verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дезинформација е дека Димитров не ја пријавил лажната оставка во Обвинителството

on 27 - 02 - 2020       

Од саркастична објава на социјалните мрежи на министерот за надворешни работи Никола Димитров конструиран е текст кој што е тенденциозен, едностран и шири дезинформации.

Во текстот се тврди дека Димитров не побарал истрага за лажната вест објавена за него во октомври минатата година, во која се тврди дека тој дал оставка, а за тоа беше објавен и фалсификуван документ, потпис и печат.

Линк до оригиналниот напис: Посебниот случај на Никола Димитров

Датум и време на објавување: 19.1.2020

Датум на рецензија: 25.2.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Целосно неточно е дека Димитров не побарал истрага за тој случај. Вистината е дека тој побара од Јавното обвинителство да се истражи случајот и да се лоцира одговорност. Тој тоа го побара јавно и преку официјално барање до Јавното обвинителство.

Текстот, во кој се тврди дека Димитров не побарал истрага, е едностран бидејќи мислење или изјава не е побарана ниту од Димитров ниту од надлежните институции за да се тврди вакво нешто. Со ова се прекршуваат медиумските стандарди за професионално известување секогаш да биде побарана втората страна на приказната.

Демант за оваа објава стигна и од самиот Димитров во кој тој вели дека испратил официјално барање до Јавното обвинителство еден ден по објавувањето на фалсификатот.

Вистината е дека јас не само што јавно повикав да се истражи случајот и да се лоцира одговорност, туку тоа беше направено и преку официјално барање до Јавното Обвинителство, уште следниот ден, веднаш по објавувањето на фалсификатот, на 02.10.2018 година. Овој податок е јавен и е лесно проверлив, и навистина изненадува непрофесионалноста што пред да се објави текстот, редакцијата не се обратила ниту до мене, а очигледно ниту до Обвинителството“

Иако Димитров побара од медиумот да се објави неговиот демант, но на порталот и една недела подоцна демантот не е објавен.

Ова е уште едно прекршување на новинарските стандарди за професионално известување. Медиумите мора да ги објават демантите и да направат поправки во објавите каде што има погрешни информации со цел навремено, точно и прецизно да се информира јавноста и да не се доведува во заблуди.

Овој текст ги прекршува следниве правила од Кодексот на новинари. 

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести