verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Фотографија од убиство во Полска објавена како масакр врз македонски деца

на 21. 10. 2019 | |
Фотографија искористена за статус на Фејсбук, која е крајно вознемирувачка за што и самиот Фејсбук предупредува пред да ја отворите, нема никаква врска ни со Бугари, ни со „грчиштана“, ни со ЕУ и НАТО, ниту со Албанците. Таа фотографија на ниту еден начин не е поврзана со Македонија во ниту еден историски контекст и е употребена за дезинформирање на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Фејсбук статус Датум и време на

Твитер фалсификат за сеење омраза и уривање на личен углед 

на 18. 10. 2019 | |
Објавениот материјал што го оценуваме, всушност, се состои од наслов, една портрет-фотографија, еден наводен скриншот со две реченици со напад и лажно тврдење – и толку. Но, во овие елементи се вградени фалсификат и говор на омраза, а проблемот со објавата е во тоа што воопшто не е направен елементарен обид да се провери вистинитоста на тврдењето, односно со објавувањето на фалсификатот е пласирана крајно груба дезинформација. Вториот проблем е

Македонското знаме пред ЕК поставено поради посетата на Заев, а не од солидарност

на 17. 10. 2019 | |
[Рецензија:Во Брисел поставено македонското знаме во знак на солидарност по ветото на Макрон ] Не сè што се објавува на социјалните мрежи е вистина, за да може без дополнителна проверка да се објави во медиум и притоа ненамерно да се дезинформира јавноста. Линк до оригиналниот напис: Во Брисел поставено македонското знаме во знак на солидарност по ветото на Макрон Датум и време на објавување: 16.10.2019 Датум на рецензија: 17.10.2019 Рецензент:

Задолжувањето се прави според редовен Календар, а не според волјата на Ангеловска

на 17. 10. 2019 | |
[Рецензија:АНГЕЛОВСКА ЈА ЗАДОЛЖУВА ЗЕМЈАТА ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ДНЕВНО: За 45 дена новата министерка одобрила задолжување од над 150 милиони евра ] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи задолжувањето на државата не зависи од личната одлука на министерката за финансии Нина Ангеловска, туку тоа се одвива според Календар за емисија на државни хартии во вредност кој однапред за следните два квартали се објавува на веб-страницата на Министерство за

Медиумите не треба да создаваат „драми“ од наводни настани

на 16. 10. 2019 | |
Кога новинарите одат со претпоставки во своите текстови создаваат недоверба кај читателите. Дури и кога претпоставката се користи во ситуации од минатото кои не резултирале со настани со некакви последици, предизвикуваат медиумите да создадат непотребни „драми“, само за повеќе кликнувања. Таква е веста што ја разгледуваме. Линк до оригиналниот напис: „ДУИ пред две недели ‘за влакно’ ќе леташе од Влада?! “BDI para dy javëve për “një qime” i ka shpëtuar

Сомнителна Фејсбук приказна која не требала да се најде во медиум

на 16. 10. 2019 | |
[Рецензија: ВИДЕО Македонец на ол инклузив во Банско!] Текстот кој го рецензираме, прво, не е информација од јавен интерес, второ, не е вест и трето, и она што е најстрашно во новинарството, е лажна вест. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО Македонец на ол инклузив во Банско! Датум и време на објавување: 12.10.2019 Датум на рецензирање: 15.10.2019 Рецензент: Ана Анастасовска Написот има интересен наслов, може да се каже и сеирџиски, кој

Нема конечна одлука за намалување на цената на зелениот картон

на 15. 10. 2019 | |

[Рецензија:КОНЕЧНО УБАВА ВЕСТ: Наскоро намалување на цената на зелениот картон ]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи намалувањето на цената на зелениот картон е претставено како конечна одлука, а не предлог што се разгледува. Подолу во текстот, пак, има објаснување дека се разгледуваат варијанти за поевтинување на зелениот картон, што се коси со тврдењето во насловот дека одлуката е конечна. Линк до оригиналниот напис: КОНЕЧНО УБАВА ВЕСТ: Наскоро

Дезинформација е дека Ременски и таткото на Боки 13 добиле куќен притвор

на 15. 10. 2019 | |
Двајца од осомничените во новата истрага на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Фросина Ташевска Ременски и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, добија мерки за претпазливот, кои според проценката на Судот се доволни да го обезбедат нивното присуство за време на истрагата, а потоа и на судењето доколку се покрене обвинение. Линк до оригиналниот напис: Куќен притвор за Фросина Ременски и Миле Јовановски Датум и време на објавување:

Стар текст за немо (слепо) момче излечено на Света Гора – мамец за собирање кликови

на 15. 10. 2019 | |
Сензационалистички текст, стар три години, без релевантни извори, реобјавен како мамец за собирање кликови и кревање на читаност преку обид за поттикнување на емпатија кај луѓето што го читаат. Написот е проблематичен од повеќе аспекти и уште од сам старт преку погрешен наслов, погрешно ја информира јавноста. Линк до оригиналниот напис: (Видео) ЧУДO НА СВЕTA ГОРА: Слeпo момче од Македонија пpoгледа пред икoната на Богородица! Датум и време на објавување:

Увидот и надзорот се различни работи, исто како и Советот на Европа од Советот на ЕУ

на 14. 10. 2019 | |
Пред да се објават информациите за јавноста, истите мора да поминат низ новинарскиот филтер: да се проверат. Постојат моменти кога новинарот треба да ги провери законските одредби и статутите на локалните и меѓународните институции за да ги види нивните овластувања, работа и обврски. На пример, вицепремиерот не може да изврши целосен увид, туку само надзор, додека датумот за почеток на преговорите со Европската унија (ЕУ), Северна Македонија и Албанија не

Претплатете се за најнови вести