verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Експертите ги поздравија уставните измени

on 1 - 10 - 2014       

www.alfa_.mk_News.aspx_ID82903.VCnUIfmSx9t-crop-resize

Прилогот што е пред нас е правен во духот да креира атмосфера дека уставните измени – во делот на Судскиот совет, Народната банка, вклучително и уставното дефинирање на бракот – наидуваат на одобрување кај пошироката експертска јавност. Притоа, се посочува ставот на еден единствен експерт, што е навистина претенциозно. Со сиот респект кон мислењето на професорката, но, сепак, во конкретниот случај значењето на нејзината мисла е предимензионирано.

www.alfa.mk_News.aspx_ID=82903#.VCnUIfmSx9tЛинк до оригиналниот напис: Експертите ги поздравија уставните измени

Датум и време на објавување: 29.09.2014, 18:22

Датум на рецензирање: 30.09.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

СПИНЕРСКИ ПРОИЗВОД

Материјалот се темели на официјален  настан – завршната јавна дебата за уставните измени, организирана од собраниската Комисија за уставни прашања (на 29.09.2014). Ставот на професорката, како и фрагментите од настапите на министерот за правда и гувернерот на НБРМ се точно пренесени. Проблемот е во селективниот пристап, тенденциозноста и намерата да се генерализира дека уставните измени наидуваат на општа поддршка во екпертските кругови.

Но, дали е тоа  така?

Како што објавија медиумите, на дебатата во Уставната комисија можеа да се слушнат и поинакви размислувања за уставните измени и за моментот и атмосферата во која се прават овие корекции на највисокиот правен акт во државата.

Како, на пример, ставот на уставниот судија Никола Ивановски:

„Уставниот суд не треба да постапува по жалбите за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители за избор, разрешување и дисциплинска санкција изречена на судија, зашто оваа надлежност би значела оптоварување на Уставниот суд со многу предмети кои се од административна, а не од уставно правна природа“

Потоа, мислењето на професорот на Факултетот за правни науки на ФОН, Осман Кадриу:

„Имаме парламент кој дејствува без опозиција, тој правно може да ги донесе одлуките, меѓутоа легитимно секогаш ќе биде осопрувано, дотолку повеќе што се работи за Устав“,

Дел од медиумите го пренесоа и настапот на претседателката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, која, исто така, реагираше што уставните измени се носат во моментот кога опозицијата не е во парламентот. За неа  е нејасно и зошто се воведува уставна дефиниција за вонбрачната заедница:

„Амандманот за бракот претрпе измени во текот на летниот период, за што дел од пратениците се почувствуваа изманипулирани, зошто првиот предлог беше само со дефиниција на бракот, но не и на вонбрачната заедница.“

Амандманот со кој се дефинира вонбрачната заедница, е неприфатлив и за пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, која на јавната расправа во Собранието соопшти дека нема да гласа за истиот.

„Ако се инсистира на овој и ваков амндман, тогаш нема да можам да го поддржам, зошто не смееме ништо и никого да дискриминираме, ни свесно ни несвесно“

Овие дискусии, несомнено, даваат поинаков тон на дебатата во Собранието, па констатацијата искажана во самиот старт на прилогот (и во насловот) „Уставните измени поздравени од експертите.  Економисти, судии, универзитетски професори дадоа поддршка за предложените амандмани“, делува исфорсирано.

Бидејќи, негативни мислења за предложените уставни измени беа искажани не само на последната дебата, туку и во текот на 30-дневната јавна расправа.

„Со вакво брзање Владата како овластен предлагач на сликовит начин демонстрира својата омнипотентност. Амандманите содржински се контраустав на постојниот Устав и се нови уставни форми кои за прв пат ги среќавам.“ професор Светомир Шкариќ (17.09.2014)

 

„Предлагачот со овие предлози кога сака уставно да утврди дека бракот е заедница исклучиво меѓу еден маж и една жена очигледно стравува од еднополови бракови или од полигамија. Тоа што е напишано во амандманот е многу слабо, има многу грешки и е нон сенс да се напише дека низ историјата на човештвото имало брачна заедница меѓу еден маж и една жена. Предлогот за уставно дефинирање на брачната заедница се комплицира и може да се толкува дека се заштитуваат брачните партнери кои првпат ќе стапат во брак. Предлагачот може да го забрани и разводот.“ професор Владо Поповски (10.09.2014)

 

„Не само усвојувањето на Уставот туку сите негови амандмански измени треба да претставуваат акт на најширока определба на сите политички субјекти и на граѓаните. Сметам дека токму еден ваков, за уставниот и правниот поредок и за општествениот систем, значаен чин би требало да биде повод за нормализација на односите во Собранието, кое треба да ги гласа предложените измени на Уставот за тие да имаат целосен легитимитет и да претставуваат основа за натамошен разговор“  претседателот на МАНУ, Владо Камбовски (10.09.2014)

Така што, да се стави знак на равенство на ставот на професорката со оценката на целата интелектуална елита во државата, е навистина претерано. Тоа во најмала рака е некоректно кон експертите од нејзината фела.

Дополнително, професорката во јавните настапи отворено ја поддржува владејачката партија, а исклучително критички ги опсервира потезите на опозицијата.  Што говори за тоа колку биле искрени намерите за објективно информирање. И токму со ваквиот пристап, наместо еден коректен извештај од Собранието добиен е спинерски производ ставен во функција на дневната политика.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести