verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Исплаќање на К-15 како епизода од К-15. Смешно и трагично

on 14 - 08 - 2014       

Исплаќање на Κ 15 κаκо епизода од Κ 15. Смешно и тρагично   еМАГАЗИН-crop-resize

Изминатиот период  медиумите во повеќе наврати информираа за враќањето на веќе заборавениот К-15. Популарниот регрес за годишен одмор имаат обврска да го исплатат сите приватни компании (според  Договорот потпишан меѓу ССМ и Организацијата на работодавачи), и тоа во перидот од 1 јули  до 31 декември и во висина на 40 отсто од просечната плата во државата. Текстот што го рецензираме е еден од ретките написи кој се обидува да даде одговор за тоа дали и како овој договор се спроведува  во практиката.

emagazin_mk_исплаќање-на-κ-15-κаκо-епизода-од-κ-15-смешнЛинк до оригиналниот напис: Исплаќање на К-15 како епизода од К-15. Смешно и трагично

Датум и време на објавување: 05.08.2014

Датум на рецензирање: 12.08.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ФИНТИ И „ДУПКИ“

Во написот најпрво се дава еден кус вовед дека работодавачите од приватниот сектор се обврзани да им исплатат најмалку по 8.000 денари на работниците кои во фирмата се најмалку шест месеци, за потоа преку асоцијација со популарната хумористична серија „К-15“  да  ни ја долови  вистинската поента за тоа како, всушност, се реализира оваа мерка:

Искуствата со исплатата, и тоа како потсетуваат на некоја од нивните епизоди (К-15). Ем трагични, ем смешни!

И со една убава нарација и посочување на конкретни примери, кои ѝ даваат целовитост на темата, јасно се покажува на кој начин се изигрува оваа обврска.

„Мислам дека попрво би платил казна, отколку да ни даде К-15“

 

„Ни дадоа К-15 во јули, ама ќе не пуштат на колективен одмор во август и ќе ни ги одбијат истите пари“

 

 

„Ни дадоа К-15, но ни рекоа дека парите треба да ги вратиме на рака назад“

Тоа што во конкретниот случај се пренесени анонимни сведоштва е сосема разбирливо со оглед на чувствителноста на проблематиката која се третира и постоењето реална опасност луѓето да останат без работа доколку отворено проговорат за проблемот.

Во написот се забележува  и дозирана употреба на коментаторски елементи, како на пример:

„Точно е и дека компаниите се во криза, се соочуваат со неликвидност, а наплатата им станува агонија.  Да не ги заборавиме и скапите кредити, отсуството на свеж капитал, но каде е работникот во целата оваа приказна?“

Тие, сепак, се ставени во функција да ги нагласат битните моменти во темата.  Притоа, објективно е прикажана ситуацијата со кондицијата на македонското стопанство и проблемите  околу исплатата на регресот за годишен одмор. Факт е дека  голем дел од фирмите се финансиски понестабилни и немаат пари да исплатат  минимум 8.000 денари по вработен. Па, затоа бараат „дупки“ да го избегнат овој за нив дополнителен трошок , а некои од газдите решението го најдоа и во отпуштањето на вработени.

„Но, освен финтите со неплаќањето не е мал и бројот на оние работодавачи кои отпуштија работници. Евидентен беше бројот на испуштање на вработени во повеќе сектори и токму во овој период кога треба  да се исплати К-15“

 

ПОИНАКОВ АГОЛ

Несомнено, станува збор за автентичен новинарски  производ, озаглавен со интересен информативен наслов, кој ја содржи главната поента на написот. Правен е од еден малку поинаков агол од кој се фрла реален поглед на  нештата. Со информациите за тоа колку од  вработените имаа среќа да ја почувствуваат оваа бенефиција, како и за тоа колку пари по овој основ се очекува да легнат во државната каса, кои одлично се вклопуваат во текстот, станува значително појасна замаглената слика со регресот за годишен одмор.

Според последните податоци на оваа тема објавени од македонски медиуми од 300.000 вработени во приватниот секотор , само 5.000 добија К-15

 

Од К-15 бенефит треба да добие и државата, која доколку работодавците го испочутуваат законот треба да „искешира“ 4,6 милиони евра“.

Материјалот е  читлив, не е премногу обемен  и е разбиен со  меѓунаслови. За одбележување е и тоа што во него коректно се посочени  линковите за сите користени информации. Така што, текстот што е предмет на оваа рецензија е добар пример за солидно обработена тема и заслужува пофалба.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести