verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Медиумите во европскиот извештај: Нема напредок

на 15. 11. 2016 | | en
Напредок не се гледа  – медиумите уште во канџите на политиката. Фото: Гугл/пиксабеј  

„Нема напредок во оваа област во поголемиот дел на изминатата година“, се нотира во Извештајот на Европската комисија, во делот посветен на слободата на изразување, во кој се разгледува и состојбата со медиумите во Македонија. Евроамбасадорот Самуел Жбогар смета дека слободата на медиумите останува сериозен предизвик. Проблемите со медиумите, освен во соодветното погавје, се „провлекуваат“ и

Политички напад „без оружје“ против првиот човек на „Мост“

на 15. 11. 2016 | |
  [Рецензија: Одработувањето за СДСМ го направи Алексов милионер, а МОСТ продолжена рака на Заев (ФОТО)]     Имаме серија тврдења „накитени“ со коментари, но ниту едно од нив не е поддржано со докази и со факти. Фотографиите што се презентираат во објавата не се доволна потврда за имотната состојба на Дарко Алексов, а нападите кон него, јасно насочени кон лична дискредитација, се шират и кон други субјекти и невладини организации.   Линк до оригиналниот напис: Одработувањето за СДСМ го направи Алексов милионер, а МОСТ продолжена рака на Заев (ФОТО) Датум и време на објавување: 14.11.2016 Датум на рецензирање: 14.11.2016 Рецензент: Александар Пешев   ЈУРИШ – БЕЗ ОРУЖЈЕ В РАКА Што би спречило новинар да фотографира објект

Непрофесионално против непрофесионалноста

на 14. 11. 2016 | |

[Рецензија: „Тази дупка не е дупка“: Блам бр. 217 на Геро, Фокус, Доказ и другите медиумски јуришници на СДСМ/Сорос]

   Медиумите чии написи се анализираат во текстот навистина објавија погрешна информација и тука постои оправданост за критика. Спорниот елемент е начинот на кој се пристапува во критиката. Написот што е пред нас тоа го прави со видлива тенденцозност, притоа употребува  неосновани квалификации и дискредитира личности, невалдини организации и медиуми. И токму ваквиот пристап говори за (не)професионалноста на тие што критикуваат други медиуми за непрофесионално однесување. Овој материјал како да ја потврдува народната поговорка „Магарето му се смеело на зајакот бидејки имал големи уши“! Линк до оригиналниот наслов: „Тази дупка не е дупка“: Блам бр. 217 на Геро, Фокус, Доказ и

Преземен текст упропастен со вулгарен наслов

на 11. 11. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Aрсенчо е тежок лажго и лопов без карактер: Ништо од најавата за затворен базен во Крива Паланка]

  Направен е пристоен обид за известување за градска тема (иако, всушност, станува збор за пренесување текст од друг медиум), но насловот го дискредитира ваквиот обид со термини кои придонесуваат за лична дискредитација, зајакнувајки го сомнежот за политичка пристрасност.   Линк до оригиналниот наслов: Aрсенчо е тежок лажго и лопов без карактер: Ништо од најавата за затворен базен во Крива Паланка Датум и време на објавување: 10.11.2016 Датум на рецензија: 10.11.2016 Рецензент: Александар Пешев   Употребата на термини како „лажго“ вообичаено се избегнува во професионални новинарски објави, бидејќи покажува непочитување на културата на израз. Во ретките случаи кога се пишува за

По секоја цена да се оцрни владиката

на 9. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Пимен- веселиот владика со идна кариера на „Пинк ѕвезди“]

  Имаме јасен обид за лична дискредитација преку слободно толкување на статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Самата оправданост на ваков текст се става под знак прашалник кога ќе се постави прашањето околу нејзината релевантност и задоволувањето на јавниот интерес. Линк до оригиналниот напис: Пимен- веселиот владика со идна кариера на „Пинк ѕвезди“ Датум и време на објавување: 7.11.2016, 15:53 Датум на рецензирање: 08.11.2016 Рецензент: Александар Пешев  

СПИНЕРСКА КОНСТРУКЦИЈА

Насловот е тенденциозен и на читателите им навестува содржина за оцрнување на владиката Пимен, што, впрочем, се прави уште во самиот вовед на текстот во кој се спинува вистината: „Владиката чии настапи со години повеќе наликуваат на политички отколку на онакви

Ништо не е очигледно без факти

на 8. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ?]

