verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Теории на заговор за коронавирусот како биолошко оружје

на 7. 02. 2020 | |
[Рецензија: Израелски шпион тврди: Коронавирусот е излезен од лаборатории во Вухан!] „Мисли глобално, делувај локално“, е старата добра максима на еколошките движења во светот и кај нас. Но, таа максима честопати е злоупотребена при пренесувањето на вестите и текстовите за актуелни теми во светот, како што деновиве е случајот со ширењето на новата здравствена закана – коронавирусот, и глобалната паника што произлегува од ширењето вести со непроверена содржина. Испаѓа дека

Коронавирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“

на 6. 02. 2020 | |
[Рецензија: KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес? ] Насловот на текстот што го рецензираме се обидува да ги доведе во корелација ширењето на коронавирусот и пратките на „Али експрес“, но едно со друго не оди. Ширењето на коронавирусот не се пренесува преку пратка на човек, туку од човек на човек, потврдува и Светската здравствена организација. Линк до оригиналниот напис: KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат

Функционерите се критикуваат со факти, а не со лични проценки

на 5. 02. 2020 | |

Медиумскиот простор наменет за вести треба да се користи за правилно и непристрасно информирање, без оглед на личните погледи на медиумот или новинарот. Во текстот што го разгледуваме, овој простор се користи за напад на политичар и за фалби за партијата на која припаѓа  

Линк до оригиналниот напис: „Ослободени ‘белите дробови’ на ДУИ во Куманово – Липково, Садула Дураку отстранет од сите партиски органи“   Lirohen “mushkëritë” e BDI-së në Kumanovë

Случај кога насловот треба да го прочитате како „Игнорирај“

на 5. 02. 2020 | |

Кога станува збор за собирање на кликнувања, читателите може да се соочат со секаков вид текстови што личат на сè, но не на вест. Во овие времиња, е доволно фотографија или видео од некоја личност, дури и ако тој не е јавна личност, но кој има семејна врска или каква било врска со лице кое има јавна функција и некои онлајн медиуми да создаваат празни текстови. Таква е веста што

Прогнозите и среќата не се дел од професионалната работа на новинарот

на 4. 02. 2020 | |

Фразите  „како што дознаваме од неофицијални информации“ или „како што известуваат неофицијални извори“, не го ослободува новинарот од одговорноста за вистинитоста на информацијата што ја пласира. Љубопитноста на новинарот може да ја пробудат многу гласови, но во јавноста се објавуваат само верификувани информации, а анонимноста на изворите треба да се потенцира само ако изворот решил да биде анонимен. Написот што го разгледуваме не ги исполнува принципите на професионалното новинарство.

Линк

Од манипулативен наслов до спин

на 4. 02. 2020 | |

Техничката влада во Северна Македонија и рамковните измени предвидени за нејзино функционирање не се одлука на актуелниот премиер Зоран Заев, туку тие беа предвидени во Пржинскиот Договор во 2015 година. Оттука, ако ДУИ во Техничката влада не управува со актуелните министерства, не станува збор за тоа дека Заев го отстранил од Владата лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како што се наведува во написот што го разгледуваме

Линк до оригиналниот напис:

Руски верски текстови за наводни пророштва сеат паника за новиот коронавирус

на 4. 02. 2020 | |
Религиозноста на дел од македонските граѓани се користи за ширење паника и дезинформации поврзани со новиот коронавирус, кој Светската здравствена организација (СЗО) го означува како 2019-nCoV, при што манипулативно се цитираат руски текстови за неговата појава да се претстави како почеток на светска катастрофа. Така, на пример, Фејсбук страницата „Православна Македонија“ има објавено пост со фотографија од фреска на Богородица по која тече вода што евентуално би требало

„Пазарот на ужасот“ е во Индонезија, не во Вухан

на 3. 02. 2020 | |
[Рецензија: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот] Во време кога во светот главна преокупација е коронавирусот, медиумите мора да бидат особено претпазливи со пренесувањето на вестите кои се однесуваат на овој вирус. Линк до оригиналниот напис: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот Датум и време на објавување: 30.01.2020 Датум на рецензирање: 03.02.2020 Рецензент: Ана Анастасовска Во нашиот обид да ги ловиме лажните вести и дезинформации кои

Еден наслов, дезинформации рој – Америка не го забрани безготовинското плаќање!

на 3. 02. 2020 | |
[Америка воведе забрана за безготовинско плаќање и го враќа кешот во оптек] Насловот на текстот што го рецензираме претставува целосна дезинформација  (всушност, во него има три дезинформации) и не е усогласен со веста дадена во содржинскиот дел на текстот. Фактички, самиот наслов многу малку го претставува текстот  – а основната функција на еден наслов е да биде своевидна „најава“ за тоа што може да се прочита внатре во написот. Дополнително,

Дезинформаците за новиот корона вирус влегоа во македонскиот етер

на 31. 01. 2020 | |
Светската тема број 1 – епидемијата со новиот корона вирус, која полека се шири низ Кина и низ светот, а заедно со неа и многу дезинформации, беше една од двете теми на контактната емисија „Црвена линија“ на телевизијата Телма во вторникот, од 16.15 до 17.30 часот. Дузината гледачи што се јавија ги изразуваа своите мислења и за почетокот на расправата за новиот закон за јавното обвинителство во Собранието и за тоа

Претплатете се за најнови вести