verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Пазарот на ужасот“ е во Индонезија, не во Вухан

on 3 - 02 - 2020       

[Рецензија: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот]

Во време кога во светот главна преокупација е коронавирусот, медиумите мора да бидат особено претпазливи со пренесувањето на вестите кои се однесуваат на овој вирус.

Линк до оригиналниот напис: (Видео) Пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот

Датум и време на објавување: 30.01.2020

Датум на рецензирање: 03.02.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Во нашиот обид да ги ловиме лажните вести и дезинформации кои почнаа да се шират во врска со новиот коронавирус, и истите да ги разобличиме, наидовме на овој текст кој пренесува видео од „пазарот на ужасот од кој почна коронавирусот“. Видеото беше пренесено од поголем дел од македонските медиуми, иако станува збор за лажно видео.

Видеото го пренесе и Макфакс, а во текстот се вели:

Иако се нарекува пазар на морски плодови Хуанан, на овој пазар се продава многу повеќе од морска храна. На таквите пазари, покрај мртва и жива живина и добиток, можат да се најдат и разни живи диви животни: птици, зајаци, стаорци, лисици, лилјаци, змии и други влекачи, магариња, камили, па дури и мајмуни.

 Која е вистината за пазарот на ужасот во Вухан?

Вистината е следна: Видеото не е од пазар во Вухан, ниту било каде во Кина, туку станува збор за пазар во Индонезија. Кога ќе го пуштите видеото ќе видите со големи букви дека пишува „Pasar Estream Langowan“, па кога ќе прогуглате, ако не знаете каде се наоѓа Лангован, ќе видите дека тоа е во Индонезија, а не во Кина.

Истото видео, доколку го побарате на каналот Јутјуб, ќе видите дека е објавено и во декември 2019 година.

Во екот на коронавирусот, некој го земал ова видео, му залепил наслов „wuhan china, from here it all started the market“ (Вухан, Кина, од овој пазар започна се) и го пласирал како пазарот на ужасот од кој почнал да се шири коронавирусот.

Дека ова видео е лажно воочиле и од сервисот за проверка на факти на Агенцијата Франс прес (AFP factcheck) и од Faktly.

Речиси 48 организации од целиот свет, обединети во рамките на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) од минатата недела работат на разобличување на дезинформациите за коронавирусот.

Меѓународната мрежа на проверка на фактите за новооткриениот сој на коронавирусот ќе функционира сè додека болеста се шири, а може да се следи и на социјалните мрежи, преку хаштаговите #CoronaVirusFacts и #DatosCoronaVirus.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести