со недоследности, предрасудувачка и тенденциозна. Ваквите текстови во пресрет на изборните циклуси се многу вообичаени во нашите медиуми. Обично се прават со позадина да нападнат некого и да подигнат некој друг.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести