verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Шољаковски

Институции: Сè е исто, а и тој е тука

на 8. 09. 2016 | | sq
„Рекламократија“ на Пол и Корнблут. Антиутопија во книга и уште една во реалноста? Фото: на издавачот

Македонија наместо демократија доби рекламократија. Сѐ е базирано на тоа народот да се држи во заложништво преку сервирањето шарени пропагандни лаги – сè со намера да не се остави простор да размисли за стварноста и за перспективите

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Поминаа осум месеци откако Груевски не е на чело на Владата. И? Нема

Трансформација на медиумите: За изместените вредности

на 10. 08. 2016 | | en
  Новинарство – од регулатор на јавните политики до играчка на политичарите. Фото: pixabay  

Ад хок телото за контрола на медиумите ќе биде уште една причина за политички кавги. А, тоа ќе биде така затоа што кај нас, едноставно, новинарските критериуми, оние едноставни, здрави, ноторни во светот на демократијата, се целосно измесетни

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Претстои средување, безмалку трансформација на медиумската сфера! Така, барем, по којзнае кој пат,

Медиумски престројувања: Зошто Сорос толку ѝ пречи на власта?

на 19. 06. 2016 | | en
Џорџ Сорос учествува во панел-дискусијата на фондацијата „Хајнрих Бол“ во Берлин. Фото: Heinrich-Böll-Stiftung, 2014  

Секоја власт која своето битисување го користи за материјално себезбогатување на сметка на сопствениот народ е деформирана од почеток. Затоа ѝ пречи сè она доаѓа како критика и ограничување на остварување на нивната ненаситна желба за моќ и за пари. Сегашнава воопшто не се разликува.

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Не чув сè уште дека новиот министер

Медиумски хајки – Форсирање на надворешниот (а богами и на внатрешниот) непријател

на 25. 05. 2016 | | en
Жолти комбиња и измислени непријатели во калта. Фото: flickr  

Откако почна политичката криза со „бомбите“, се засилија конструкциите за тоа дека се работи за план направен однадвор, дека во прашање се тајни служби со уште потајновити сценарија и со јасна цел – да се урнe режимот на Груевски. Сè тоа режимскиот печат мошне упорно го форсира

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   На почетокот беше она жолто комби и техичката помош

Самракот на македонското новинарство: Каде е портирот?

на 2. 03. 2016 | |
„Новинарство“ – натпис што личи на епитаф. Фото: Adam Kuban/flickr, 2009
 

Во една колумна на истово место минатата година забележав дека  најголемото зло што оваа власт на Груевски го направи e длабоката и главно вештачка поделба на македонското општество. Тоа особено важи кога станува збор за новинарството

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Како некој чија судбина била поврзана со новинарството преку четири децении, си земам за слобода да оценам

Изјава која ја истресе Македонија: ЕУ препорака – назад во едноумието!

на 3. 02. 2016 | | sq
  Југословенската комунистичка пропаганда: До ова дереџе ли стигнавме? Фото: архивска фотографија  

Како минуваат деновите по онаа необјаснива изјава на комесарот Хан дека не е битно кој учествува на изборите туку дали се тие регуларни, демократски(!?) и слободни, не можам да се оттргнам од сеќавањата на едни други времиња за кои мислевме дека нема да се повторат.

  Пишува: Александар Шољаковски   Еврокомесарот Јоханес Хан, со својата изјава за

Во системот на „1984“

на 12. 11. 2015 | | sq
Варијација на тема: 1984 (две минути омраза). Фото: David Blackwell  

Ако мислевме дека Орвеловиот роман „1984“ се случува во некој фиктивен, неможен, алегориски свет, сфаќаме дека се работи за систем кој мошне успешно се развива и се негува во Република Македонија. Преуредувањето на медиумите треба да биде направено за конечно да не ни се повторува минатото

  Пишува: Александар Шољаковски   Кога се говори за медиумите, Македонија, практично, никогаш и не

Печатени медиуми: Најголемата тајна на македонското новинарство

на 8. 10. 2015 | |
Во Македонија никој не дистрибуира весници со камиони. Комбињата се сосема доволни. Фото: longtrekhome, 2009  

Според странски, главно релевантни извори, севкупниот тираж на дневните весници кај нас секогаш бил околу 50.000 примероци. Ова бројка никогаш не се смени иако денес е веројатно помала. Таа бројка нѐ сведува на најдолното место во Европа во однос на весници и на број на жители. Во Македонија воопшто малку се чита, а таа тенденција

Прилог за истрaжувачкото новинарство: Следете ги парите

на 10. 09. 2015 | | sq
Вистина. Фото: Victoria Landon, 2009  

Македонското истражувачко новинарство не може да се пофали со некои високи дострели дури и во овие пресудни демократски моменти, кога е на повидок можноста за распаѓање на една закоравена информативна структура која нема врска ниту со базичното колку-толку професионално и чесно информирање

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   „Сите се колнат во истражувачкото новинарство, но малку кој успева да го практикува и да го привлече позначајно вниманието

За нашите проекти: Изгубени во транзицијата

на 22. 08. 2015 | |
Никола Груевски и Субрата Рој. Фото: Влада на РМ  

Прелистувајќи по документацијата за она што било забележено во медиумите (и во меморијата), фрапира сознанието дека листата на приоритетите, стартегиските определби и настојувања во овие 25 години е и листата на бројни целосни промашувања и грешки

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Сега е јасно, тргнавме во транзицијата на општеството во деведесеттите како боси в трње. Мислевме дека сме мала земја, со вреден

Претплатете се за најнови вести