verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?

on 19 - 08 - 2014       

kurir_mk_makedonija_vesti_168682-Zaev-molci-cija-e-ovaa-kuka-vo-Grcija-crop-resize

Текстот озаглавен со спинерски наслов: „Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?“, е еден од серијата написи на оваа тема кои ги објави порталот, а ги пренесоа повеќе медиуми. Материјалот е надвор од стандардите на добрата новинарска практика и наликува на наменски скроен производ за политичка дискредитација на лидерот на СДСМ. Написот  нема авторски потпис , нема кредибилни извори и со непоткрепепени обвинувања ја плете приказната за наводната куќа на Заев на грчкиот брег. Всушност, во форма на некакава квази фото-сторија ја дорасплетува првата (дез)информација за „луксузната куќа на Заев“,  што порталот ја објави истиот  ден (15.08.2014) во 10, 37 часот.

kurir_mk_makedonija_vesti_168682-Zaev-molci--cija-e-ovaa-kuka-vo-Grcija

Линк до оригиналниот напис: Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?

Датум и време на објавување: 15.08.2014, 13:39

Датум на рецензирање: 17.08.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

АНОНИМНИ ИЗВОРИ, НЕИМЕНУВАН АВТОР, НЕПОТВРДЕНИ ИНФОРМАЦИИ

Текстот  има сериозни проблеми со релевантноста. Се повикува на  анонимни извори, а неименуваниот автор свесно ѝ сервира на јавноста непотврдена информација. Па, така, користејќи формулации од типот: „се говори низ матичниот град на Заев“, навидум прашува , иако, многу повеќе прозвучува како констатација:

 

„Дали се точни гласините од Струмица дека Заев својот одмор го поминал во сопствена луксузна вила?“

„СДСМ дополнително да објаснат бидејќи Заев молчи, чија е оваа куќа во Грција,  лоцирана непосредно до крајбрежјето на неколку десетина метри од морето?“

 

И покрај тоа што СДСМ  уште во писмената реакција на првиот текст со наслов Заев во Грција бил во неговата луксузна куќа?, објавен три часа претходно, сооопшти:

СДСМ ги демантира лагите и измислиците на провладиниот „Курир“. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и секој македонски граѓанин, својот одмор го помина со закуп на простор, на своја сметка. 

Порталот го објави демантот на социјалдемократите, но два часа подоцна излезе со нов текст (овој што е предмет на нашата рецензија), кој наликува на коментар на демантот и  кој  ги засилува нападите кон лидерот на СДСМ.  Во него, најпрво во еден критизерски манир се констатира  оти „е очигледно дека во  СДСМ си ја ишкаат мувата од капата“, а во вториот дел од написот на читателите им се подметнува една спинерска конструкција :

Неретко како пракса се покажало за точно и вистинито, она што тие луѓе (струмичани) го знаат и зборуваат за нивниот градоначалник и прв човек на СДСМ. Тоа најдобро може да се види во обелоденувањето на низа афери како што се доделување на тендери преку општината на блиски луѓе до Заев, на неговиот брат, братучеди, бизнис ортаци.

 

ПОЛИТИЧКА ХАЈКА

Текстот е неизбалансиран,  некоректен и  ставен во функција на политичка пресметка. Тој од почеток до крај е гарниран со значителна доза на коментаторски елементи употребени со цел што повеќе да се оцрни  СДСМ и неговиот претседател.

На страна  тоа  што се извртуваат тезите, па во првата реченица од текстот  се прозива  и претседателот на ЗНМ, бидејќи не ги осудил социјалдемократите поради наводната „брутална политичка пресметка со медиум“! Што во конкретниот случај делува некако смешно.

Материјалот  е илустриран со шест фотографии на кои вилата е прикажана од сите агли. Илустрациите немаат авторски потпис, ниту, пак, е наведено како медиумот дошол до нив. Тие  ја заокружуваат манипулативната порака што се испраќа со написот: „Еве каква куќа купил Заев!“ Независно што од фотографиите не може да се заклучи дали куќата навистина е негова, или не.

Во интерес на вистината треба да се каже дека попладнето на 15.08.2014 СДСМ имаше демант и на овој текст, и во него децидно вели дека посочената куќа не е на Заев:

СДСМ уште еднаш ги демантира лагите на „Курир“ објавени и во текстот со наслов „Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?“. Заев не молчи. Чиста лага е дека објектот што го прикажува порталот „Курир“ е во сопственост на Претседателот на СДСМ. Објектот не е во сопственост на Зоран Заев. СДСМ соопшти каде летуваше претседателот Зоран Заев, кој како и секој македонски граѓанин, својот одмор го помина со закуп на простор, на своја сметка. Прашање е што се крие Никола Груевски и што „ишка“ од неговата капа „Курир“?

Исто така, наредниот ден (16.08.2014) една национална телевизија, повикувајќи се на официјална потврда од СДСМ, објави дека  Заев летувал  на првиот крак на Халкидики, во Пефкохори.

Инаку, лидерот на СДСМ  во имотниот лист објавен на сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), нема наведено дека  поседува куќа во Грција.

Доколку пак, некој се сомнева и има конкретни докази дека податоците во неговиот анкетен лист не се вистинити, може да покрене постапка за испитување на имотот и имотната состојба пред надлежните институции: ДКСК и УЈП. Доколку тоа се случи, јавноста, секако, има право да биде информирана, особено кога е во прашање лидерот на опозицијата. Впрочем, принципите на етички исправното новинарство налагаат дека првата обрвска на новинарите е вистината.

Но, онака  како што тоа се прави во написот, повеќе наликува на добро смислена политичка хајка.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести