verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Од сторија за делење правда врз педофил до приказна за свирепо убиство

на 20. 02. 2020 | |

[Рецензија: Русин уби човек, а кога ќе дознаете зошто, ќе барате да не одлежи ниту еден ден затвор]

Порталот Курир објави сторија за жителот на рускиот град Уфа кој убил наводен педофил, кој, пак, држел како заложници двајца тинејџери. Тој станал јунак на денот, бидејќи сам му пресудил на лицето кое било во затвор за сексуална злоупотреба на малолетници – јавноста бара тој да не одговара за стореното дело, што,

Партиската еуфорија во Крушопек пронајде еден тон наместо килограм кокаин

на 20. 02. 2020 | |
[Рецензија: Чулев му влезе со клизач на подземјето: Во тек е полициска акција во Сарај, запленети 1,3 тони кокаин!] Сеирџиски наслов, непроверени факти и едно големо – пуф! Ова би било кусото резиме на веста која ја рецензираме. Таа се однесува на полициската акција од 19 февруари во скопското село Крушопек, каде во полициска акција е запленето поголемо количество кокаин. Но, ниту во прашање биле 1,3 тони дрога ниту, пак,

Астероид што не ги подигна ни веѓите на научниците во НАСА, повод за ширење паника кај „Спутник“

на 19. 02. 2020 | |
Научниците на НАСА веднаш виделе дека астероидот 2020-bx12 не е опасен по Земјата. Потоа виделе дека тоа не е еден, туку два астероиди кои меѓусебно си фрлале сенка и  привидно ја зголемувале сопствената маса. Дури и како таква, појавата не е со димензии какви што ни се претставуваат. Донекаде како оној виц – не е Москва туку Ереван, не е „мерцедес“, туку „жигули“… Пишува: Љубомир Костовски Авторката Меган Бартелс околу 16

Шпекулација е дека Јанева била во претседателската резиденција

на 19. 02. 2020 | |
[Рецензија: НОВ CKAHДАЛ: Катица Јанева во август тajно била во вилата на Претседателот?] Медиумите и нивните извештаи се очите и ушите на јавноста за судењето на случајот „Рекет“. Тоа што они го пренесуваат го формира јавното мислење за случајот и луѓето вмешани во него. Па така многу е важно известувањата од судскиот процес да бидат точни, непристрасни и ослободени од каков било сензационализам.
Линк до оригиналниот напис: НОВ CKAHДАЛ: Катица Јанева

Мизрахи не е разрешена од министерската позиција зашто е Еврејка

на 18. 02. 2020 | |
[Рецензија: ХИТЛЕР И ГЕБЕЛС ВОСКРЕСНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Разрешена министерката Рашела Мизрахи!]  Текстот што го рецензираме говори за непостоечки антисемитизам и згора на сè го поврзува со разрешувањето на доскорешната техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Ставањето на двете работи во ист контекст, го прави овој текст спинерски и проблематичен.Рашела Мизрахи не беше разрешена зашто е Еврејка, односно поради нејзината верска или национална припадност. Таа не беше разрешена

Сензационализам и вулгарности во написи на „Доказ.мк“

на 17. 02. 2020 | |
Добар дел од текстовите на „Доказ.мк“ не само што дезинформираат, туку имаат и непристојна терминологија, омаловажуваат јавни личности, се служат со сексизам… Ваквите објави се вистинска слика за тоа што сè може да се претстави и протурка како новинарство. Пишува: Мирослава Бурнс Опасен и очигледен сензационализам, зачинет со сексизам и пцовки. Ова е сижето на повеќето предизборни текстови на веб-порталот „Доказ“. Уште кога на тоа ќе се додаде и непостоењето на

Медиумите не треба да генерализираат и манипулираат – едно лице и Албанци, не е исто

на 14. 02. 2020 | |

Приближувањето на изборната кампања и изборниот процес во Северна Македонија ги открива медиумите кои не ги почитуваат основните принципи на новинарството, објективноста и плурализмот на мислењата. Таков е примерот со медиумoт чиј напис ќе го разгледаме подолу

Линк до оригиналниот напис: „Албанците разочарани од СДСМ, ги кинат партиските книшки“   “Shqiptarët të zhgënjyer nga LSDM, po grisin librezat e anëtarësimit“ Датум на објавување: 10.01.2020 Датум на рецензија: 13.01.2020 Рецензира: Фатбарда Цури

Кого го интересира каде некогаш летувал Груевски?

на 14. 02. 2020 | |
[Рецензија: „Баш му е гајле-Никола Груевски со сопругата на Сејшелски острови: Боркице дали ме снимаш (видео)“] Кога новинарски текст не информира, не донесува нови, за јавноста релевантни факти и сознанија, кога не е актуелен ниту настанот ниту личноста за која  станува збор во него, тогаш се поставува прашањето зошто тој текст воопшто требало да биде напишан? Вистински пример за ова е написот под наслов: „Баш му е гајле-Никола Груевски со

Текст упропастен со тенденциозен наслов

на 14. 02. 2020 | |
[Рецензија: Шилегов лани ем градел ем заштедил 30 милиони евра] Градењето на објекти и урбанистички содржини не мора да има врска со трошењето на буџетските пари. Градот може да земе кредит, може да направи приватно-јавно партнерство каде најголем дел од инвестицијата ќе ја покрие приватникот, може да издаде хартии од вредност, а може и да продаде некој објект или земјиште и од тие пари да гради нови објекти или урбанистички содржини.

Кинезите не изградија болница за неколку дена туку адаптираа постоечки објект

на 14. 02. 2020 | |

Болницата која беше готова за неколку дена всушност беше брзо адаптирање на објект кој е во изградба од претходно и кој во мај требало да биде новоотворен клинички центар. 

Пишува: Симона Атанасова Покрај постојаниот наплив на информации за состојбата со заболени и починати од коронавирусот, деновиве медиумска сензација беше и адаптирањето на постоечки објекти во Кина во медицински објекти за рекордно време со цел сместување на заболените од вирусот. И

Претплатете се за најнови вести