verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Игнорирајте информации без јавен интерес каква што е оваа псевдо вест

on 28 - 02 - 2020       

Илустрација

Кога се намалува бројот на настани со јавен карактер, обично има зголемување на бројот на празни текстови што кружат како информации, но воопшто немаат јавен интерес. Желба за препукување со некого, фотографија од архивата, наслов кој личи како за вистински целосен текст… и тоа едоболно да се формира празен текст или псевдо новинарски производ. Веста што ја разгледуваме е таква

Fotografi nga lajmi që recensohet
Фотографија од веста што ја разгледуваме

Линк до оригиналниот напис: „Кога професорката Џила Челику сонуваше да се слика со Али Ахмети“  Kur profesoresha Gjyla Çeliku ëndërronte të fotografohet me Ali Ahmetin

Датум на објавување: 26.12.2019

Датум на рецензија: 22.01.2020

Рецензира: Ајнур Бафќари

Станува збор за текст кој се состои од само една реченица што се наоѓа и во насловот и во содржината, фотографија на политичар и професорка која не носи никаква политичка функција. Информацијата не претставува јавен интерес, но сепак и се резервира место во категоријата вести.

„Кога професорката Челику сонуваше да се слика со Али Ахмети“ – се вели во текстот.

Читателите може да живеат и без ова „информација“

Во текстот нема најава за некој голем настан во денот, нема никаква врска ниту со вест од домашната или надворешната политика, нема никаква врска ниту со економија или култура, едноставно нема воопшто никаков јавен интерес и ваква објава само би го натовариле читателот со непотребни „информации“.

Авторот напишал тенденциозен наслов, а потоа го помножил овој наслов со два и го објавил како да е еден новинарски производ. Сепак, останува нејасно на која јавност и се обраќа и кого би можело да го интересира такво нешто.

Онлајн медиумите не треба да ја играат улогата на Фејсбук

Со ваков текст со само една реченица, ништо не е јасно. Имаме фото пред нас и нема простор да разбереме за што служи оваа „информација“, кое е лицето за кое е напишан текстот и која е причината што на текстот му е посветено место во делот за информации, за вести. Сега сите имаме социјални мрежи и знаеме дека фотографиите можат да се видат таму, и не е јасно, зошто треба онлајн медиум да ја игра улогата на Фејсбук, ако нема јавен интерес? Онлајн медиумите треба да им служат на своите читатели преку обезбедување на оригинални информации наместо празни текстови или „фејсбук-постови“.

Концепт на манипулација „Аргумент против човекот“

Иако авторот на овој текст не појасни зошто е „чудно“ овие две лица да бидат на иста фотографија, гледајќи во формулирањето на реченицата, може да се имплицира дека професорката треба да ја критикува работата на политичарот, што зборува за обидот на авторот да ја дискредитира професорката.

Овој концепт на манипулација е наречен „аргумент против човекот, или склоност да се нападне некое тврдење преку напад на личноста, како што е појаснето во прирачникот КриТинк.

Игнорирајте ги информациите без јавен интерес

Читателите треба да знаат дека , денес во текст со „информативен карактер“, прво треба да се бара информациjaтa, потоа да се потврди точноста, да се бара изворот на информации и да се обидат да откријат дали има елементи на коментар.

Ако се чини дека е многу работа за читателите, тогаш, следниот пат, ако наидат на тенденциозен наслов, треба да знаат дека можноста да се добие веродостојна информација е многу мала. Ако некој текст не ја обезбеди информацијата, тогаш каде е логиката упорно да кликате на насловите во такви онлајн медиуми? На крајот на краиштата, улогата на онлајн медиумите е да им служи на читателите, а не обратно.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести