verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Задолжувањето се прави според редовен Календар, а не според волјата на Ангеловска

on 17 - 10 - 2019       

[Рецензија:АНГЕЛОВСКА ЈА ЗАДОЛЖУВА ЗЕМЈАТА ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ДНЕВНО: За 45 дена новата министерка одобрила задолжување од над 150 милиони евра ]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи задолжувањето на државата не зависи од личната одлука на министерката за финансии Нина Ангеловска, туку тоа се одвива според Календар за емисија на државни хартии во вредност кој однапред за следните два квартали се објавува на веб-страницата на Министерство за финансии. Оттука, нема зошто министерката за финансии да одобрува или не задолжување.

Линк до оригиналниот напис: АНГЕЛОВСКА ЈА ЗАДОЛЖУВА ЗЕМЈАТА ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ДНЕВНО: За 45 дена новата министерка одобрила задолжување од над 150 милиони евра

Датум и време на објавување: 15.10.2019

Датум на рецензирање: 16.10.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Денеска Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 53.6 милиони евра. За само 45 дена министерката Нина Ангеловска по наредба на Заев ја задолжија Македонија и граѓаните за над 150 милиони евра. Тоа е во просек над 3 милиони евра дневно задолжување во изминативе 45 дена. Психолошката граница на долгот одамна е помината.

Премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Ангеловска немаат никакво лично влијание врз аукциите кои се одвиваат според Календарот за емисија на државни хартии во вредност. Притоа, дезинформација е дека со редовната аукција на 15 октомври, која патем е и запишана во Календарот, државата се задолжува, туку се сервисираат стари долгови од пред пет години, направени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Со денешната аукција Министерството за финансии ќе покрие стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16ти и 19ти октомври.  Ова е редовна аукција, најавена во календарот објавен на веб-страната на Министерството за финансии и нема ново нето задолжување. Станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред 5 години, велат од Министерство за финансии.

Во однос на тврдењето на текстот дека „психолошката граница на долгот одамна е помината“, од Министерство финансии потенцираат дека „бројот на аукции сега е преполовен во однос на бројот на аукции на претходната Влада и е сведен на 2 месечно – пракса од која не се отстапува“, што е во насока на стабилизрање на државниот долг.

Текстот што го рецензираме измешал „баби и жаби“, бидејќи сето она за што ја обвинува оваа Влада („нeискуството на новата министерка и криминогениот начин на работење на премиерот и функционерите на СДСМ доведуваат до пpoпаст на економијата и иселувањето на граѓаните“), не е поврзано со редовните аукции на хартии од вредност, кои ги практикува секоја Влада. Во однос на висината на јавниот долг и тој е намален, па така на 31.12.2016 долгот изнесуваше 48,8% од БДП додека на 30.06.2019 тој изнесува 46,7% од БДП.

На овој начин како што е напишан текстот, или постои непознаница во однос на аукцијата на хартиите од вредност и начинот на кој се сервисираат обврските, или се има тенденција да се припише вина и неодговорност таму каде што ја нема.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести