verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

СEMM ги отфрла шпекулациите околу причините за разрешување на Лидија Богатинова

on 8 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ЛОГО НА СЕММ

ЛОГО НА СЕММ_2

 

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ги отфрла шпекулациите што во текот на вчерашниот и на денешниот ден се појавија во некои медиуми околу причините за разрешување на Лидија Богатинова како член на Комисијата за жалби при Советот, се вели во реакцијата на оваа организација.

Богатинова е разрешена од Комисијата  за жалби при СЕММ поради неактивност во работењето на Комисијата и неучество на нејзините седници. Тоа е во спротивност со член 2 од деловникот за работа на Комисијата за жалби при СЕММ, според кој членот на Комисијата може да биде разрешен од должноста ако неоправдано не присуствувал на три седници.

Во тек е постапка за избор на нов член на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести