verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фијаско при докажување фијаско

on 20 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

centarnews-fijasko-na-todorov

[Рецензија: (ГАЛЕРИЈА) ФИЈАСКО НА ТРИБИНАТА НА ДПМНЕ – ТОДОРОВ ВОЗНЕМИРЕН!]

Се зборува за фијаско врз основа на лична опсервација и на слободно толкување на нечие расположение. Изворите на информации не се наведени, а автобусите кои се споменуваат не се прикажани во најавената фотогалерија. Фотографиите се ставени како илустрација и не го покажуваат тоа што се зборува во овој текст за атмосферата на собирот. Коментарите, пак, укажуваат на манипулација со фото-материјалите.

 

 

fireshot-capture-33-fijasko-na-tribinata-na-dpm_-centarnewsЛинк до оригиналниот напис: (ГАЛЕРИЈА) ФИЈАСКО НА ТРИБИНАТА НА ДПМНЕ – ТОДОРОВ ВОЗНЕМИРЕН!

Датум и време на објавување: 16.10.2016 – 15:18

Датум на рецензирање: 18.10.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ЌОР-ФИШЕК!

Кога се најавува фотогалерија, се очекува фотографиите што се презентираат да ги илустрираат наводите во текстот, но наместо тоа, имаме неиздржани тврдења дополнети со фотографии кои само го илустрираат фактот дека имало собир.

„Стотици автобуси а малку членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, ова е сликата денес во Скопје во пресрет на собирот на ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“.“

Имајќи го предвид овој водечки коментар во написот, може да се претпостави дека фотографиите со широк кадар, сликани од далеку и само од една локација, се употребуваат за манипулација со фактите. По кој стандард е утврдено дека малку членови и симпатизери присуствувале на настанот освен ако немало пребројување или споредба на бројот на присутни со капацитетот на салата или со очекуваните гости?

Дополнително се говори за стотици автобуси кои не се прикажани на фотографиите. Написот продолжува со директни коментари:

„Граѓаните на Скопје и Македонија веќе им дадоа црвен картон на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и јасно ставија до знаење дека не ја поддржуваат криминалната власт на неколкумина од Фамилијата“.

Нема извори за ваквата информација, ниту изјави со кои би се поддржало тврдењето. Кои се тие граѓани кои дале црвен картон и со кое право се говори во името на сите граѓани?

(НЕ)СИГУРНИ ИЗВОРИ

Неофицијалните информации што се приложуваат во продолжение се неиздржани.

„Поради недоволниот број на луѓе, Centarnews дознава дека се откажани 5 автобуси од Охрид, 3 од Кавадарци и Неготино, Прилеп, од Куманово и Крива паланка заминале едвај два автобуси“.

Кога се употребуваат информации од анонимни извори, новинарот има професионална обврска да го лоцира изворот на информации за да се даде веродостојност на наодите. Во случајов, веродостојноста на наодите не може да се утврди, бидејќи не знаеме дали изворот на информацијата е од партијата што го организира собирот или превозниците кои наводно биле ангажирани за транспорт на симпатизери и на членови. Написот продолжува со констатации базирани на лични опсервации:

„Centarnews забележа голема нервоза кај Никола Тодоров, кој постојано беше на својот мобилен телефон и нервозно разговараше со поранешниот министер Миле Јанакиески како и со портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев“. 

Станува збор за личен впечаток. Како може да се докаже нервозата? Дали личност која користи мобилен телефон е по правило нервозна? Како е утврдено дека станува збор за нервозен разговор меѓу посочените лица? Имаме јасен обид за лична дискредитација, а ваквата опсервација во комбинација со коментарите и употребата на фотографии за видна манипулација со фактите, укажува на едностраност и создава впечаток за политичка пристрансост во известувањето.

Написот завршува со репортажни наоди дека градот е блокиран и дека на терен се продаваат сендвичи и сувенири. Повторно недостигаат фотографии со кои би се илустрирале ваквите констатации, особено имајќи предвид дека текстот е најавен како фотогалерија.

Сè на сè, имаме коментаторска објава со виден обид за лична и за политичка дискредитација и со елементи на политичка пристрасност и очигледна едностраност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести