verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест употребена како куршум за „непријателот“

on 20 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-78-lr-pdsh-ne-preher-te-pacavures-se-bdi-_-http___ditari-mk_2016_05_21_lr-pds

 

Напис: ДР-ДПА во скут на потрчкото на ДУИ, српски „Журнал“!

Генералниот секретар на ДР-ДПА, Арбен Таравари, и сопственикот на порталот „Журнал“ познат меѓу Aлбанците како портал на владината ДУИ, денеска ручале заедно, известува „Факте“.

Објавената фотографија ја придружува текстот: „Многу дебатираме, но нека остане меѓу нас… Важно е што на крајот имаме исти цели… Албанците да станат фактор во земјава“.

Честитаме за соработката. /ФАКТЕ.Нет

 

[Рецензија: ДР-ДПА во скут на потрчкото на ДУИ, српски „Журнал“!]

Има многу случаи кога медиумите прават вест само со една фотографија, во која некоја јавна личност е фатена во незавидна ситуација или и кога некој негов гест или дело изгледа недолично. За ваков вид вести, секако, има голем број кликнувања. Обично се од еден фоторепортер, кој се нашол на вистинското место во вистинско време. Но, таквите фото-вести ја губат информативната вредност за јавноста кога наместо со факти, се придружувани со неетички јазик, навреди и со непрофесионален пристап.

 

[Recension: LR-PDSH në prehër të paçavurës së BDI-së, Zhurnal Sërbski!]Линк до оригиналниот напис: ДР-ДПА во скут на потрчкото на ДУИ, Журнал Српски!

Датум и време на објавување: 21.05.2016

Датум на рецензирање: 10.10.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Кај фотографијата врз која се основа текстот, се забележуваат неколку лица што ручаат заедно. Меѓу нив е и Арбен Таравари од ДР-ДПА и сопственикот на медиумот „Журнал“. Изгледа како една сосема вообичаена средба меѓу нив двајца во еден сосема вообичаен неформален амбиент. Можеби и не е така, но за да се докаже ова, новинарот пред јавноста треба да открие факти за своите тврдења. Без факти, оваа фотографија во себе не претставува никаква вест, без разлика од кој аспект се анализира.

Но, еве да речеме дека по секоја цена, од ништо треба да извадиме нешто. И ова е еден не малку познат метод за многу медиуми по светот. Доколку е сместена во соодветна рубрика, може да се употреби и некоја тенка шега, давајќи ѝ до знаење на јавноста дека станува збор за шега. Но, ова не е случај и со овој текст.

Почнувајќи од насловот, навистина станува зор за обвиненија и за многу тешки навреди. Еден професионално зрел новинар никогаш не би го ставил овој наслов, макар и некој да му го порачал, ветувајќи му и парична компензација или други добивки. „Журнал“, медиумот кој е ставен на „нишан“ овде, без двоумење е проценет како „потрчко на ДУИ“ и „српски Журнал“. Значи, станува збор за две обвиненија, за кои ако споменатиот портал одлучи да покрене тужба на суд, дури и со не толку способен адвокат би го добил тој судски спор.

Гледајќи само од аспект на новинарската етика, да го наречеш некого што работи во твојата професија „потрчко“ на една политичка партија, треба да имаш факти. Зборуваме за факти поставени во веста. Било изјава од некого, било некој документ што ги потврдува врските на еден портал со една политичка партија… Но вака како што е, не оди.

Најважно, затоа што тука има коментар, што априори е професионален прекршок во информативните жанрови, а потоа, тука е и навредливата фраза, што е чист етички прекршок.

Другиот термин што, исто така, се употребува во насловот, „српски Журнал“, е нешто што може да се категоризира како чист говор на омраза! Значи, од една страна недостига потврдување на ова обвинение дека „Журнал“ е српски портал или дека работи за туѓи интереси и, второ, има јасни ксенофобни нијанси. Независно од историскиот однос на албанскиот со српскиот народ, не треба да се искористи таков момент за да се прикаже апстрактен гнев. Ова е неоправдано секогаш, ако зборуваме низ призмата на новинарството и на известувањето низ вестите.

Текстот што ги придружува оваа фотографија и овој наслов, не поседува ниеден вид описна информација за фотографијата, туку едноставно го толкува тоа што јавноста го гледа гледајќи ја самата фотографија. Цитиран е и статусот што е напишан на „Фејсбук“ од страна на лицата што ја објавиле фотографијата. И, на крај, уште нешто. Тој статус нема врска со насловот на овој текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Фотографија

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести