verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Исплаќање на К-15 како епизода од К-15. Смешно и трагично

на 14. 08. 2014 | |
Изминатиот период  медиумите во повеќе наврати информираа за враќањето на веќе заборавениот К-15. Популарниот регрес за годишен одмор имаат обврска да го исплатат сите приватни компании (според  Договорот потпишан меѓу ССМ и Организацијата на работодавачи), и тоа во перидот од 1 јули  до 31 декември и во висина на 40 отсто од просечната плата во државата. Текстот што го рецензираме е еден од ретките написи кој се обидува да даде одговор за тоа дали и како овој договор се спроведува  во практиката. Линк до оригиналниот напис: Исплаќање на К-15 како епизода од К-15. Смешно и трагично Датум и време на објавување: 05.08.2014 Датум на рецензирање: 12.08.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ФИНТИ И „ДУПКИ“

Во написот најпрво се дава еден кус

Рецензија: Укинат е секретаријатот за проширување на Унијата на подолг рок, се до 2019 година

на 12. 08. 2014 | |
Основниот проблем со материјалот што е пред нас е во насловот: „Укинат е секретаријатот за проширување на Унијата на подолг рок, се до 2019 година“.  Тој фактички ја дезинформира јавноста дека веќе е донесена одлуката да нема еврокомесар за проширување. Имено, прилогот се темели на анализата на друг медиум, кој, пак, повикувајќи се на свои извори од Брисел, објави  дека може да се случи такво нешто (поради најавите на новиот претседател на Европската комисја, Жан Клод Јункер дека проширувањето на ЕУ ќе биде одложено на пет години). Но, тоа ќе се знае на 30 август кога Жан Клод Јункер треба да го соопшти новиот состав на ЕК. Што значи, не станува збор за „завршена работа“, каква што е пораката

Рецензија: Македонец протеран од Хрватска поради малтретирање на „фока“ на плажа

на 5. 08. 2014 | |
Прилогот што го рецензираме е еден од материјалите кои беа објавени во повеќе македонски медиуми (31.07.2014), а кои  (дез)информираа дека  средовечен Мкаедонец е протеран од Хрватска, бидејќи малтретирал фока на плажа во Пула! Всушност, станува збор за преземена вест од хрватските медиуми и пласирана во јавноста  невнимателно, без никаква дополнителна проверка. Згора на тоа,  веста е пренесена непрецизно и зачинета со коментари со кои се оцрнува личноста која се споменува. Уште во насловот се вели дека Македонецот е протеран поради малтретирање  на фоката, што не  е точно. Бидејќи хрватските власти му ја изрекле ваквата мерка поради нерегулираниот престој. Што е сосема друга работа. Подоцна се покажа и дека хрватските медиуми го предимензионирале настанот, бидејќи, како што може да се забележи

Кога вистината се топи меѓу „филот и обландите“

на 4. 08. 2014 | | sq

Спинот најчесто се дефинира како форма на пропаганда, која се прави преку таква интерпретација на одреден настан или кампања, која има за цел да го убеди јавното мислење во корист, или против одредена организација или јавна личност. Лицата кои се занимаваат со односите со јавноста тврдат дека разликата меѓу ПР и „спин“ е во два мали, но многу битни детали. ПР-от се базира на афирмација и факти, а спинот на манипулација и трикови.

  Пишува: Оливера Војновска   Колку пати само сме ги слушнале репликите: „Прочитав во весниците“  или „Видов на телевизија“! Оној кој ги кажува не остава речиси никаков простор за резерва  во вистинитоста на бомбастичната  информација која веќе ја бранува јавноста. Лавината е тргната,

Рецензија: Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи

на 1. 08. 2014 | | sq
Прилогот насловен: „Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи“, само површно се осврнува на Извештајот за верските слободи во светот во минатата година, во делот за Македонија. Овој скуден материјал спакуван во четири реченици не ја пренесува главната поента од Извештајот: „дека во Македонија се политизираат религијата и верските прашања“. Се добива впечаток како прилогот да е направен колку за да помине редот. Но, ваквиот начин на пласирање и обработка на текстот не е поради незнаење или неискство, туку сосема е извесно дека Извештајот намерно добил таков третман. Линк до оригиналниот напис: Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи Датум и време на објавување: 29.07.2014, 11:42 Датум на рецензирање: 29.07.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

Рецензија: Собранието ги донесе измените на Уставот

на 22. 07. 2014 | |
Текстот што го рецензираме, преку насловот: „Собранието ги усвои измените на Уставот“, фактички, во јавноста  пренесува невистинита  информација: парламентот на седницата одржана на 16.07.2014 донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот. Или, поедноставно кажано даде согласност да започнат уставните измени, со кои, меѓу другото, бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена. Линк до оригиналниот напис: Собранието ги донесе измените на Уставот Датум и време на објавување: 16.07.2014, 17:24 Датум на рецензирање: 21.07.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ГРЕШКА

Текстот се повикува на  на собраниската седница од 16 јули, на која  со двотретинско мнозинство беше изгласана Одлуката за пристапување кон измена на Уставот. Во него е наведено и дека тоа го констатирал претседателот на  Собранието, кој посочил дека  Одлуката

Рецензија: Премиерот стави под напон две инвестиции вредни 4 милиони евра

на 18. 07. 2014 | |
Во текстот што е пред нас паѓа во очи насловот: „Премиерот стави под напон две инвестиции вредни 4 милиони евра“. Тој е основниот проблем во написот. Прозвучува како претседателот на Владата да ги стартувал двете електроенергетски инвестиции! Од кои едната е трансформатор, а другата  далекувод. Иако, всушност, е јасно дека ставањето под напон на овие енергетски објекти може да го направи само МЕПСО, односно  некој од вработените во компанијата. А, премиерот само бил на свеченото пуштање во употреба и ја сечел лентата. Линк до оригиналниот напис: Премиерот стави под напон две инвестиции вредни 4 милиони евра Датум и време на објавување: 16.07.2014, 14:59 Датум на рецензирање: 18.07.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕМИЕРОТ МОРА ДА БИДЕ ВО НАСЛОВОТ

Текстот се повикува

Рецензија: Пораките од посетата на Нуланд

на 16. 07. 2014 | |
Станува збор за новинарски производ кој со еден селективен пристап се осврнува на посетата на американскиот заменик-државен секретар за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд. И, притоа ги нагласува само добрите пораки. Поточно, само оние кои се во прилог на власта. (Слично како и во извештајот од посетата на Нуланд, објавен претходниот ден – 14.07.2014.) Дополнително, материјалот што го рецензираме се затскрива и зад виртуелни експерти, обидувајќи се да ја протне субјективната перцепција за неисправната политика на опозицијата,  како оцена на меѓународната заедница. Линк до оригиналниот напис: Пораките од посетата на Нуланд Датум и време на објавување: 15.07.2014, 14:27 Датум на рецензирање: 16.07.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ВЕЛИЧЕЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ

Прилогот се потпира на официјалната изјава на америкаснкиот заменик-државен секретар

Рецензија: Спремете се за жешко време и големо невреме

на 11. 07. 2014 | |
Кога ќе се прочита насловот на веста: „Спремете се за жешко време и големо невреме“, се добива впечаток како да доаѓа кој знае каква временска непогода. Алудира на тоа дека да ќе се случи нагла промена на времето. Па одеднаш, од нигде никаде, од пеколни горештини ќе настане  некакво страшно невреме. Можеби бура! И фотографијата со која се илустрирани овие неколку реда „најавува“ такво нешто. Сепак, нема место за паника.  Внтаре во веста може да се види дека е во прашање временска прогноза за уште еден  вообичаен топол јулски ден. Линк до оригиналниот напис: Спремете се за жешко време и големо невреме Датум и време на објавување: 07.07.2014, 09:04 Датум на рецензирање: 10.07.2014 Рецензент:  Оливера Војновска  

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Всушност,

Рецензија: Опозициските мегафони на страна на протестантите за „Монструм“

на 9. 07. 2014 | |
Текстот насловен „Опозициските мегафони на страна на протестантите за Монструм“  ја става на столбот на срамот новинарка основач и главен менаџер на портал, затоа што го изнела својот личен став за последната изјва на јавната обвинителка која го води случајот „Монструм“ (од 06.07.2014). И тоа, само за делот каде што обвинителката  вели : „Никој нема право да ги коментира судските одлуки“.  Но, не само новинарката, написот кој првично беше објавен со наслов: „Хајка и закани на опозиционерите против обвинителката Гешковска“,  става на отстрел и личности кои го постирале или лајкувале „озлогласениот“ текст на социјалните мрежи. Линк до оригиналниот напис: Опозициските мегафони на страна на протестантите за „Монструм“ Датум и време на објавување: 07.07.2014, 12:11 Датум на рецензирање:  

Претплатете се за најнови вести