verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Дедото не поминувал на пешачки на црвено, туку со возило удрил во семафор

на 18. 11. 2019 | |
[Рецензија: ФОТО: Дедо казнет -додека минувал пешачки се вклучило црвено на семафорот] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи дедото не бил казнет додека поминувал на пешачки премин, туку полицијата вршела увид на местото на несреќата во која учествувал тој. Содржината има интенција да предизвика емотивна реакција кај читателите за наводната „бездушност“ во работата на полицијата и на тој начин да обезбеди читаност. Линк до написот: ФОТО: Дедо казнет

Како НЕ треба да се пренесуваат реакциите на лица или институции

на 18. 11. 2019 | |
Меѓусебните реакции помеѓу лица и/или институции, секако, треба да се пренесуваат доколку содржат тема од јавен интерес, но истите треба да бидат обработени во форма на новинарски напис и да бидат вклучени сите страни. Во таков случај текстот не смее да биде пристрасен, како што е случајот со написот што го разгледуваме. Линк до оригиналниот напис: „Директорот Села реагира против објавата на Арбен Таравари“ “Drejtori Sela reagon kundër shkrimit të

Злоупотребата на насловите за повеќе кликови е непрофесионализам

на 15. 11. 2019 | |
Ова е чист случај на злоупотреба на насловот при објавувањето на некоја вест. Насловот „ве кани“ да ја прочитате веста затоа што „ви ветува“ дека ќе обезбеди важни информации за тема за која можеби ве интересира, но реално не го исполнува ветувањето. Дури и контекстот е целосно надвор од изборите и нема никаква врска со начинот на кој Теута Арифи ја освои позицијата градоначалник на Тетово. Линк до оригиналниот напис:

Македонскиот јазик никој не го избркал од Свети Николе

на 12. 11. 2019 | |
[Рецензија:Катастрофална одлука на МОН: Децата нема да учат македонски јазик туку „мајчин“ забранет зборот македонски и во училиштата] Текстот со наслов: Катастрофална одлука на МОН: Децата нема да учат македонски јазик туку „мајчин“ забранет зборот македонски и во училиштата,  е школски пример за лажна вест. Тој се темели на комплетна невистина и овој факт не може да го смени ниту навидум „силната“ аргументација која авторот ја приложува во текстот – факсимили од објавени огласи за вработување на наставник по мајчин јазик и литература во средното училиште Кочо Рацин во Свети Николе и школски свидетелства. Линк до оригиналниот напис: Катастрофална одлука на МОН: Децата нема да учат македонски јазик туку „мајчин“ забранет зборот македонски и во училиштата Датум и време на

Дезинформација е дека Јанева е сместена во Хашкото одделение во Шутка

на 12. 11. 2019 | |
[Рецензија: Еве како изгледаат ПРИВИЛЕГИРАНИТЕ ЌЕЛИИ ВО ШУТКА за Боки 13 и Катица Јанева ] Податоци и фотографии објавени во емисијата Детектор, зачинети со бајати и лажни вести се искористени за манипулација на читателите. Во текстот, со самиот наслов, бомбастично се тврди дека во истражниот затвор во Шутка, осомничените за Рекет, Бојан Јовановски (Боки 13) и поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева се притворени во Хашкото одделение и дека заради

Царовска не изјави дека четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари

на 12. 11. 2019 | |
[Рецензија: Царовска: Четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари ] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира во однос на изјавата на министерката за труд и социјална работа Мила Царовска, дадена во емисијата „Детектор“. Во текот на емисијата, таа во ниту еден момент не споменува дека „четиричлено семејство може да го помине месецот со 17.000 денари“ Линк до написот: Царовска: Четиричлено семејство може да го помине месецот

Насловот бомбастичен – текстот сиромашен

на 11. 11. 2019 | |
[Рецензија: Секој отселен млад човек ја чини државата 15.848 евра годишно] Интересен и впечатлив наслов не е единственото нешто што е доволно за целосно и точно информирање на јавноста. Насловот на текстот тврди дека секој отселен млад човек ја чини државата 15.848 евра годишно. Поприлично интересен наслов на многу актуелна тема, кој го привлекува вниманието на читателот додека пребарува по Фејсбук и Твитер низ купот информации и текстови. Но, кога

Со нецелосните и манипулативни вести новинарот создава збунетост кај јавноста

на 11. 11. 2019 | |
Кога ќе се понуди „вест“ која, всушност не е вест, не може да се постигне вистинско информирање на јавноста. Таа може да предизвика забуна, емоции и нејаснотии, во зависност од тоа во кој контекст е граденa, но не дава јасен и објективен одраз на темата за која зборува. Таква е веста што ја разгледуваме. Линк до оригиналниот напис: „Што се случува во ДУИ? Веб-страницата што го омаловажуваше Лика, го фали

За опасниот отпад, контејнерите и политиката

на 8. 11. 2019 | |
Фото: Критинк Едно писмо од загрижени граѓани, упатено до претседателот на државата и до премиерот, деновиве ги собра на итен состанок кај првиот човек на македонската Влада сите оние кои имаат некакви ингеренции во борбата против аерозагадувањето. Беше соопштено дека отсега, палачите на шумите, на стрништата и на отпадот ќе ги гонат заеднички патроли на инспекцијата и на униформираната полиција, а резултатите секојдневно ќе му ги реферираат лично на премиерот

Могерини не го одмина Заев

на 7. 11. 2019 | |
[Рецензија: МОГЕРИНИ ГО ИЗВИСИ ЗАЕВ: ЛАДНОКРВНО ГО ПОМИНА ДОДЕКА СЕ ПОЗДРАВУВАШЕ СО СИТЕ ЛИДЕРИ ] Сегментирано видео од средбата на европската шефица на дипломатијата, Федерика Могерини со лидерите од Западен Балкан е искористено за манипулирање на јавноста за да се прикаже дека Могерини го изигнорирала Заев за време на средбата и намерно не се поздравила со него,  а се поздравила со сите лидери. Линк до оригиналниот напис: МОГЕРИНИ ГО ИЗВИСИ

Претплатете се за најнови вести