verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Протестот за Кежаровски е бунт против политиките на власта

на 20. 01. 2015 | | sq
Скопје, 20 јануари, 2015 (META)  – Неколку стотини новинари, граѓани и студенти кои денеска излегоа на протест против пресудата за новинарот Томислав Кежаровски, својата огорченост и осуда ја искажаа пред Владата, местото каде, според нив, е скроена неправедната одлука за затворање, а потоа и за привремено ослободување на новинарот. Со маски со ликот на Кежаровски на своите лица, транспаренти и со свирежи, протестот почна пред Апелацискиот суд Скопје, со испишување на слоганот „Слобода за Кежо“ на бела ткаенина, поставена на тлото, пред вратите на судот. Тамара Чаусидис, од Самостојнот синдикат на новинари, го најави доаѓањето на Кежаровски, кој утрово ненадејно беше пуштен од затворот „Скопје“. Емоциите се измешаа кога тој дојде пред судот со семејството. – Томче е со нас.

ССНМ ги повикува новинарската бранша и граѓаните на марш во чест на „Шарли ебдо“

на 11. 01. 2015 | | sq
Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) в недела, на 11 јануари 2015 година, во Паркот на новинарите во Скопје (спроти зградата на некогашната НИП „Нова Македонија“) во 15 часот, организира собир во чест на убиените новинари и на другите жртви во Париз. Собирот е инициран од повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари и на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно в недела, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во Париз во просториите на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“. ССНМ се придружува на повикот и ја повикува новинарската банша и граѓаните

Омаж за загинатите во француската амбасада

на 8. 01. 2015 | | sq, en
Скопје, 8 јануари, 2015 (META)  – Во Амбасадата на Република Франција во Скопје, денеска се одржа омаж за загинатите во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“ во Париз. Амбасадорката Лоренс Оер истакна дека денеска е ден на нацонална жалост во Франција и во дипломатските и конзуларни претставништва на нивната држава. Таа вчерашниот напад го оцени како кукавички напад и подмолен чин, во кој животот го загубија 12 лица. – Познати карикатуристи од францускиот печат, новинари, вработени и двајца полицијаци се во редот на жртвите. Тие паднаа од куршимите на омразата и на нетолеранцијата. Во Франција, „Шарли ебдо“ ја отелотворува слободата на изразување на сите можни теми. Интелектуалната провокација е суштинска за градењето на нашата мисла, на нашата демократија. Цртежнот, хуморот

Пропагандата во врска со #СтудентскиМарш

на 16. 12. 2014 | |
Презентираме дел од написите во кои се рецензирани или анализирани медиумски производи поврзани со студентските протести против екстерното тестирање. Анализи:
  • Барањето објаснување е една од алатките за контрола на власта
  • Зошто не го прашаат Груевски?
Новинарски лекции:
  • ТВ-дневник: Студентите во стаклен ѕвонец
  • ТВ-дневник: Mожни инвестиции поважни од илјадници студенти на улица
  • ТВ-дневник: Вести со портокалови нијанси
  • ТВ-дневник: Премиерот и баба Ванѓа
  • ТВ-дневник: Професионалното новинарство сѐ уште тлее во Македонија
Колумни:
  • Екстерно: Образованието во канџите на власта
Рецензии:
  • Рецензија: Државата со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина
  • Рецензија: Либертас и Кабранов не им наплаќаат на студентите бидејќи се иста структура
  • Рецензија: Кој се’ од СДСМ и од СОРОС се појави на студентските протести
  • Рецензија: Студентите во САД

„Сервис за проверка на факти во медиумите“ стигна до бројката од 20.000 „допаѓања“ на „Фејсбук“

на 3. 12. 2014 | | sq


Нашата читателка Мартина Несторовска пред четириесетина минути ни го обезбеди 20.000-тиот „лајк“ на фејсбук-страницата на „Сервис за проверка на факти во медиумите“.  Сите Вам кои редовно нè следите во напорите да ги подигнеме новинарските стандарди во Македонија и да обезбедиме едукација која треба да помогне граѓаните да препознаваат и да избараат квалитетни и професионални новинарски производи во медиумите, Ви благодариме. Овие 20.000 допаѓања се постигнати во период од

Сторија од Македонија, добитник на меѓународна награда

на 27. 11. 2014 | | sq
Сторија на реномираниот новинар Саше Димовски освои специјална награда на Форумот за медиуми кој од 13 до 15 ноември се одржа во Подгорица. Истражувачката сторија насловена „Медиумските донации за политичките партии и сопственичките структури како потенцијален извор за корупција во македонските медиуми“ (Media donations to political parties, and ownership structures as a potential source of corruption in the Macedonian media) е направена со поддршка на проектот Медиумска опсерваторија за Југоисточна Европа (South East European Media Observatory Project). Написот покажа дека одредени медиуми играат улога на најголеми спонзори на политичките партии во Македонија, користејќи различни методи, меѓу кои и донации во текот на последната предизборна кампања. Сторијата, исто така, разоткри важни информации за офшор-компаниите поврзани со сопственици на медиуми. „Оваа награда

Телевизиите формираа Македонска медиумска асоцијација

на 26. 11. 2014 | |
Скопје, 25 ноември, 2014 (META)  – Националните телевизии „Телма“, „Канал 5“, „Сител“, „Алсат-М“ и „Алфа“ денеска формираа Македонска медиумска асоцијација (ММА), која ќе биде дел од Стопанската комора на Македонија.
Во оваа асоцијација ќе можат да членуваат и телевизиите и новинарите вработени во нив.  За претседател е избран Иван Мирчевски, генерален директор на „Канал 5“, а за заменик Атанас Кировски, главен и одговорен уредник на „Телма“. Правилникот за работа на асоцијацијата што досега функционираше како групација, според најавите, ќе биде готов за 15 дена. – Станува збор за асоцијација која, пред сè, има цел да ги сублимира нашите заложби и детектирани проблеми  во системот, во законите – рече Мирчевски на прес-конференција. Според Кировски, на асоцијацијата не треба да се гледа

Презентација на публикацијата „Тестирање ситуација – метод за докажување дискриминација“

на 21. 11. 2014 | |
Хелсиншкиот комитет за човекови права, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијатa „Отворено општество – Македонија“ организираат настан за запознавање со методот на тестирање ситуација и презентација на подготвената публикација „Тестирање ситуација – метод за докажување дискриминација“, кој ќе се одржи на 25 ноември 2014 година во ЕУ Инфо-центарот, со почеток во 14 часот. Тестирањето ситуација претставува метод што се користи во случаи на дискриминација во кои недостигаат факти и докази и е тешко да се докаже. Тестирањето ситуација вклучува употреба на организирани актери или апликанти за да се истражи појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области врз различни основи. Тој е особено соодветен за случаи на директна дискриминација, што е често скриена зад разни изговори

Дебата: Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?

на 5. 11. 2014 | |
  Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на  проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, на 7 ноември  2014 година (петок), во Клубот на новинарите, со почеток во 11 часот, организира дебата „Навредата и клеветата – јамка за слободата на изразување?“ Како панелисти ќе учествуваат: директорката за право на „Медиа легал дифенс инишијатив“ (Media Legal Defence Initiative – MLDI) од Лондон, Нани Јансен, адвокатот Филип Медарски, уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, уредникот на „Слободен печат“ и на „Плусинфо“, Бранко Героски, уредникот на порталот „Либертас“, Ацо Кабранов, новинарот Синиша Станковиќ и претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани.

Форум за медиумите во Југоисточна Европа, Скопје 16 и 17 октомври

на 16. 10. 2014 | |
На 16 и 17 октомври во Скопје ќе се одржи годинешниот Форум за медиумите во Југоисточна Европа, на тема “Медиумите во Југоисточна Европа – Недоволно или премногу информации”. За време на Форумот, реномирани домашни и меѓународни претставници од сферата на медиумите, граѓанското општество, државните институции и академската јавност ќе дебатираат за прашања поврзани со пристапот до информациите од јавен карактер за новинарите, новинарството базирано на податоци, приватноста и заштитата на новинарските извори и медиумската саморегулација. Посебна сесија ќе биде посветена на медиумското покривање на настаните во Украина. На отворањето на Форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи на Р.Македонија, г-н Никола Поповски, кој ќе учествува во дебатата посветена на медиумите и политиката во земјава. Меѓудругите, на Форумот

Претплатете се за најнови вести