verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Институциите и јавните претпријатија треба да бидат фактор во борбата против дезинформациите

on 27 - 01 - 2020       

Во борбата против дезинформациите одговорност немаат само медиумите и новинарите, туку и државните институции се одговорни. Истото важи и за јавните компании, кои доколку одлучат да комуницираат со јавноста, подобро е да го сторат тоа преку канали за јавна комуникација, како што се веб-страници, социјални мрежи и јавни активности

Пишува: Фатбарда Цури

Неснабдувањето со електрична енергија на жителите на селo Грчец во општина Сарај – Скопје предизвика реакции од некои жители, кои ги објави порталот „Алмакос“, во кои е нападнато јавното претпријатие надлежно за снабдување со електрична енергија, „ЕВН – Македонија“. Случајот доби етничка конотација на која реагираа некои политички партии.

ЧИТАJ: „Жителите на Грчец: Скандалозно е цело село да се казнува со над 40 часа без електрична енергија“  Banorët e Gërçecit: Është skandal që dënohet një fshat i i tërë për mbi 40 orë pa rrymë!
ЧИТАЈ: „Грчец во целосен мрак, силно се критикува  ЕВН и се најавуваат масовни протести“  Gërçeci në terr të plotë, kritikohet fortë EVN-ja dhe paralajmërohen protesta masive

ЧИТАЈ: „Жителите на Грчец го предупредуваат ЕВН: Ќе ви направиме полошо од Бугарија“  Banorët e Gërcecit paralajmërojnë EVN-në: Do t`ua bëjmë më zi se në Bullgari
ЧИТАЈ: „АА: Не експериментирајте со животот и судбината на жителите на Грчец бидејќи ќе скршите глава некој ден“  ASH: Mos eksperimentoni me jetën dhe fatin e qytetarëve të Gërçecit sepse do thyeni qafën një ditë
ЧИТАЈ: „Африм Гаши во одбрана на Грчец, остри критики за ЕВН и Општина Сарај“  Afrim Gashi merr në mbrojtje Gërçecin, kritika të ashpra EVN-së dhe Komunës së Sarajit

Реакцијата на „ЕВН – Македонија“ ја нема

Причините за прекинот на електричната енергија во с. Грчец што ги споменаа некои медиуми не беа пронајдени на веб-страницата на компанијата, а истите не беа испратени ни до медиумите. Така што јавноста чита дека ЕВН има реакција на некои медиуми, ама на нивната веб-страница тоа го нема, ниту можевме да го најдеме на други канали на социјалните медиуми.

FOTO KOMPLET PREJ KATEGORISË NGA KOMUNIKATA PËR MEDIA

ФОТОГРАФИЈА ОД КАТЕГОРИЈАТА ОД СООПШТЕНИЕТО ЗА МЕДИУМИ

Вториот случај беше со реакцијата на партијата Алијанса за Албанците за тешките услови во болницата на Гостивар.

ЧИТАЈ: „АА: ДУИ и Асим Муса ја зборавија болницата во Гостивар“  ASH: BDI dhe Asim Musa lënë në harresë spitalin e Gostivarit

Некои медиуми ја објавија реакцијата на Болницата, но не прецизираа преку кои канали е обезбедена. Болницата нема веб-страница, реакцијата не е испратена преку ПР-канали, туку на социјалната мрежа „Фејсбук“ се наоѓа страницата Hospital д-р Ферид Мурад Гостивар. Како што може да се види, дури и именувањето не е правилно и не личи на јавна установа, затоа што е напишано на англиски јазик. Реакцијата на болницата, која ја објавија некои медиуми, се среќава тука.

Reagimi i Spitalit të Gostivarit në "Fejsbuk"

Реакција на Болницата од Гостивар на „Фејсбук“

Примерите за недостаток од соодветна комуникација во случајот на ЕВН Македонија и на гостиварската општа болница создаде идеално опкружување за развој и создавање дезинформации за состојбите во гостиварската болница – „дека се лоши“ и дека ЕВН Македонија „експериментира со животот на жителите на Грчец“.

Потребата од јавна комуникација

На институциите и јавните претпријатија треба да им биде јасно дека за да се борат со дезинформациите, треба да ги вклучат сите страни во проблемот и дека тие треба да постигнат брза и ефикасна координација со медиумите. Оваа комуникација може да се оствари преку секторот ПР (Public Relations) или Односи со јавноста. Овој сектор, покрај тоа што ѝ овозможува на јавноста да се информира за работата на институциите и претпријатието, овозможува и професионално да се зачува професионалниот имиџ на институциите и претпријатијата.

Дури и во објаснувањето на Здружението за јавни комуникации, за една од главните цели на стратегијата за комуникација се смета дека е:

  • Навремено и правилно информирање на граѓаните за нивните права.
  • Учество и проактивност во донесувањето одлуки од јавен интерес.
  • Решавање проблеми поврзани со политиката, економијата и социјалната сфера во општеството.
  • Како канали преку кои може да се одржи јавна комуникација се наведени: веб-страницата, социјалните мрежи („Фејсбук“, „Твитер“), брошури и јавни настани.

Во нашиот случај, гостиварската болница користеше само „Фејсбук“, но не на правилен начин, а „ЕВН Македонија“ не.

Институциите во формирањето и развојот на ПР-секторот, исто така, треба да ангажираат професионални лица кои ќе знаат како да комуницираат со јавноста. Во борбата против дезинформациите, брзата и официјална информација е еден од клучните елементи.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести