verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…

on 29 - 09 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

www.sky-.mk-makedonija-422288-crop-resize

Насловната конструкција напишана во сензационалистички манир: „УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…“,  е основниот проблем на оваа куса вест.

www.sky.mk_makedonija_422288-Линк до оригиналниот напис: УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…

Датум и време на објавување: 27.09.2014, 12:48

Датум на рецензирање: 27.09.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

НИТУ „Д“ ОД ДРАМАТА

Во веста нема ниту „Д“ од драмата што се најавува во насловот. Материјалот се темели на дневниот полициски извештај и податоците од него се точно пренесени. Фактички, тој е целосно препишан и тоа заедно со словната грешка „повреденни“. Петте реченици, од колку што се состои написот, немаат никаква доработка.

И, иако не e спорно дека е користен билтенот од веб – страницата на Министерството за внатрешни работи, сепак, не морало буквално баш сѐ да се препише. Текстот можел барем малку да се измени и новинарски да се дотера. Сигурно, намало да се направи некаков грев ако, на пример, наместо:

„…бил забележан пожар на куќа-викендица сопственост на С.В.(72) од Струмица“

се кажело дека :

„…избувнал пожар во викендицата  на  72 – годишниот струмичанец …“

Исто така, наместо  административната полициска конструкција:

„Од страна на екипа од ТППЕ-Струмица излезено е на лице место…“

воопшто немало да пречи да се употреби  формулацијата:

„интервенирала пртивпожарната служба…“

Сепак, како што споменавме, главниот недостаток на веста поради кој таа заслужува негативна рецензија е насловот.

Тој, на прв поглед остава впечаток дека се случил некаков голем пожар, дека има повредени или не дај Боже жртви! А, за да се постигне посилен ефект врз читателите, во првиот дел од насловната конструкција намерно се употребени и големи букви: „УТРОВО ДРАМА“.

Вториот дел, пак,  е така срочен: „Се запали викендицата на…“, што некако наведува на помислата дека се запалил имотот на некоја позната (јавна) личност. И, веројатно за да ја разбуди љубопитноста кај публиката, завршува со три точки, во стилот: „ќе откриете во веста“!

А веста празна, нема што да открие. Драматиката ја има само во насловот, спакуван за да привлече што повеќе внимание и читаност. Нешто слично на онаа народната: однадвор мазно, однатре празно!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести