verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Средба со медиумите на албански јазик денес во Македонија

на 1. 11. 2015 | | sq
Десетина новинари од неколку медиуми, онлајн и пишани, национални и локални телевизии, учествуваа на средбата „Албанските медиуми денес во Македонија“, што беше организирана од Фондацијата „Метаморфозис“. Целта на ова средба беше промовирање на Проектот  за проверка на факти во медиумите и неговата важност, особено придонесот што ја дава оваа иницијатива со цел да се зголеми свеста на јавноста за професионалното новинарство, но и како помошна алатка за самите медиуми за почитување на новинарските стандарди. На средбата се диксутираше околу реалноста на албанските медиуми во Македонија, при што, од присутните новинари и уредници, во фокусот беа постигнувањата, но и предизвиците на новинарството на албански јазик во Македонија. На средбата се дискутираа и заедничките чекори за да се овозможи натамошен развој на

КОНКУРС: новинари, видеорепортери, камермани, видеодизајнер – Агенција „Мета“

на 28. 10. 2015 | | sq
    Новинската агенција „Мета“, проект на Фондацијата за интeрнет и општество „Метаморфозис“, има потреба од хонорарни соработници во градовите низ Македонија:
  • 6 (шест) новинари – видеорепортери
  • 6 (шест) камермани
  • 1 видеодизајнер – графички уредник (во Скопје)
Заинтересираните мотивирани кандидати треба да испратат куса биографија со предлог-теми на кои би сакале да работат видеоприлози на konkurs@meta.mk, најдоцна до 10 ноември. Искуството не е одлучувачко, но работата и соработката со локалните медиуми ќе се сметаат за предност.  

Се одржа обука за медиуми против говор на омраза во Струмица

на 22. 10. 2015 | |
На 20 октомври во Струмица се одржа третата обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 25 претставници на медиумите како и локални медиуми кои ја пренесоа веста за оваа обука. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.   На оваа обука беа опфатени следните теми:
  • Вовед на темата говор на

Успешно одржана обука во Струга за справување со говорот на омраза

на 16. 10. 2015 | |
На 14 октомври во Струга се одржа втората обука од серијата обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На оваа едно-дневна обука присуствуваа 16 претставници на медиумите како и неколку локални медиуми кои ја пренесоа веста за оваа обука.   Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите. На оваа обука беа опфатени следните теми:
  • Вовед на темата говор

Информациите без јавен интерес, не вредат

на 10. 10. 2015 | | sq
[Рецензија: „Кој ја менаџира страната на „Балистот Морина„ кој што има почит за Мендух Тачи?„]   Псевдовестите се користат за да го пополнат медиумскиот простор тогаш кога нема поважни работи за објавување. Уште полошо е кога псевдовестите се камуфлираат во „облека“ на важни вести и самиот автор се губи во нив, бидејќи ниту нему не му е јасно зошто е важно да се објават. Линк до оригиналниот напис: „Кој ја менаџира страната на „Балистот Морина“ кој што има почит за Мендух Тачи?„ Датум на објавување: 05.10.2015 Датум на рецензија: 07.10.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Текстот што го рецензираме претставува пример за обид да се направи вест со наслов што привлекува внимание, но нема извори, нема изјави и, пред сè, не се

Одржана обука за справување со говор на омраза

на 9. 10. 2015 | |
На 07.10.2015, во Хотел Stone Bridge се одржа првата од серијата обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали, организирана од фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите. На оваа обука присуствуваа 23 претставници од медиумите од различни градови. На оваа обука беа опфатени следните теми:
  • Вовед на темата говор на омраза
  • Правни рамки поврзани со говорот на омраза
  • Напорите

Обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера

на 30. 09. 2015 | | sq
Почитувани, Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје упатуваат повик за пријавување учесници за обуки за справување со говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и за администратори на веб-портали.  Целта на обуките е да придонесат за зајакнување на капацитетите на интернет-медиумите во Македонија за препознавање и за спротивставување на говорот на омраза и на говорот што поттикнува насилство и криминал  од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со „Сервисот за проверка на факти од медиумите“. Обуките ќе се одржат во текот на октомври 2015 година на следните датуми и локации:
  • 7 октомври (среда) во Скопје,  хотел „Стоун бриџ“
  • 14 октомври (среда) во Струга,  хотел „Дрим“
  • 20 октомври (вторник) во Струмица,

ЗНМ: САД и ЕУ со осуда на насилството кон новинарите

на 17. 09. 2015 | | sq, en
Здружението на новинари на Македонија на 17 септември 2015 година го објави следното соопштение: Пред еден месец, Здружението на новинарите на Македонија, соочени со ескалацијата на насилството против новинарите и со неодговорното и непрофесионалното однесување на Министерството за внатрешни работи, испративме писмо до сите релевантни организации каде Македонија е полноправна членка, како што се Обединетите нации, Советот на Европа и Ораганизацијата за безбедност и соработка во Европа, како и до најбитните партнери на Македонија, како што се Соединетите Американски Држави и Европската комисија. Во писмото ги алармиравме овие организации и држави дека насилството против новинарите зазема драматични размери и побаравме веднаш да интервенираат кај македонските власти да обезбедат сигурност во извршувањето на работата на македонските новинари и да не дозволат

„Транспарентност Македонија“: Нема напредок во медиумските слободи

на 14. 09. 2015 | | sq
Новиот билтен на „Транспарентност Македонија“ (ТМ) за месеците јули и август се осврнува на случувањата во власта кои предизвикаа големи реакции во јавноста, известува „Плус инфо“. Билтенот се осврнува на луксузниот живот на премиерот, непријавување на имотна состојба на функционери на власт, ребаланс на буџетот на РМ, како и проблемите на новинарите и неразмните јавни трошења. За јули и за август ТМ вели дека за новинарите поминале без подобрувања: „Овие месеци минаа без суштински напредок во најголемиот број истраги околу тешките кривични дела на насилство против новинари или уништување на имот во сопственост на новинари или други критичари на власта. За потсетување, од април до денес, се случија дваесетина физички напади врз новинари и неистомисленици со власта (од кои некои

ЕУ мора да внимава на Груевски за реформите

на 2. 08. 2015 | |
  Ерван Фуере. Фото: OSCE/Igor Schimbator, 2012  

Владината култура на одрекување кога станува збор за наводите за прислушување дава малку надеж дека таа ќе го почитува договорот од 15 јули.

  Пишува: Ерван Фуере, Балкан инсајт Брисел   Поминаа шест месеци откако лидерот на главната опозициска партија во Македонија обелодени докази за наводна корупција во Владата на Никола Груевски, која се однесува на масовното прислушување. Степенот на наводна корупција

Претплатете се за најнови вести