verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Заев ја објави четвртата „бомба“

на 3. 03. 2015 | |
  Материјалот што е пред нас нема цел објективно да ја информира јавноста за четвртата „бомба“ што ја обелодени претседателот на СДСМ, според кого, УБК прсислушувала повеќе од сто новинари. Во овој прилог воопшто не се пренесуваат главните поенти од прес-конференцијата на СДСМ, на која беа презентирани  аудиоснимки, кои, според лидерот на опозицијата, „ја разобличуваат спрегата премиер – УБК – медиуми и сведочат како биле уредувани вестите во дел од мдеиумите“. Линк до оригиналниот напис: Заев ја објави четвртата „бомба“ Датум и време на објавување: 25.02.2015, 18:14 Датум на рецензирање: 27.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ОСАКАТЕН ИЗВЕШТАЈ

Прилогот само бегло соопштува дека се „прислушувани над сто новинари “, пуштено е едно тонско парче од Заев, и толку. „Ова е силен удар

Рецензија: Заеднички договорено да се остави повеќе простор за подготовка на средбата Јункер – Груевски

на 27. 02. 2015 | | sq
  Основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите. Токму овие главни принципи, утврдени во Преамбулата на новинарскиот Кодекс и на кои треба да се темели новинарската професија, целосно затаиле во веста што ја рецензираме. Овој материјал има цел да ја скрие „шлаканицата“ од Брисел. Па, тргнувајќи од таа идеја, наместо да ја пренесе информацијата дека „претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја откажал средбата со

Рецензија: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч

на 20. 02. 2015 | | sq
  Веста насловена: „Заев почна да се крие од истрагата за Пуч“ е лажна.  Манирот во кој е напишан и пласиран овој материјал остава впечаток дека не станува збор за некаков ненамерен превид или грешка, туку намерно е објавена дезинформација за да се оцрни лидерот на опозицијата Линк до оригиналниот напис: Заев почна да се крие од истрагата за Пуч Датум и време на објавување: 18.02.2015, 15:20 Датум на рецензирање: 19.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ВЕСТ СКАРАНА СО ВИСТИНАТА

Написот врз основа на непотврдени информации од  анонимни, но „сигурни“ извори, прави конструкција дека: „опозицискиот лидер почна да се крие од истражните органи во случајот Пуч“. Поента која се извлекува и во спинерскиот наслов и на читателите им се подметнува како

Рецензија: Заев објави нови прислушувани разговори

на 19. 02. 2015 | |
  Станува збор за целосно непрофесионален материјал кој има цел да ја релативизира мегааферата со прислушувањето, за која опозицијата го впери прстот во премиерот и во неговиот братучед  – директорот на УБК. Овој прилог (димензиониран на помалку од една минута) ги прикрива суштинските иформации кои беа искажани на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ (15 февруари 2015 година), на која беа објавени нови снимки од прислушувани разговори, уште поскандалозни од оние со кои опозицијата го обелодени случајот (9 февруари 2015 година). Линк до оригиналниот напис: Заев објави нови прислушувани разговори Датум и време на објавување: 15.02.2015, 17:25 Датум на рецензирање: 16.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ЦЕНЗУРИРАНО

На гледачите им е понудена една техничка, површна и необјективна информација, во која се скриени главните

Рецензија: Дел од хонораците се собраа на протест

на 17. 02. 2015 | |
  Основната цел на оваа медиумска содржина е минимизирање на протестот на хонорарците (13 февруари 2015 година) и креирање слика дека спласнува незадоволството поради новото и прилично нејасно законско решение, со кое од први јануари оваа година се плаќаат придонеси и за хонорарите. Всушност, на читателите им е понуден лош текст, илустриран со одлични фотографии, кои содржат таква силна енергија што ги „нокаутира“ содржинскиот дел и промашениот наслов со кој е озаглавена оваа фото-вест. Линк до оригиналниот напис: Дел од хонораците се собраа на протест Датум и време на објавување: 13.02.2015, 16:08 Датум на рецензирање: 14.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

МАРГИНАЛИЗАЦИЈА

Намерата да се маргинализира протестот се гледа уште во самиот тертман на настанот за кој се отстапени цели десет

Рецензија: Заев објави материјали за прислушувани разговори што ги поседува

на 12. 02. 2015 | |
  Прилогот што го резенцираме само површно ја информира јавноста за прес-конференцијата (9 февруари 2015 година) на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која тој обелодени скандал со масовно прислушување на повеќе од 20.000 граѓани, за кој директно ги обвини премиерот Никола Груевски и директороот на УБК, Сашо Мијалков. Па, наместо да ги објави главните поенти од прес-конференцијата на опозицијата, овој материјал на гледачите им пренесува една штура, осактена информација која има цел да ја минимизира оваа мегаафера во која, според опозицијата, незаконски се прислушувани огромен број лица – политичари од власта и од опозицијата, бизнисмени, новинари,  првите луѓе на МПЦ, ИВЗ, МАНУ, како и други јавно експонирани личности. Линк до оригиналниот напис: Заев објави материјали за прислушувани разговори што

Рецензија: Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места низ Македонија

на 10. 02. 2015 | |
  Текстот што е пред нас преку спинерскиот наслов „Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места низ Македонија“, испраќа порака дека власта (Владата) е грижлива и се солидаризира со маката на населението од поплавените подрачја. Оваа информација има цел да ја пофали Владата и да го нагласи ангажманот на премиерот и на дел од членовите на неговиот кабинет. Линк до оригиналниот напис: Владата меѓу народот – функционерите на поплавените места низ Македонија Датум и време на објавување: 07.02.2015, 12:59 Датум на рецензирање:  08.02.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

ПОПУЛИСТИЧКА ОБЈАВА

Материјалот нема проблеми со вистинитоста. Всушност, станува збор за најава на посетата на премиерот и на некои министри од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, на реоните зафатени со поплавите. И, иако, тоа

Рецензија: Експертите бараат Заев да биде суден за велепредавство

на 3. 02. 2015 | | sq
  Рецензираме текст во кој целосно затаиле стандардите на етички исправното новинарство. Во овој спинерски производ, мислата на еден аналитичар е издигната на ниво на гледиште на целата  експертската јавност, што е навистина претенциозно. Написот прозвучува како да навива за тоа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, што поскоро да биде осуден и тоа за велепредавство! Линк до оригиналниот напис: Експертите бараат Заев да биде суден за велепредавство Датум и време на објавување: 01.02.2015; 13:37 Датум на рецензирање: 02.02.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕ ПРЕМИЕРОТ!

Станува збор за исклучително тенденциозен и пристрасен текст, ставен во функција на политичка пресметка со лидерот на опозицијата. Паѓа в очи тоа што обраќањето на премиерот (31 јануари 2015 година), во кое тој соопшти

ТВ-дневник: Меѓу тиквата и морковот!

на 29. 01. 2015 | |
Прекрасни тикви – заслужено на ТВ-дневник (сосе пилата за нивно сечење). Фото: видеоклип скришот
 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на ТВ „Канал 5“, 28.01.2015, 18.00]

 

Како цените на тиквите, компирот и на морковот, активностите на Владата за можниот циклон и пофалното интервју на министерот за здравство, Никола Тодоров, најдоа место во ТВ-дневникот, додека скандалот со пратеничките патни трошоци и неизвесноста околу исплатата на хонорарите ги немаше никаде.

   

Поданичко новинарство

на 28. 01. 2015 | | sq
Баеги интервју, баеги новинарство. Емисија „Јади бурек“, 23.01.2015. Фото: видеоклип скриншот
 

Зарем може еден новинар кој држи до своето реноме и углед, на секоја реченица од премиерот да вели: „да, така е“,  „во право сте (си)“,  „убаво го кажа ова“…

  Пишува: Оливера Војновска   „Ласкањето е легален вид корупција. Законот за тоа не предвидува казна“  Шарл Бодлер Оваа мисла на Бодлер,  еден

Претплатете се за најнови вести