verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од манипулативен наслов до спин

on 4 - 02 - 2020       

Техничката влада во Северна Македонија и рамковните измени предвидени за нејзино функционирање не се одлука на актуелниот премиер Зоран Заев, туку тие беа предвидени во Пржинскиот Договор во 2015 година. Оттука, ако ДУИ во Техничката влада не управува со актуелните министерства, не станува збор за тоа дека Заев го отстранил од Владата лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како што се наведува во написот што го разгледуваме

Infoshqip: Zaevi mund ta largojë edhe Ahmetin nga Qeveria, ja kush shkruan?!

Инфошќип: Заев може да го отстрани и Ахмети од Владата, еве кој пишува!

Линк до оригиналниот напис: „Заев може да го отстрани и Ахмети од Владата, еве кој пишува!“ Zaevi mund ta largojë edhe Ahmetin nga Qeveria, ja kush shkruan?!”

Датум на објавување: 18.12.2019

Датум на рецензија: 22.12.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Манипулативен наслов

Манипулацијата медиумот започнал уште од насловот, со што на јавноста треба да и остави впечаток дека токму Заев е тој што ќе го отстрани Ахмети од владата. Сепак, медиумот не соопштува дека дури и ако Ахмети изгуби какво било министерство, тоа едноставно е резултат на Договорот од Пржино.

„Зоран Заев со оставката од функцијата премиер може да им се заблагодари и на министрите на ДУИ, разрешувајќи ги од министерските места во техничката влада. Ова го најавува порталот Плусинфо, кој предупредува на вакво сценарио, пренесува ИНА. Според овие предупредувања, министерските места на ДУИ ќе ги пополни ДПА и Алтернатива кои се дел од сегашната владејачка коалиција. Плусинфо исто така ја цитира изјавате изнесена синоќа од страна на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој истакна дека коалицијата работи во нормални услови“, се вели во написот што го разгледуваме. 

Но, гледајќи дека во текстот има повикување и на друг извори, го проверивме и утврдивме дека информацијата не било правилно пренесена, затоа што насловот не одговара на написот. Ова може да се види и од делот на текстот каде се пишува за односот меѓу СДСМ и ДУИ, кои биле разнишани по илјадниците амандмани што ДУИ ги достави до Изборниот законик, додека СДСМ беше против тоа.

„За односите во рамките на владејачката коалиција, СДСМ ќе се расправа до крајот на неделава и тогаш ќе биде јасно дали формирањето техничка влада што ќе ги спроведе изборите ќе значи и прекинување на соработката меѓу СДСМ и ДУИ“, стои во написот што го разгледавме.

Оттука проценуваме дека во медиумот го користеле концептот на манипулација „Повик на можност“. Со овој концепт, медиумот се обидел да создаде впечаток кај јавноста дека отстранувањето на Ахмети од Владата може да се случи како резултат на разнишаниот однос.

Искривена информација – спин

Овие случаи, кога медиумите политичките ситуации ги прикажуваат според интересите на едната страна, како што е случајот во написот што го разгледавме, прирачникот на КриТинк ги оценува како искривувачки.

„Искривувањето (СПИН) – искривувањето, односно спинувањето е пропагандна техника што вклучува презентирање на приказната во интерес на една од страните, на која и одговара“, се наведува во Прирачникот.

За читателите: Внимавајте на „атрактивните“ наслови 

Целта на сензационалните наслови е да се манипулира со јавноста. Таквите наслови се прават за да се привлечат што е можно повеќе кликања за веста, додека свесно манипулира за да го примами читателот да кликне на вести и да ги прочита информациите. Сепак, мора да запомните дека наместо да бидете информирани, со ваквите наслови и написи вие можете да се дезинформирате и да бидете жртва на класичен спин.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести