verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Институциите и јавните претпријатија треба да бидат фактор во борбата против дезинформациите

на 27. 01. 2020 | |

Во борбата против дезинформациите одговорност немаат само медиумите и новинарите, туку и државните институции се одговорни. Истото важи и за јавните компании, кои доколку одлучат да комуницираат со јавноста, подобро е да го сторат тоа преку канали за јавна комуникација, како што се веб-страници, социјални мрежи и јавни активности

Пишува: Фатбарда Цури Неснабдувањето со електрична енергија на жителите на селo Грчец во општина Сарај – Скопје предизвика реакции од некои

Читателот заслужува информацијата, а не исмевање

на 23. 01. 2020 | |

Коментар на фотографија, посветување стихови, изреки, описи од историјата, малку „патриотизам“, употреба на реторика што обично се слуша во говорите на политичките претставници, неосновани предвидувања, ставање на прашалник и недавање на ниту една информација…Кога читателот е соочен со текст што ги содржи сите овие елементи, тој чита, евентуално, само коментар што е ставен во категоријата „Вести“ и ништо повеќе

Таква е „веста“ што ја разгледуваме. Ако коментарот би бил во

Николовски не забранува одење во кафеани,  туку говори за претпазливост на социјални мрежи

на 21. 01. 2020 | |
[Рецензија: Им остана уште викендот за пијанчење: Од понеделник во СДСМ ќе се пее „И тебе сам сит кафано“ од Харис Џиновиќ] Текстот што е предмет на оваа рецензија во голема мера е тенденциозен и има за цел да ја оцрни владејачката СДСМ и нејзините членови. Линк до оригиналниот напис: Им остана уште викендот за пијанчење: Од понеделник во СДСМ ќе се пее „И тебе сам сит кафано“ од Харис

Симон Трпчески не го прекина концертот во Штип

на 20. 01. 2020 | |
[Симон Трпчевски прекина концерт во Штип] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи не е вистина дека светски познатиот пијанист Симон Трпчески го прекинал концертот во Штип. Најпрво, Трпчески немаше самостоен концерт за да го прекине, туку тој беше гостин на новогодишниот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, при што имаше два настапa на концертите на 25 декември, од 17 и 19 часот. Линк до оригиналниот напис: Симон Трпчевски прекина

Изборните кампањи на партиите во медиумите и јавните пари

на 20. 01. 2020 | |

Финансирањето на политичките партии е јавна и транспарентна активност. Барем така предвидува законот. Граѓаните и надлежните органи треба да имаат целосен пристап до финансиските извештаи на партиите. Во овој едукативен напис за тоа како работи триаголникот буџет-партија-медиуми, ние ќе се занимаваме само со правниот аспект на финансирање на партиите и изборната кампања, без да навлегуваме во други нелегални форми преку кои евентуално се полнел буџетот на која било партија 

Пишува:

Два реда текст не секогаш е новинарство!

на 20. 01. 2020 | |

Новинарскиот напис мора да се заснова на факти за да се оправда главната цел, да се информира читателот. Во текстот што го разгледуваме, има само неколку реда што не даваат информации, туку обратно, се основа за предизвикување уште поголема забуна кај читателите

Линк до оригиналниот напис: „По дербито Вардар – Шкупи истепани 2 Албанци од комитите“ Pas ndeshjes Vardar-Shkupi rrihen 2 shqiptarë nga Komitat (FOTO) Датум на објавување: 24.11.2019 Датум

Тендерот за струјата не е за Анѓушев, тој веќе две години не е газда на ЕДС

на 16. 01. 2020 | |
[Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира бидејќи поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев повеќе не е сопственик на „Енерџи деливери солушн ЕДС“ ДООЕЛ, фирма со која Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка на струја. Имено, Анѓушев го продаде ЕДС на грчкото електростопанство, односно грчката национална

Медиум „масакрира” јавни личности криејќи се зад социјални мрежи

на 15. 01. 2020 | |

Коментарот на Зоран Заев за изјавата на Мухамед Зекири за односите меѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ), создаде идеално опкружување за некои медиуми да манипулираат со јавноста и да ги дезинформираат со злоупотреба на коментарите на социјалната мрежа Фејсбук. Патем, на медиумите им е забрането да шират говор на омраза што претставува кривично дело. Таква е веста што ја разгледуваме

Линк до оригиналниот напис: 

Со сериозен наслов не се пренесува шега

на 13. 01. 2020 | |
Ако сте од оние кои читаат само наслови, можеби веќе се сретнавте со „веста“ дека досегашниот премиер Зоран Заев ја дал ќерката за да се потпише Преспанскиот договор или, пак, во замена за грчки остров. Колку и спектакуларно да звучи и често да се појавува, сепак, овој наслов не е вистина. Всушност, се работи за исечок од опуштено новогодишно интервју во домот на Заеви подготвено како разговор на новинарот Мишко

Во иранскиот напад врз американските бази НЕ загинаа 80 лица

на 13. 01. 2020 | |
[Иран им одговори на САД со напад на бази во Ирак, убиени најмалку 80 лица] Информацијата дека Иран нападна две американски бази во Ирак, по убиството кое што САД го изврши врз иранскиот генерал Касим Сулејмани, силно одекна во медиумскиот простор каде што во желбата што повеќе и побрзо да се информира, медиумите направија грешки. Линк до оригиналниот напис: Иран им одговори на САД со напад на бази во Ирак,

Претплатете се за најнови вести