verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Како тендерот за кетеринг на Архивот од 5 илјади стана 5 милиони евра

на 13. 02. 2020 | |
[Рецензија: 5 (пет) милиони евра за кетеринг за Државен Архив а немате 50.000 евра за награда за екипата на „Медена земја“?!?] Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова на „Твитер“ сподели објава со која шири дезинформација дека Државниот архив распишал тендер за кетеринг вреден пет милиони евра. Цветанова се повикува на тендерот објавен на Бирото на јавни набавки (објавен и на „Тајм“),  а во кој има очигледна грешка – на реалната

Тоалетите во училиштето во Јегуновце не се руинирани туку реновирани

на 12. 02. 2020 | |
[Рецензија: ХОРОР СЦЕНИ: Би пуштиле ли дете да учи во училиште со вакви тоалети?! (ФОТО)] Написот што го рецензираме се потпира единствено на статус од Фејсбук профилот на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Јегуновце и притоа ја дезинформира јавноста дека тоалетите во основното училиште ,,Александар Здравковски”  се руинирани. Тоа го прави уште со насловот кој е сензационалистички и наведува на погрешен заклулок, дека состојбата на тоалетите во училиштето  во Јегуновце е лоша

Исцрпен извештај за штрајкот на машиновозачите, но испуштен важен податок

на 12. 02. 2020 | |
[Рецензија: Блокада на железничкиот сообраќај, машиновозачите бараат 30 отсто надомест на плата] Во овој извештај за штрајкот на машиновозачите од „Македонските железници“ можеме да дознаеме кои се нивните барања, но не и основното – колкави се нивните сегашни плати платите на незадоволните. Ова е многу важен податок, кој на читателот ќе му помогне да изгради став за оправданоста на барањата на машиновозачите.
Линк до оригиналниот напис: Блокада на железничкиот сообраќај, машиновозачите

Фотографијата може да информира, но и да биде само мамка за манипулација

на 11. 02. 2020 | |

Иако во јавноста е широко познато дека „фотографијата зборува колку илјада зборови“, во медиумите има случаи да не важи ова и наместо правилно да информира, ја дезинформира јавноста. Таков е написот што ќе го разгледаме

Линк до оригиналниот напис: „Алијансата за Албанците зајакнува во Скопје, еве кој и се приклучува“  “Aleanca për shqiptarët forcohet në Shkup, ja kush i bashkohet? (FOTO)“ Датум на објавување: 31.12.2019 Датум на рецензија: 03.01.2019 Рецензира:

Не се рушат тениските терени во Карпош, туку бесправно изградените објекти околу нив

на 11. 02. 2020 | |
[Рецензија: Богоев незаконски руши тениски терени во Карпош, децата кои таму остваруваат успеси станаа жртва на бизнис интерес] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи тениските терени во Карпош нема да бидат срушени туку ќе се отстранува бетонската градба до теренот. Во демантот на Општина Карпош се појаснува дека „при извршен инспекциски надзор утврдено е дека субјектот кој стопанисува со терените поседува дозвола за монтажно – демонтажни соблекувални, а

Не, со алкохол не се лечи коронавирусот!

на 11. 02. 2020 | |
[Рецензија: ЕВЕ ГО ЛЕКОТ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Проф.д-р Кантарџиев тврди дека алкохолот го убива вирусот за неколку секунди ] Да се тврди со големи букви во самиот наслов дека има лек за коронавирусот во најмала рака е неодговорно и неетички. А, да се тврди дека лекот е пиење алкохол тоа е тотална глупост и дезинформација. Линк до оригиналниот напис: ЕВЕ ГО ЛЕКОТ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Проф.д-р Кантарџиев тврди дека алкохолот го убива

Сомневањата околу поздравот на Атиџе до Ердоган требало да се проверат

на 11. 02. 2020 | |
Во написот на Агенцијата Мета се искажува сомневање дали протагонистката во македонскиот документарен филм „Медена Земја“, Атиџе Муратова, во нејзиното интервју за турската Агенција Анадолија, навистина го поздравила турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. И, ако се погледнат македонската и англиската верзија, такво нешто во видео клипот од интервјуто нема. Авторот на написот од Мета пред себе имал две јазични верзии во кои поздравот на Атиџе го нема и ова ги

Роденденот на Ахмети и оставката на Заев

на 10. 02. 2020 | |

Медиумите во никој случај не треба да искривуваат одредени ситуации и да ги користат истите да шпекулираат, како во написот што ќе го разгледаме. Од тука проценуваме дека медиумот наместо да информира, манипулира и ја дезинформира јавноста

Линк до оригиналниот напис: „Што прослави Али Ахмети? Неговиот роденден или падот на шестиот премиер по ред“  “Çfarë festoi Ali Ahmeti? Ditëlindjen e tij, apo rrëzimin e kryeministrit të 6 të me radhë”

Новинарот не смее да пишува идолопоклонички

на 7. 02. 2020 | |

Написите што излегуваат од Пи-Ар (канцеларии за односи со јавност) на политичките партии или други организации, институции, а кои се емитуваат како целосни информации, немаат никаква врска со вест. Текстот што го разгледуваме не е јасно дали е соопштение на политичка партија, дали е  пишување од Пи-Ар агенција или слично, но, сигурно не е вест

Линк до оригиналниот напис: „Конгрес на ДУИ, Али Ахмети и голема победа од 12 април“   

Манипулативен наслов изваден од контекст  

на 7. 02. 2020 | |
[Рецензија: Заев е убеден дека Гоце Делчев се гордее со промена на името поради членство во НАТО] Насловот на овој текст нема никаква врска со содржината во текстот и претставува груба манипулација на јавноста. Текстот, всушност, не е ништо друго туку целосно пренесување на Фејсбук објава на досегашниот премиер и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев по повод раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, врамена со коментаторски наслов изваден од

Претплатете се за најнови вести