verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: ФОТО: Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен

на 2. 10. 2014 | | sq
Насловот: „Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен“, прозвучува како некој намерно да му го уништил возилото на познатиот македонски рапер. А, всушност, во прашање е сообраќајна незгода. Така што, читателот на чиј предлог ја правиме оваа рецензија со право забележува: „Насловот манипулира дека Тони Зен бил жртва на намерен хулигански напад, а не на обична сообраќајка“. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Среде Скопје му го искршија автомобилот на Тони Зен Датум и време на објавување: 29.09.2014, 11:06 Датум на рецензирање: 2.10.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

НАСЛОВОТ – УТКА

Станува збор за фото-вест, преземена од друг медиум и тоа е наведено, но не е посочен линкот. Сепак, според  конструкцијата на речениците таа повеќе наликува дека е позајмена

Рецензија: Експертите ги поздравија уставните измени

на 1. 10. 2014 | |
Прилогот што е пред нас е правен во духот да креира атмосфера дека уставните измени – во делот на Судскиот совет, Народната банка, вклучително и уставното дефинирање на бракот – наидуваат на одобрување кај пошироката експертска јавност. Притоа, се посочува ставот на еден единствен експерт, што е навистина претенциозно. Со сиот респект кон мислењето на професорката, но, сепак, во конкретниот случај значењето на нејзината мисла е предимензионирано. Линк до оригиналниот напис: Експертите ги поздравија уставните измени Датум и време на објавување: 29.09.2014, 18:22 Датум на рецензирање: 30.09.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

СПИНЕРСКИ ПРОИЗВОД

Материјалот се темели на официјален  настан – завршната јавна дебата за уставните измени, организирана од собраниската Комисија за уставни прашања (на 29.09.2014). Ставот на професорката, како и

Рецензија: УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…

на 29. 09. 2014 | | sq
Насловната конструкција напишана во сензационалистички манир: „УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…“,  е основниот проблем на оваа куса вест. Линк до оригиналниот напис: УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на… Датум и време на објавување: 27.09.2014, 12:48 Датум на рецензирање: 27.09.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

НИТУ „Д“ ОД ДРАМАТА

Во веста нема ниту „Д“ од драмата што се најавува во насловот. Материјалот се темели на дневниот полициски извештај и податоците од него се точно пренесени. Фактички, тој е целосно препишан и тоа заедно со словната грешка „повреденни“. Петте реченици, од колку што се состои написот, немаат никаква доработка. И, иако не e спорно дека е користен билтенот од веб – страницата на Министерството за внатрешни работи, сепак, не морало буквално

Рецензија: Македонија лидер во е-здравство

на 29. 09. 2014 | |
Станува збор за еден од оние текстови кои Македонија ја претставуваат како лидер во регионот (по индексот на економски слободи, во инвстиции во инфрстаструктурата, во водење бизнис, во производство на алтернативна енергија, во ИТ индустријата, во иновативност, во борбата против трговија со луѓе, во здравствените реформи, економски лидер…) Овој пат сме регионани лидери во е-здравството и тоа на јавноста ѝ се соопштува уште во насловот. Што, сепак, делува претенциозно,  дотолку повеќе, што во телото на веста не може да се прочита кој ја дава ваквата оценка и врз основа на кои критериуми. Па, се добива впечаток дека таа е инспирирана од поривот да бидеме лидери во сѐ . Линк до оригиналниот напис: Македонија лидер во е-здравство Датум и време на

Рецензија: Маркарт ќе вработи 600 лица – Саем за вработување на 4-ти октомври

на 25. 09. 2014 | |
Пред нас е текст кој  само половично ја информира јавноста за прес-конференцијата на германската компанија „Маркарт“,  на која официјално беше најавен стартот на оваа нова инвестиција во Велес. Во извештајот од пресот  недостига информацијата дека сопругата на министерот за странски инвестиции, Веле Самак  (кој инаку ја донесе оваа инвестиција во државата), веќе е вработена во фирмата.   Линк до оригиналниот напис: Маркарт ќе вработи 600 лица – Саем за вработување на 4 – ти октомври Датум и време на објавување: 23.09.2014, 13:25 Датум на рецензирање: 24.09.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРИКРИЕНА ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Написот нема проблеми со вистинитоста, ниту со изворите. Текстот се повикува на официјален настан и изјавите во него се точно пренесени. Основниот проблем  е во селективниот пристап

Рецензија: Заев се премисли за Македонска банка

на 9. 09. 2014 | | sq
Текстот „Заев се премисли за Македонска банка“, не ја пренесува објективно атмосферата од судницата во Основниот суд Скопје 2 за случајот за навреда и клевета што го поведе премиерот против лидерот на опозицијата. Насловот и првата реченица од написот: „За време на денешното судење лидерот на СДСМ, Зоран Заев целосно се повлече од тврдењата дека премиерот Никола Груевски бил дел од корупција во купување на акции од Македонска банка“, прозвучуваат како претседателот на социјалдемократите да го сменил мислењето за тоа дека своевремено е направен наводен криминал со продажбата на „Македонска банка“. Се добива впечаток како Заев да отстапил од обвинувањата дека премиерот во почетокот на 2004 година, наводно,  бил инволвиран во „коруптувна афера од 1,5 милиони евра во кеш“.

Текст од спротивната страна на вистината

на 1. 09. 2014 | |

[Рецензија: Студен туш за СДСМ од Берлин]

Материјалот со спинерски наслов: „Студен туш за СДСМ од Берлин“ манипулира со пораките од завршниот документ на Конференцијата за Западен Балкан што се одржа во Берлин. Поточно,  прилогот се фокусира на една од 18-те точки, или, попрецизно кажано, само на фрагмент од 11–от заклучок каде се споменува опозицијата. Но, ова парче погрешно се преведува. Сепак, видливо е дека не станува збор за

Рецензија: Со овој статус на Фејсбук Сергеј Варошлија ја шокираше јавноста

на 29. 08. 2014 | | sq
Кусата вест што ја рецензираме делува  збунувачки.  Се состои  само од две реченици, озаглавена е со наслов: „Со овој статус на Фејсбук Сергеј Варошлија ја шокираше јавноста“, а како илустрација е употребен скриншот од постот на актерот Тони Михајловски! Така што, читателите не може да разберат каква „шокантна“ објава имал на Фејсбук познатиот стилист. Линк до оригиналниот напис: Со овој статус на Фејсбук Сергеј Варошлија ја шокираше јавноста Датум и време на објавување: 24.08.2014, 14:07 Датум на рецензирање: 27.08.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ЛОШО ПРЕПИШАНА ВЕСТ

Како единствен извор на информации е посочен  статус на Фејсбук. Намерата на медиумот веројатно била да информира дека стилистот преку својот ФБ профил им испратил порака на оние кои, наводно, пуштаат гласини дека

Рецензија: Еве каде летува премиерот Груевски заедно со своето семејство!

на 26. 08. 2014 | | sq
Основниот проблем со материјалот што го рецензираме е фотографијата. Веста информира дека премиерот го минува одморот со семејството во Турција, а е илустрирана со стара фотографија (2012) од прошетката на премиерот со сопругата и ќеркичките во Зооолошката градина во Скопје. Пропустот особено доаѓа до израз  кога ќе се прочита насловот кој претендира да информира: „Еве каде летува премиерот Груевски заедно со своето семејство!“, а на читателите им се прикажува илустрација од Скопје. Што делува некако глупаво и смешно. Линк до оригиналниот напис: Еве каде летува премиерот Груевски заедно со своето семејство! Датум и време на објавување: 12.08.2014 Датум на рецензирање: 22.08.2014 Рецензент: Оливера Војновска   ФОТОГРАФИЈАТА „БОДЕ“ ОЧИ Веста нема проблеми со вистинитоста, изворите и го задоволува минималното ниво на

Рецензија: Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?

на 19. 08. 2014 | |
Текстот озаглавен со спинерски наслов: „Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?“, е еден од серијата написи на оваа тема кои ги објави порталот, а ги пренесоа повеќе медиуми. Материјалот е надвор од стандардите на добрата новинарска практика и наликува на наменски скроен производ за политичка дискредитација на лидерот на СДСМ. Написот  нема авторски потпис , нема кредибилни извори и со непоткрепепени обвинувања ја плете приказната за наводната куќа на Заев на грчкиот брег. Всушност, во форма на некакава квази фото-сторија ја дорасплетува првата (дез)информација за „луксузната куќа на Заев“,  што порталот ја објави истиот  ден (15.08.2014) во 10, 37 часот. Линк до оригиналниот напис: Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција? Датум и време

Претплатете се за најнови вести