verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационалистичка и неодговорна објава дека Нострадамус го предвидел коронавирусот!

on 2 - 03 - 2020       


[Рецензија: „Голема чума во поморскиот град“: Нострадамус го предвидел коронавирусот, а еве кога ќе запре…]

Не поминува ни едно поголемо светско случување, а да не се поврзе со Нострадамус и неговите предвидувања. Како и многупати досега, медиумите успеаја и коронавирусот да го поврзат со Нострадамус, а целта е една и единствена – преку сензационализам до што повеќе кликови и читаност на текстовите.

Линк до текстот: „Голема чума во поморскиот град“: Нострадамус го предвидел коронавирусот, а еве кога ќе запре…

Датум на објавување: 24.02.2020

Датум на рецензирање: 28.02.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Во повеќе наврати на Критинк пишувавме дека пророштвата на Нострадамус се нејасно напишани, па така невозможно е директно да се поврзат со конкретен настан.

Творештвото на Нострадамус е изразено во катрени, односно строфи од по четири реда во вид на стихови и загатки, кои не се хронолошки наредени. Всушност, повеќето од пророштвата на Нострадамус се слабо преведени, неодредени и нејасно формулирани, со што се отворени за разни читателски толкувања и интерпретации, што, пак, остава доволно простор да се поттикнат еден куп шпекулации.

Постојат многу толкувачи на Нострадамус, а повеќето од нив различно толкуваат дури и еден ист стих што се однесува на иднината токму поради нејаснотијата на неговото пишување.

Ова прави да е невозможно да се тврди дека Нострадамус во своето творештво мислел конкретно на коронавирусот, кој и покрај паниката која се крева во јавноста, е далеку понеопасен од обичниот грип од чии последици годишно умираат околу 650.000 лица.

Како извори на информации во текстот се користени објави на социјални мрежи и тоа со фразата „некој човек твитнал“. На социјалните мрежи секој може да напише што сака, што не значи дека објавеното е точно и дека треба да биде пренесено во медиумите без дополнителна проверка и притоа да се заплашува јавноста со пренесување на објави во кои пишува „ќе умреме набрзо“.

И самиот наслов дезинформира во два наврати. Прво, дури Нострадамус и навистина да предвидел некаква „чума“, насловот вели дека таа се случува во поморски град. А коронавирусот потекнува од градот Вухан во Кина кој со многу едноставно пребарување на Гугл може да се види дека воопшто не е поморски.

Втората манипулација на јавноста е во последниот дел од насловот кој вели „а еве кога ќе запре“. Ова ги наведува читателите да кликнат на текстот, мислејќи дека внатре ќе прочитаат информација која ќе им каже кога ќе запре ширењето на вирусот. Но, во текстот воопшто нема ваква информација.

Неодговорно е за некој клик плус, да се објавуваат медиумски написи кои се полни со сензационализам, дезинформации и шпекулации поврзани со коронавирусот кои само додаваат на паниката која и онака постои кај јавноста. Медиумите треба со сериозно внимание и претпазливост да објавуваат информации поврзани со коронавирусот и повеќе да се насочуваат кон едукација на населението за справување со вирусот отколку кон зголемување на читаност преку сензационалистички објави.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести