verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Јавен повик за набавка на услуга: Веб-апликација за архивирање медиумски содржини

на 16. 07. 2015 | | sq
Фондацијата „Метаморфозис“ објавува јавен повик за набавка на услуга веб-апликација за архивирање медиумски содржини. Повикот е во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од „Метаморфозис“. Проектот има цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување интернет-алатки и ресурси за јавна едукација и за подигнување на јавната свест. Целта на набавката е изработка на веб-апликацијата за архивирање содржини од медиумите што ќе овозможи зачувување на содржините од веб-страниците кои се селектирани од корисници и автоматски избрани веб-страници, како и нивна автоматска обработка. Официјалната комуникација во

Власта создава атмосфера на линч: Пешевски веднаш да поднесе оставка!

на 16. 07. 2015 | | sq
Фронтот за слобода на изразување, НВО Инфоцентар, Хелсиншкиот комитет за човекови права, „Метаморфозис“, „Цивил“, „8 Септември“, Македонскиот центар за европско образование, „Плоштад Слобода“, Центарот за современи уметности, „Окно“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, изразуваат голема загриженост поради се почестите напади врз новинари, сопственици на медиуми и на граѓански активисти кои имаат критички однос спрема власта и нејзините политики, се вели во соопштението објавено на 16 јули. Потписниците објавија: Вчерашниот физички напад на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски врз сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, но и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, претставуваат јасен и недвосмислен показател за атмосферата на линч и на насилство во општеството, која постојано ја создаваат и ја засилуваат власта и нејзините приврзаници. Вицепремиерот Пешевски, како висок

Советот за етика го осудува физичкиот напад, бара одговорност од Пешевски

на 16. 07. 2015 | | sq
Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудува физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот и уредник на интернет-порталот „Мактел“, Саше Ивановски. Во соопштението, објавено на 16 јули 2015 година, Советот истакнува: Како тело кое е одговорно за воспоставување на процесот на саморегулација во македонските медиуми, залагајќи се за што повисок степен на одговорност кај новинарите и за почитување на новинарските стандарди во нивното известување, се прашуваме – како истите да се наметнат во општество во кое носителите на јавна функција физички напаѓаат поради поставено прашање!? За да се очекува новинарите да бидат максимално професионални и етични во своето известување, апсолутно дека треба да има демократска клима во која функционерите ќе бидат начисто со фактот дека трошат

Новите диктатори: Владеење со дезинформирање

на 5. 07. 2015 | |

 

Како функционира и кои се целите на авторитарната пропаганда во 21 век? Како се манипулира јавноста во земјите во кои владеат авторитарни режими? Како се „маскира“ вистината или како таа се прави ирелевантна или се префрла во втор план зад забавата и зад сеењето страв. Како се корумпираат и се заплашуваат медиумите? За сето ова пишува Питер Померанцев, еден од водечките експерти за авторитарната медиумска пропаганда на почетокот

Радио МОФ: Повик за учество на новинарска работилница на „Д фестивал“

на 30. 06. 2015 | | sq
Радио МОФ во соработка со „Д фестивал“ организира „Радио МОФ медиа деск“, новинарска работилница што ќе се одржи во Дојран од 17 до 19 јули. Работилницата ќе функционира за време на трите фестивалски денови, од 12 до 18 часот и ќе преставува редакција од млади новинари кои под уредништвото и под менторството на новинарот Жарко Настоски ќе пишуваат за музичките настапи на: Ману Чао, Вилкинскон, Џајковски и Ти-Кеј Вондер, „Бед копи“, „Љубојна брас фантази“, „Фолтин“, „Електрични оргазам“,„ЗАА“, „Културно-уметнички работници“, „Фулиш грин“, „Бла бла бла“, „Баилдса“, „Пи-Ем-Џи Колектив“, „Драменбрас трио“, „Ретро кабаре“, „Опатница“, „Новиот почеток“, „Фјурион“, „Поинт бленк“, „Џун“, „Брука бенд“ и многу други, кои ќе настапуваат за време на „Д фестивал“. Младите новинари ќе имаат задача да пишуваат и за

Покана за промотивен настан: „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“

на 1. 06. 2015 | | sq
 

4 јуни 2015, четврток, 11 – 12.30 часот, Клуб на новинари, Скопје

  Како отворените податоци може да им помогнат на граѓанските организации, медиумите, активистите и на државните институции во унапредување на јавниот интерес? Фондацијата „Метаморфозис“ Ве поканува на промоцијата на веб-страницата на „Школа за податоци – Македонија“, како дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, која ќе се одржи во четврток, 4 јуни 2015 година,

Најава за годишно собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

на 27. 05. 2015 | | sq
Редовното годишно собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ќе се одржи на 27 мај (среда), со почеток во 11 часот, во хотелот „Квинс“, Трговски центар „Зебра“, Скопје. СЕММ е саморегулаторно тело за унапредување и за заштита на професионалните стандарди и на етиката во медиумите во Република Македонија, преку примена на морални санкции кон тие што не ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите. Целите на СЕММ се: – Заштита на слободата на медиумите и на правото на јавноста да биде информирана;
– Спречување на влијанието на државата, политичките партии и на другите центри на моќ врз медиумите;
– Штитење на интересите на јавноста преку обезбедување независен ефикасен и правичен процес на решавање на поплаки за

Работилница/натпревар на тема „Моето прво мини-видео”

на 12. 05. 2015 | | sq, en

  Францускиот институт во Скопје, фондацијата „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија ве покануваат да учествувате на работилницата „Моето прво мини-видео“ и, на тој начин, да земете учество и на самиот натпревар. Работилницата и натпреворот „Моето прво мини-видео“ се организираат во рамките на осмото издание на Фестивалот на француски филм@fff.mk Работилницата „Моето прво мини видео“ ќе се одржи в среда, 20 мај, и в четврток, 21 мај 2015 госдина, од 17 до 20 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр.18) и ќе ви овозможи да направите мини-видео со помош на вашиот мобилен телефон. Целта на работилницата е подготовка за изработка на сценарио и добивање технички совети околу реализацијата на мини-видеа со мобилен телефон.

Повик за млади новинари, фоторепортери и блогери: „По стапките на Албер Лондр“

на 4. 05. 2015 | | sq
Граѓаните на Македонија кои ги интересира истражувачко новинарството или фоторепортерството ги повикуваме да ни се придружат на патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“. Овој патувачки семинар ги спојува сите видови новинарство и им дава можност на студенти по новинарство или комуникација или млади професионалци да истражуваат за Првата светска војна на Балканот. Семинарот е инспириран од писанијата на новинарот репортер Албер Лондр и се одржува веќе четири години низ Балканот и во Франција. Во рамки на годинашниот семинар насловен „По стапките на Источниот фронт“ предвидени се патувања во Македонија, Албанија и во Грција по стапките на војниците кои се бореле на Балканот. Семинарот „По стапките на Албер Лондр“ ќе се одвива од 1 до 20 август 2015 година и

Денеска напладне, протестен собир за враќање на погребниот венец испратен до новинарот Јовановски

на 22. 04. 2015 | | sq
Новинарите и „Новинарски пленум“ на 22 април, точно напладне, пред објектот на Владата ќе го вратат погребниот венец што вечерва му беше доставен на Борјан Јовановски, новинар и уредник на „Нова ТВ“, во неговиот дом, извести агенцијата „Мета“. На овој начин новинарите ќе покажат дека не му се плашат на нарачателот на овој грозоморен чин, кој вечерва го вознемири семејството на Јовановски. Новинарите ги повикуваат своите колеги и сите граѓани

Претплатете се за најнови вести