verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

СEMM ги отфрла шпекулациите околу причините за разрешување на Лидија Богатинова

на 8. 04. 2015 | | sq
  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ги отфрла шпекулациите што во текот на вчерашниот и на денешниот ден се појавија во некои медиуми околу причините за разрешување на Лидија Богатинова како член на Комисијата за жалби при Советот, се вели во реакцијата на оваа организација. Богатинова е разрешена од Комисијата  за жалби при СЕММ поради неактивност во работењето на Комисијата и неучество на нејзините седници. Тоа е во спротивност со член 2 од деловникот за работа на Комисијата за жалби при СЕММ, според кој членот на Комисијата може да биде разрешен од должноста ако неоправдано не присуствувал на три седници. Во тек е постапка за избор на нов член на Комисијата за жалби при Советот за етика

Формиран „Новинарски пленум“

на 24. 03. 2015 | | sq
Повеќе истакнати новинарски имиња го формираа „Новинарски пленум“. Во продолжение ви го пренесуваме првото официјално соопштение на пленумот, објавено на официјалната фејсбук-страница, која можете да ја поддржите на следниот линк.   Зошто Новинарски пленум? Пленумот стана симбол за граѓанско будење и покренување акции за промена на состојбите во државата. Студентите како најпрогресивна сила во општетството со право станаа предводници на тие промени, на кои се приклучуваме и ние. Соочени со сложеноста на ситуацијата во државата во која информирањето на јавноста игра огромна улога, чувствуваме потреба да не стоиме на страна од случувањата и да ја потенцираме одговорноста во вршењето на новинарската професија. Во моментот со упад во професијата и злоупотреба на новинарските принципи се случува „злосторство во ударните термини“. Јавноста

ЕУ награда за истражувачкото новинарство. Конкурирајте!

на 24. 03. 2015 | | sq
  Сите новинари кои во 2014 година продуцирале и објавиле истражувачки стории поврзани со злоупотреба на моќта и со прекршување на основните права, корупција и со организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 23 април 2015 година. Наградата е воспоставена од Европската комисија, поконкретно од Директоратот за проширување, во согласност со Стратегијата за проширување на ЕУ, која ја идентификува потребата од обезбедување слобода на изразување во медиумите и потребата за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на процесот на реформите. Целта на наградата е да ги истакне и промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во

Најавите за тужби, закана за слободата на медиумите

на 15. 03. 2015 | | sq
Најавата на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, дека ќе го тужи секој медиум кој, според него, „клевети и навредува“, е обид за ограничување на слободата на говорот во Македонија. Уште повеќе што денес во Македонија просторот за критична дебата и за слободно изразување на мислењата е ограничен како никогаш досега. Најавите за таквите потези само го зголемуваат притисокот врз малкуте слободни медиуми и ги стимулираат цензурата и самоцензурата. Ако Груби се чувствува навреден или оштетен, има соодветни начини и процедури, кои ги спречуваат и поправаат евентуалните девијации во медиумите, без да има потреба од непосредни закани со тужби. Имајќи го предвид фактот дека и судовите во Македонија, според сите релевантни извештаи, се под влијание на политиката, не треба да се

Неовластеното прислушување е неуставно и кривично дело

на 10. 02. 2015 | | sq
  Фондацијата „Метаморфозис“искажува огромна загриженост поради јавно достапните наводи за масовно и неовластено следење на граѓаните, остварено преку злосторничко здружување со злоупотреба на службена положба во државни институции и/или влијателни корпорации. Потсетуваме дека заштитата на приватноста, вклучувајќи ја и заштитата на личните податоци, но и многу поширок круг човекови права што се однесуваат на слободата и на достоинството, кои може да бидат загрозени со прислушување, е заштитена со Уставот на Република Македонија, според кој прислушувањето без судски налог е забрането: Член 17 Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење. Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за

Aмбасадата на САД бара правно објаснување од Обвинителството кога една информација се третира како службена тајна

на 6. 02. 2015 | | sq
Фото: Mike Mozart, 2014   Амбасадата на САД во Скопје ги повика властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата на Јавното обвинителство од 3 февруари, поконкретно определувајќи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности. Амбасадата на САД истакнува дека со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на

НВО Инфоцентар објави мониторинг на известувањето на МРТ за Кежаровски, СОНК и за Заев

на 4. 02. 2015 | | sq
НВО Инфоцентарот, во рамките на својата програма за постојан мониторинг на медиумите,  а во соработка со Центарот за развој на медиуми, подготви анализа за информирањето на јавниот радиодифузен сервис за случајот Кежаровски, за штрајкот на СОНК и за кривичната пријава против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во периодот од 15 до 21 јануари 2015 година, беа мониторирани случајот Кежаровски и штрајкот на СОНК, а на 31 јануари беше мониторирано известувањето на МРТ за кривичната пријава против лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Македонската радиотелевизија, целосно и во континуитет, потфрла во својата улога на јавен радиодифузен сервис на граѓаните на Република Македонија. Ниту во случајот Кежаровски, ниту во случајот со штрајкот на СОНК, ниту, пак, во случајот со кривичната пријава против

Балкански стипендии за новинарска извонредност за 2015 година

на 29. 01. 2015 | | sq
Отворен е процесот на аплицирање за Балканските стипендии за новинарска извонредност. Последниот рок е 25 февруари. Вие сте добри, но би сакале да достигнете извонредност, да бидете професионалци на светско ниво? Ова е прв чекор за да напредувате во вашата кариера. Не испуштајте ја можноста да добиете професионална поддршка по највисоки стандарди, да работите со искусни уредници и новинари од регионот и пошироко, да посетувате семинари за развој на кариера и да си ја видите сторијата публикувана низ цела Европа. Искусни новинари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Грција и од Србија можат да аплицираат за осмиот повик за стипендии за новинарска извонредност. Секоја година, десет новинари се избираат преку отворен конкурс за да

Верификување содржини од социјални медиуми

на 26. 01. 2015 | | sq
  Подготвено од тимот на „Глобал војсис“, објавено на Викито на „Глобал војсис“ под лиценцата ГНУ ФДЛ.   Лажирање содржини на интернет е можно, а во некои случаи и лесно. Исто така, може да биде тешко да се пронајдат оригиналните извори на содржини објавени на интернет. Ако вашите извори се од интернет, важно е да се обидеме да потврдиме дека содржините генерирани од корисници што ги користите при известување се

НВО Инфоцентар: МРТ ги маргинализира и етикетира студентските протести, го прикрива скандалот со Субрата Рој

на 24. 01. 2015 | |
НВО Инфоцентар, во рамките на својата програма за постојано надгледување на медиумите, подготви анализа за информирањето на Јавниот радиодифузен сервис за актуелните општествено-политички случувања во земјава. Оваа анализа содржи две студии на случај – пропаѓањето на инвестицијата на Субрата Рој во Македонија и масовните студентски протести. Првата студија на случај претставува компаративна анализа за начинот на кој известуваше јавниот сервис во јули 2013 година, кога беше најавено влегувањето на „Сахара груп“, и во ноември 2014 година, кога беше објавено активирањето на банкарската гаранција. Втората студија на случај претставува анализа на информирањето на Македонската радиотелевизија за трите студентски протести против владините реформи во високото образование, кои се случија во декември минатата година. Надгледувањето и анализата на прилозите за студентските протести и

Претплатете се за најнови вести