verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Administrator

Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија

на 9. 10. 2014 | | sq
Цивил и Фондацијата Фридрих Еберт организираат дискусија на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“ во среда, 15 октомври, во ГЕМ Клуб (Скопје, Стара Чаршија), со почеток во 11:30 часот. Специјален гостин на овој настан е г. Кристијан Мир, Извршен директор на Репортери без граници Германија, кој ќе ги презентира наодите и ставовите на оваа тема. Ги покануваме новинарите, уредниците, претставниците на граѓанското општество, експертите и активистите за човекови права, како и останатите релевантни засегнати страни и институции, да земат учество во оваа модерирана дискусија. Медиумите се добредојдени да известуваат за овој настан и да ја пренесат оваа дискусија на пошироката јавност. Организаторите на настанот ќе подготват јавен извештај за наодите и заклучоците од дискусијата.

Основан Советот на етика на медиуми на Македонија

на 9. 10. 2014 | | sq
Водечките здруженија од областа на медиумите на 30 септември 2014 година го формираа Советот на етика на медиумите на Македонија како прво саморегулаторно тело на медиумите. Над триесетина претставници на електронски, печатени, интернет и регионални медиуми и претставници на Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт на медиуми, Новинарскиот синдикат и Здружението на приватни електронски медиуми на Македонија во кое членуваат над 60тина регионални и локални медиуми одржаа основачко собрание на Советот на етика на медиуми на Македонија (СЕММ), прво саморегулаторно тело на медиумите. Собранието ги избра членовите и замениците на раководните органи и го усвои Статутот на Советот. Во наредниот период Управниот одбор со консензус треба да ги избере членовите на Жалбената комисија која во иднина ќе одлучува за

Повик за солидарност за новинарите од Фокус

на 8. 10. 2014 | |
Среда, 8. Октомври 2014 – Здружението на новинари на Македонија ги повикува сите новинари и граѓани на Република Македонија  да се солидаризираат со новинарите од неделникот „Фокус“ – Јадранка Костова и Владо Апостолов, кои врз основа на пресудата на Апелациониот суд од спорот против директорот на УБК Сашо Мијалков, треба да исплатат 9.000 евра во име на нематеријална штета за клевета и судски трошоци. ЗНМ смета дека пресудата е неправедна и е директно насочена против критичното новинарство, која е суштинска потреба за функционирањето на македонската демократија. Колегите не се во можност да го исплатат надоместокот, затоа ЗНМ упатува повик за мобилизирање и солидаризирање на членството, новинарската заедница и јавноста во Македонија. Сметаме дека нашата поддршка ќе придонесе да опстои слободната

Зошто е толку бројна охридската медиумска сцена

на 19. 09. 2014 | |

Се поставува прашањето како опстојуваат, да речеме, мноштвото охридски портали? Како финансиски се издржуваат? Кој сѐ ги финансира и поддржува? Одговорот треба да се бара  во нивната едноставност. Најчесто се тоа човек – медиум појави. Содржините ги полнат, најчесто по „копи-пејст” систем, нешто продуцираат самостојно.

  Пишува: Веле Митановски   Охрид ја има ако не најбројната, тогаш една од, квалитативно најдобрите медиумски заедници во земјата. Веројатно, истото може да се

Евроскептицизмот на медиумите и власта ја прави Европа сè подалечна

на 17. 09. 2014 | |
 

Евроскептицизмот во медиумите се засили особено со последната  економска криза во заедницата, но и со постојаното одложување на нашите очекувања. Низ написите се сугерира дека ЕУ и не е некој келепур, дека парите кои ги очекувавме нема да дојдат или ако дојдат тоа ќе биде „на лажичка“ и со многу условувања. Погледајте ја само злорадоста и евроскептицизмот кај главните новинари-пулени на власта кои систематски ја “погребуваат“ обединетата Европа и

Новинарите го сакаат Охрид барем колку и политичарите

на 2. 09. 2014 | |

Како треба, а како не треба да се пишува за Охрид? Особено во летната сезона, кога очите на јавноста се свртени кон првиот туристички и летен културен центар и втора државна столица. Му помагаат, или, пак, му одмаагаат медиумите на угостителско-туристичкото стопанство? Колку се објективни, а колку тенденциозни? Има ли злонамерност?

  Пишува: Веле Митаноски   Овие, константно присутни прашања при опсервирањето на Охрид, ова лето, помалку неочекувано, добија во

Новинарскиот леб е со седум кори, дописничкиот со една повеќе!

на 7. 08. 2014 | |
   

Се разбира дека е потребен и личен предизвик. Дописникот мора да е самоиницијативен, да предлага, да нуди. Нешто да го копка, да го тера напред.

  Пишува: Веле МИТАНОВСКИ   Ако е точна одредницата дека новинарскиот леб има седум кори, тогаш дописничкиот има барем една повеќе. Ако новинарот е универзален „незнајко”, дописникот е барем три пати!. Новинарот во централна редакција, може да се специјализира, откако ќе „почиракува” (на

Визи, азил, човекови права

на 23. 07. 2014 | |
Анализа на односот на медиумите кон прашањата на визи, азил и човекови права од проф. д-р Мирјана Најчевска, во четири дела:
  1. Визната либерализација – остварување на слободата на движење како човеково право
  2. За азилот и „лажните азиланти“
  3. За казнувањето и дискриминацијата
  4. За отсуството на заштита и префрлањето на одговорноста
 

Метаморфозис објави конкурс за репортери

на 15. 07. 2014 | |
Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, објавува конкурс за новинари – репортери за хонорарна соработка, со и без работно искуство Заинтересираните квалификувани кандидати треба да испратат куса работна биографија исклучиво по електронска пошта на: konkurs@metamorphosis.org.mk. Краен рок за пријавување: 26 јули 2014. Ве молиме без телефонски јавувања. По истекот на крајниот рок ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат повикани на разговор.

Бесмислена реакција на некои медиуми за пишувањето на Порталб

на 9. 07. 2014 | | sq
Веќе два дена, македонските медиуми блиски до македонската партија на власт и нивните сателитски портали, во полн замав критикуваат медиуми на албански јазик, нарекувајќи ги потпалувачки заради начинот на известување за случајот „Монструм“ и настаните кои следеа потоа. Неколку од овие медиуми се: Курир, Нетпрес, Република, Канал 5, Алфа, па дури и весникот Дневник отиде дотаму што веста со ваквите критики е објавена како главна вест на насловната страна. Мета на овие медиуми е и Порталб, при што како пример за поттикнување на атмосферата на насилни протести се земени два наши текста, насловени како:
  • Доколку протестите се третираат како случајот „Монструм” ситуацијата може да ескалира
  • Реакции: Случајот „Монструм“ – монтиран и планиран одамна
Овие медиуми велат дека текстовите

Претплатете се за најнови вести