  Евидентираните извори во написот застапуваат иста страна, а воведот кон нив е изведен со серија коментари. Направен е политички спин за да се испере образот на политичар од власта  кој беше инволвиран во инцидент низ скопските улици. Линк до оригиналниот напис: Кој друг се следи од полицијата на СДСМ? Датум и време на објавување: 04.11.2016 15:21 Датум на рецензирање: 07.11.2016 Рецензент: Александар Пешев  

СПАСОВ КАКО „ЖРТВА“

Прашањето што се поставува во насловот, во содржинскиот дел од текстот се одговара со коментари, а самиот вовед наликува на партиско соопштение: „СДСМ целосно го стави МВР во своја служба само за да оствари партиски поен плус и да се пресмета со неистомислениците“.

Фијаско при докажување фијаско

на 20. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: (ГАЛЕРИЈА) ФИЈАСКО НА ТРИБИНАТА НА ДПМНЕ – ТОДОРОВ ВОЗНЕМИРЕН!]

Се зборува за фијаско врз основа на лична опсервација и на слободно толкување на нечие расположение. Изворите на информации не се наведени, а автобусите кои се споменуваат не се прикажани во најавената фотогалерија. Фотографиите се ставени како илустрација и не го покажуваат тоа што се зборува во овој текст за атмосферата на собирот. Коментарите, пак, укажуваат на манипулација со фото-материјалите.     Линк до оригиналниот напис: (ГАЛЕРИЈА) ФИЈАСКО НА ТРИБИНАТА НА ДПМНЕ – ТОДОРОВ ВОЗНЕМИРЕН! Датум и време на објавување: 16.10.2016 – 15:18 Датум на рецензирање: 18.10.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ЌОР-ФИШЕК!

Кога се најавува фотогалерија, се очекува фотографиите што се презентираат да ги илустрираат наводите во текстот,

Играње со оган за политичко навивање

на 18. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Двојазичноста што ја форсира Заев го растура СДСМ]

  Употребата на јазиците на територијата на Македонија е чувствителна тема која бара внимателен и одговорен пристап во известувањето, имајќи ја предвид општествената одговорност на медиумите. Употребата на коментари, спинувањето и пребирање само на тие извори што одат во прилог на обидот за политичка дискредитација е спротивно на професионалните стандарди и создава потенцијал за разгорување на страстите. Линк до оригиналниот напис: Двојазичноста што ја форсира Заев го растура СДСМ Датум и време на објавување: 14.10.2016 – 09.59 Датум на рецензирање: 16.10.2016 Рецензент: Александар Пешев   РЕЧЕНИЦИ БЕЗ ПОТКРЕПА Текстот не дава подршка на тврдењата што се изнесуваат во насловот и во воведот. Употребените видеозаписи од изјавите на лидерот на СДСМ се

Парада на непрофесионалност

на 13. 10. 2016 | |

 

[Рецензија: Скапата парада на Заев: Да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови]

Рецензираме текст под тенденциозен наслов со интегрирани коментари. Видлива е политичката пристрасност и не се нотираат извори на информации ниту, пак, е користена методологија за направените проценки. Линк до оригиналниот напис: Скапата парада на Заев: Да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 12.10.2016 , 12:43 Датум на рецензирање: 12.10.2016 Рецензент: Александар Пешев Тенденциозноста се забележува уште од насловот. Се тврди дека „да не беа Струмица и Куманово, во Скопје ќе маршираа духови“. Ваквата констатација создава обврска за наведување точни проценки во текстот и потребен е одговор на прашањето како е утврдено

Чаршиски извори и прашања на погрешна адреса

на 12. 10. 2016 | |
 

[Рецензија: БАКРАЧЕСКИ ПАУН НИКОЛА И НЕГОВАТА ОПШТИНСКА ОЛИГАРХИЈА ГО ЗАРИБАЛЕ ЦЕЛ ВОЗЕН ПАРК НА ОПШТИНА ОХРИД!]

  Квалификацијата „општинска олигархија“ го прави тендециозен насловот, во кој се презентираат тврдења за злоупотреба на општински ресурси. Во самиот напис има само еден факт, а тоа се деталите од прес-конференција во 2013 година. За сите други тврдења не се презентирани докази, нема изјави ниту, пак, е наведен изворот на информациите.     Линк до оригиналниот напис: БАКРАЧЕСКИ ПАУН НИКОЛА И НЕГОВАТА ОПШТИНСКА ОЛИГАРХИЈА ГО ЗАРИБАЛЕ ЦЕЛ ВОЗЕН ПАРК НА ОПШТИНА ОХРИД! Датум и време на објавување: 06.10.2016 Датум на рецензирање: 10.10.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ДИСКРЕДИТАЦИИ УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ

Воведот на текстот е коментаторски, со формулации видно насочени кон лична дискредитација. Се

Претплатете се за најнови вести