Рецензија: Градоначалничката војна Жерновски и Јакимовски ја продолжуват на суд
Објавено во Рецензии
on 27 - 11 - 2014 Автор: Оливера Војновска
Станува збор за тенденциозен напис во кој од едно најобично соопштение е скроенa критизерска информација, ставена во функција на политичка пресметка. Идејата да се оцрни градоначалникот на Општина Центар се препознава уште на самиот почеток од текстот.
Линк до оригиналниот напис: Градоначалничката војна Жерновски и Јакимовски ја продолжуват на суд
Датум и време на објавување: 19.11.2014, 13:27
Датум на рецензирање: 26.11.2014
Рецензент: Оливера Војновска
КРИТИЗИРАЊЕ
Написот почнува коментаторски и со забележлива доза иронија:
„Жерновски ја смени тактиката. До сега само се жалеше, а од сега, реши да тужи.“
Фактички, текстот се определил да го критикува, па и да му се потсмева на градоначалникот на Општина Центар, бидејќи тој решил да го тужи за клевета Јакимовски поради наводите во интервју објавено во медиум. Со тоа уште на почеток се откриваат мотивите кои не се новинарски, туку имаат значително количество на политичка боја.
А, така е интониран и заклучокот на текстот, во кој Жерновски се поврзува со инцидентот што пред две недели се случи на седницата на Советот на Општина Карпош (12.11.2014). Тоа, исто така, покажува дека дописот од градоначалникот на Општина Центар не е пренесен за да се информира јавноста, туку за истиот да се нападне.
ЕТИКЕТИРАЊЕ
Во оваа куса информација е видлива и желбата да се етикетираат медиумите кои не се на линија на власта. Имено, во текстот сосема непотребно е употребена формулацијата:
„(…)стои во соопштението на Жерновски кое го пренесуваат медиумите на СОРОС.“
Јасно е дека вакво соопштение градоначалникот на Центар испратил до сите медиуми, а тоа може да се види и од написите на оваа тема објавени тој ден (19.11.2014). Меѓутоа, некој направил лоша проценка и решил и на овој начин да ја упропасти оваа куса информација, во која светла точка се насловот: „Градоначалничката војна Жерновски и Јакимовски ја продолжуват на суд“ и фотографиите кои се коректено избрани.
И што уште да се каже за овој неквалитетен новинарски производ во кој затаиле принципите кои значат стандард во новинарската професија. Па, само во петнаесетина реда се прекршени повеќе членови (13,14 и 16) од новинарскиот Кодекс, меѓу кои и преамбулата, каде е прецизно наведено дека новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Но, и дека при пренесувањето на информациите, ќе ги почитуваат етичките вредности и професионалните стандарди и дека ќе бидат чесни, објективни и точни.
„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.(13)
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (14)
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. (16)“
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови