verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коронавирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“

on 6 - 02 - 2020       

[Рецензија: KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес? ]

Насловот на текстот што го рецензираме се обидува да ги доведе во корелација ширењето на коронавирусот и пратките на „Али експрес“, но едно со друго не оди. Ширењето на коронавирусот не се пренесува преку пратка на човек, туку од човек на човек, потврдува и Светската здравствена организација.

Линк до оригиналниот напис: KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес?

Датум и време на објавување: 05.2.2020

Датум на рецензија: 06.2.2020

Рецензира: Силвана Жежова

Ако се суди според податоците добиени од македонските пошти, кај граѓаните не постои страв да нарачуваат облека и други производи од Кина. Откако корона вирусот е топ тема во светот, тие не забележале пад на нарачките од Али експрес, кои се доставуваат до граѓаните.

Содржината на текстот што ја рецензираме всушност го побива насловот (Корона вирус „коси“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес?), бидејќи цитираните изјави од Пошта и на граѓаните кои одговараат на прашањето поставено во него, говорат дека ниту нарачките се намалени, ниту граѓаните се плашат.

Според изјавата од Пошта која се пренесува во текстот, оваа институција нема добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот, ниту од Министерство за здравство, ниту од  Светскиот поштенски сојуз. А тоа е така поради фактот што корона вирусот не се пренесува преку пратките по пошта. Кај граѓаните, пак, исто така, постои свесност за тој факт. Оттука, не е јасно чуму прашањето во наслов, за страв од пратки од „Али експрес“, поради ширењето на корона вирусот?!

Во информативното и едукативното видео објавено од страна на Светската здравствена организација во однос на потеклото на вирусот, генезата, можните причинители за негово настанување, ризичните групи, превенцијата може да се види дека во однос на пренесувањето, коронавирусот се пренесува од човек на човек, како и најповеќето вируси.

Оттука, имајќи го предвид овој факт како и изјавите во текстот, насловот е сензационалистчки и со него се прекршува членот 8. од Кодексот на новинари.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми, се вели во член 8.

Постојат различни начини за насловите на текстовите да бидат атрактивни и да го привлечат читателот, но тие, пред сè треба да бидат точни и да не шират дезинформации. Имајќи предвид дека корона вирусот е топ тема во светот, се прават обиди тој да се доведе во различни корелации и контексти на пишување на новинарски текстови кои се далеку од вистината, а само за читаност и број на кликови.

На граѓаните им требаат вистински информации поврзани со ширењето на овој вирус и превенцијата, и несериозно е да доведете во корелација начин на ширење на корона вирус со пратки од „Али експрес“.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести