verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Иронија и „сиромашна“ пропаганда наместо новинарство

on 20 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-82-koalicioni-i-varfer-xhepat-bosh-as-p_-http___www-tetovasot-com_2016_10_k

 

Напис: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!

Откако лидерите на трите политички партии, Зијадин Села од ДР-ДПА, Гзим Острени од Унитети и Весел Мемеди од НДП, денеска го потпишаа договорот за соработка и за прва коалиција на Албанците за парламентарните избори закажани за 11 декември, тоа што паѓа в очи е празната маса на лидерите и, како што се гледа, тие ја почнуваат предизборната кампања со сиромаштија, известува „Тетова сот“.

На сликата на порталот „Тетова сот“ се гледа јасно дека тие својата коалиција и својата соработка ја почнуваат без бериќет.

Како што се гледа на фотографијата, се претпоставува дека овие чекаат да станат дел од новат влада и да ја наполнат масата со месо.

 

 

[Рецензија: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!]

Информацијата треба да се направи вест, а не за неа да се даде едно погрешно толкување. Новинарот има право да иронизира во содржинскиот дел на веста, но не и да банализира толкувајќи фотографии и да го дефокусира вниманието од главното прашање што се третира во веста.

Содржината што ја рецензираме не нè информира за настанот за кој се собрале три политички субјекти, туку за тоа што се случило „пост фестум“ или, пак, за тоа што имало или немало на нивната маса. Ова не само што не претставува вест, туку кога станува збор за една празна маса, не е ни интересно за јавноста.

„Откако лидерите на трите политички партии, Зијадин Села од ДР-ДПА, Гзим Острени од Унитети и Весел Мемеди од НДП, денеска го потпишаа договорот за соработка и за прва коалиција на Албанците за парламентарните избори закажани за 11 декември, тоа што паѓа в очи е празната маса на лидерите и, како што се гледа, тие ја почнуваат предизборната кампања со сиромаштија, известува „Тетова сот“.

lrpdsh_uniteti_rdk_2

Линк до оригиналниот напис: „Сиромашна“ коалиција, немаат пари ни за кафе!”

Датум и време на објавување: 19.10.2016

Датум на рецензирање: 19.10.2016

Рецензент: Адриан Керими

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите“,

„Известувањето за политичките процеси треба да биде непристрасно и балансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“ – Етички кодекс на новинарите.

„На сликата на порталот „Тетова сот“ се гледа јасно дека тие својата коалиција и својата соработка ја почнуваат без бериќет. Како што се гледа на фотографијата, се претпоставува дека овие чекаат да станат дел од новат влада и да ја наполнат масата со месо“.

Во текстот, освен коментарите, очигледна е и политичката пристрасност. Уште од првите редови, па и од самиот тенденциозен наслов, на читателот му е јасно дека во заднина стои еден неоснован напад и несолена иронија, која авторот ја искажал во неколку редови и што за цел ја има идејата јавноста да не се информира за суштината на настанот, туку да се дефокусира вниманието кон неважни работи.

Тенденциозната цел на авторот и намерата да се дефокусира јавноста од актуелните прашања се докажуваат и со лошото составување на веста, односно лошиот придонес од професионален аспект. Во текстот нема цитати, извори, ставови и други слики од настанот, иако авторот бил на местото на настанот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести