verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Пратениците работат со полна пареа

на 18. 12. 2014 | | sq
  Единствениот проблем на оваа куса, техничка информација е насловот: „Пратениците работат со полна пареа“. Тој е така срочен што го предимензионира ангажманот на парламентарците и прозвучува како тие да се „отепуваат“ од работа. Што ниту оддалеку не одговара на реалноста, со оглед на фактот што сите владини проекти мазно поминуваат во Собранието, кое, за жал, се претвори во „печатница“ на лоши законски решенија. Линк до оригиналниот напис: Пратениците работат со полна пареа Датум и време на објавување: 17.12.2014, 09:16 Датум на рецензирање: 18.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

„МАЧНИ ДУШИ“

Всушност, станува збор за најава дека во парламентот ќе заседаваат три собраниски комисии. И тоа не е нешто необично, туку напротив, сосема вообичаена активност на пратениците, за која редовно

Рецензија: СДСМ би, ама не знае со што и како

на 16. 12. 2014 | |
  Тенденциозниот наслов: „СДСМ би, ама не знае со што и како“,  навестува какво политички обоено четиво им се нуди на читателите. Насловната конструкција, која изгледа некако невкусно и има лош призвук, е така избрана за да ја испарти спинерската порака дека опозицијата сака да се врати во парламентот, само бара начин како тоа побезболно да го направи. Но, во телото на текстот – кој гледано од професионален аспект е некако конфузен, не може да се прочитаат аргументи во прилог на ваквите наводи. Линк до оригиналниот напис: СДСМ би, ама не знае со што и како Датум и време на објавување: 12.12.2014, 15:55 Датум на рецензирање: 15.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

„ДРАМА“ СО МАНДАТИТЕ

Истата  манипулативна теза одамна се

Рецензија: Фото: СДСМ со автобуси носеше пензионерско засилување

на 12. 12. 2014 | |
  Ова е уште еден од серијата написи кој нагласено се труди политички да го обои и да го маргинализира студентскиот протест против државниот испит и најавените реформи во високото образование. Притоа, со препознатлива тенденциозност се минимизира масовноста на  студенсткиот марш  и се „вергла“ познатата теза  дека „протестот е фингиран од опозицијата“, која, за да ја спаси ситуацијата, наводно, со автобуси донела пензионери во Скопје . Линк до оригиналниот напис: Фото: СДСМ со автобуси носеше пензионерско засилување Датум и време на објавување: 10.12.2014, 17:20 Датум на рецензирање: 11.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

МАНИПУЛАЦИЈА

Всушност, станува збор за една куса квази фото-сторија , целосно преземена од друг медиум (иако тоа не е наведено), каде е објавена дваесетина минути претходно. Оваа наменски

Рецензија: Еве каде и како се прават пасошите во МВР

на 8. 12. 2014 | |
  Материјалот насловен: „Еве каде и како се прават пасошите во МВР“, само навидум информира, а фактички е целосно ставен  во функција на одбрана на Министерството за внатрешни работи, откако беа објавени фотографии и видеоматеријали за наводна фабрика за фалсификување пасоши „кои можат да бидат употребени во изборни цели“. Прилогот е правен во Центарот  за персонализација на пасоши во МВР и нагласено се труди да ги убеди гледачите дека македоскиот пасош се изработува и се издава во строга процедура и е невозможно да се фалсификува. Линк до оригиналниот напис: Еве каде и како се прават пасошите во МВР Датум и време на објавување: 01.12.2014, 17:13 Датум на рецензирање: 02.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска   НА „БРАНИКОТ НА МВР“ Во „репортажата“

ТВ Дневник: Вести со портокалови нијанси

на 2. 12. 2014 | |
 

Гледано во целина, може да се заклучи дека централниот ТВ-дневник на Македонската радио-телевизија, наместо да биде чисто информативен и објективен (дотолку повеќе што се работи за јавен радиодифузен сервис на граѓаните), сосема непотребно добил политичка боја со портокалови нијанси.

  Пишува: Оливера Војновска      
//
Следејќи го централниот дневник на  националниот јавен сервис (МТВ 1- 27.11.2014) љубопитниот (неутралниот) гледач останува просто зачуден од економскиот „бум“ во државата!

Рецензија: Градоначалничката војна Жерновски и Јакимовски ја продолжуват на суд

на 27. 11. 2014 | | sq
  Станува збор за тенденциозен напис во кој од едно најобично соопштение е скроенa критизерска информација, ставена во функција на политичка пресметка. Идејата да се оцрни градоначалникот на Општина Центар се препознава уште на самиот почеток од текстот. Линк до оригиналниот напис: Градоначалничката војна Жерновски и Јакимовски ја продолжуват на суд Датум и време на објавување: 19.11.2014, 13:27 Датум на рецензирање: 26.11.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

КРИТИЗИРАЊЕ

Написот почнува коментаторски и со забележлива доза иронија: „Жерновски ја смени тактиката. До сега само се жалеше, а од сега, реши да тужи.“ Фактички, текстот се определил да го критикува, па и да му се потсмева на градоначалникот на Општина Центар, бидејќи тој решил да го тужи за клевета Јакимовски поради наводите во

Рецензија: Придонесот за хонорарците ќе ја елиминира нелојалната конкуренција

на 25. 11. 2014 | |
  Насловот на текстот што е пред нас, „Придонесот за хонорарците ќе ја елиминира нелојалната конкуренција“,  прозвучува дека законските измени со кои се воведува обврската да се плаќаат придонеси за здравствено и социјално осигурување за ангажман по договор за дело, ќе предизвикаат некакво големо намалување на сивата економија и поттикнување на вработувањето. Но, дали е тоа така? Или, можеби, во насловната конструкција намерно е извадена поента за да се пофали оваа владина мерка која треба да почне да се применува од јануари нареднта година? Линк до оригиналниот напис: Придонесот за хонорарците ќе ја елиминира нелојалната конкуренција Датум и време на објавување: 20.11.2014, 13:50 Датум на рецензирање: 23.11.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

НАГЛАСУВАЊЕ САМО НА ПОЗИТИВНИТЕ АСПЕКТИ

Всушност, станува збор за

Рецензија: ФОТО: Слаба посетеност на денешната геј парада во Скопје

на 21. 11. 2014 | |
  Текстот:„ ФОТО: Слаба посетеност на денешната геј парада во Скопје“, ја манипулира јавноста за настанот што се случи во главниот град на 16 ноември 2014 година, по повод Меѓународиот ден на толеранцијата. Материјалот преку насловот испраќа погрешна порака дека во Скопје  имало геј-парада. Иако, всушност, станува збор за  Маршот на толеранцијата  во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и невладината „Цивил – Центар за слобода“. Линк до оригиналниот

Рецензија: Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош?

на 18. 11. 2014 | |
  Текстот што е пред нас со нагласена тенденциозност се осврнува на инцидентот на последната седница на Советот на Општина Карпош (12 ноември 2014 година). И, притоа, без да посочи прецизни извори на информации, ни ја претставува само едната страна на приказната. Линк до оригиналниот напис: Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош? Датум и време на објавување: 14.11.2014, 18:24 Датум на рецензирање: 16.11.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

БЕЗ ИЗВОРИ И АРГУМЕНТАЦИЈА

Неспорно е дека инцидентот во Општина Карпош се случил. Информација за настанот имаше во повеќе медиуми, проблемот е во начинот на кој се информира јавноста за овој случај. Написот, всушност, се темели на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Карпош. Меѓутоа, никаде во материјалот не се

Рецензија: Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

на 13. 11. 2014 | | sq
Сторијата „Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!“, третира актуелна тема  солидно обработена од сите аспекти. Фактички, на читателската публика ѝ е претставено истражување за загадувањето, поткрепено со стручни мислења, табели и со графикони. Материјалот е обемен, но е читлив, има добар приод и содржина и заслужува позитивна оценка бидејќи јавноста има право да ја знае вистината за овој долгогодишен проблем и за тоа какви се последиците по здравјето на населението. „Дури две третини од годината сме изложени на загадување, а се проценува дека една третина од смртните случаи се од аерозагадување.“   „Најголем број заболени од канцер во последните четири години се регистрирани во Скопје, каде само во општината Центар лани има 800 новозаболени во

Претплатете се за најнови вести