verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Шољаковски

За државотворноста: Четврт век подоцна

на 11. 08. 2015 | |
Прослава на независноста на Република Македонија – 8 Септември 1991 година. Архивска фотографија.  

Тажна е македонската приказна за градењето на самостојната држава во секој поглед. За четвртина столетие не успеавме да се извлечеме од ропството на неефикасноста и на политичката недоветност

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Некои работи во општествата одат со несразмерна брзина. Работите во стварноста се одвиваат побавно отколку што тоа јавноста го очекува. И, за чудо, иако

Медиумска моќ: Лидерство на случајните

на 20. 07. 2015 | |
„Сличен на сличниот му се радува (similis simili gaudet)“ – изрека која важи во политката, но и во медиумите. Фото: EPP, 2012  

Можат ли случајни личности да достигнат врвови во политиката? Можат, но во моментот кога ќе ја приграбат власта, тие престануваат да бидат „случајни“! Токму тоа двојство е причина заради која селекцијата во власта треба да биде ригорозна

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Низ македонската политичка историја една од најважните

Македонија земја во морален колапс

на 26. 06. 2015 | | sq
Сириски бегалци. Фото: EC/ECHO    

Медиумски сме преплавени со случувањата, главно, за две работи. Првата е аферата со прислушувањето, втората е бегалската криза. Но, во двата случаи медиумите не се обидуваат да ги објаснат подлабоките причини за нашето однесување во овие настани

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Во двата случаи има нешто заедничко и неминовно се наметнуваат сериозни морални прашања и дилеми. Во првиот случај, прашањето е: како е можно да

Иницијативи: Време е за национална конвенција

на 5. 06. 2015 | |
Олтарот на Националната конвеција/Олтар на Републиката, Пантеон, 1913, Париз. Фото: François-Léon Sicard, 2005  

Во талкањето од еден до друг договор, од еден до друг камп, од едни до други (главно лажни) изјави и ветувања, медиумите би требало да се насочат кон некои посуштински прашања и одредници за иднината на земјата

  Пишува: Александар Шољаковски   Како минува времето на траењето на политичката криза, така излегуваат на површина сите дефекти на

Поделби: Divide et impera

на 18. 05. 2015 | |
Кога дишеме, дишеме заедно. Фото: Antidotezine   Во трагичниот попис на злосторствата што ги направи (и сè уште ги прави) оваа власт, една ќе остане забележана како најпогубна. Тоа е целосната поделба на „наши“ и на „ваши“, поделбата на „комуњари“ и на „вмровци“   Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   За волја на вистината, на овој план „работеле“ сите досегашни гарнитури на власт. Тоа го правеше и СДСМ. Но, разликата е во тоа што

Јавноста очекува оставки

на 7. 05. 2015 | |
Оставки, оставки насекаде – Никсон, Мубарак, папата Бенедикт, Бланкет. Фото: Flickr  

Според зачестеноста во јавноста и во медиумите, покрај „бомбите“ и „криза“, најчесто споменуваниот збор е „оставка“. Особено откако тоа го споменаа и тукашните амбасадори како услов за почнување на решавањето на кризата. За оставките се зборува, но нив ги нема

  Пишува: Александар Шољаковски   Се мислеше дека „бомбите“ (така Заев најавуваше и се надеваше), уште веднаш ќе имплодираат во

Медиумска заслепеност: Македончето на семафор

на 23. 04. 2015 | |
Разнишан семафор – разнишана реалност. Фото: Dome Poon, 2010  

Актуелниве властродршци завладеаја со медиумите, а во нив инсталираа бескрупулозни битанги. Строго диригирани од исти такви во највисоките нивоа на власта, медиумите ја одигруваат највалканата игра, која ни фамозната комунистичка пропаганда не успеваше во целост да ја изведе

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Што најчесто прави обичниот македонски возач, чекајќи на црвено пред семафор? Се разбира, како што доликува на сите

Медиумски влијанија: Кога антиевропското победува

на 10. 04. 2015 | |
Исток или Запад – на која страна ќе ја насочиме нејзината иднина? Фото: Марјан Лазаревски, колаж: СПФМ  

Ако судиме според медиумите, Европа и западниот свет во Македонија не котираат најдобро. Подолг период ретко ќе наидете на текстови и на прилози кои позитивно говорат за Западот. Но, затоа Русија и нејзината политика имаат позитивно место во јавноста

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Насловот може да збуни. Намерно не е употребен

Медиумски илузии: Овие од власт не си одат!

на 17. 03. 2015 | | sq
„Успешен“ рецепт: злоупотреби полиција, злоупотреби медиуми. Фото: МВР/ВМРО-ДПМНЕ, 2012 (лево), Alain Bachellier, 2008 (десно). Фотоколаж: СПФМ  

Ако се земе предвид дека огромен дел од медиумите, особено телевизиите, се под нивна целосна контрола или, подобро кажано, се наоѓаат во иста каша како и власта, нема многу простор за надеж дека е можен некој пресврт

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Медиумите и јавнoста се залулкуваат во една неоснована надеж дека тоа ќе

Апел до медиумите: Дајте им шанса на младите

на 5. 03. 2015 | | sq
Има медиуми кои воопшто не се бесни – веќе се навикнаа на партиско-полициски уредници. Фото, ФОСИМ, 2015  

Студентите покажаа нешто сосема поинакво. Покажаа дека не се инфицирани од  болестите што владеат. Покажаа дека знаат што сакаат, зошто го сакаат тоа, а предлагаат и начин како да се оствари тоа

  Пишува: Александар ШОЉАКОВСКИ   Потребата од решенија што ќе ни овозможат да се упатиме во некоја конструктивна насока, наместо

Претплатете се за најнови вести