Стар текст за немо (слепо) момче излечено на Света Гора – мамец за собирање кликови
Објавено во Рецензии
on 15 - 10 - 2019 Автор: АдминСензационалистички текст, стар три години, без релевантни извори, реобјавен како мамец за собирање кликови и кревање на читаност преку обид за поттикнување на емпатија кај луѓето што го читаат. Написот е проблематичен од повеќе аспекти и уште од сам старт преку погрешен наслов, погрешно ја информира јавноста.
Линк до оригиналниот напис: (Видео) ЧУДO НА СВЕTA ГОРА: Слeпo момче од Македонија пpoгледа пред икoната на Богородица!
Датум и време на објавување: 5.10.2019
Датум на рецензија: 10.10.2019
Рецензент: Симона Атанасова
Насловот на текстот вели дека слепо момче прогледало во Света Гора, а целиот напис раскажува приказна за немо момче кое прозборело по посетата на Света Гора. Дали се работи за немо или слепо момче останува читателите сами да си заклучат.
За ова наводно „чудо“ и за тврдењето за исцелителската моќ на иконата на Богородица во манастирот Дохиари во Света Гора во текстот не се нудат никакви релевантни извори кои што би ги убедиле читателите дека тврдењето навистина се случило.
Македонски портал пренесува прилог од македонска телевизија, која, пак, пренесува што напишал одреден грчки верски портал кој цитира анонимен монарх кој ја прераскажува приказната. Каша попара, а доказ ни за лек.
Се вели дека станува збор за младо момче од Струмица, што доколку целата приказна навистина се случила, таа ќе беше објавена од релевантни македонски медиуми со потврда од момчето кое навистина прогледало (или прозборело) откако било на Света Гора. Нема никаква изјава или обид за изјава од наводно излеченото момче, на кого ниту името не му се знае.
Згора на сè, објавата на телевизијата е стара три години, а порталот ја пренесува како да е ново случување.
Прилогот во кој се вели дека немо момче прозборело откако ја посетило иконата на Богородица, телевизијата Канал 5 го објавила пред три години на 14 декември.
Безмалку три години подоцна „Инфомакс“ го реобјавува текстот како случката да е нова и актуелна и притоа го затскрива фактот дека веста не е новост, затоа што е стара три години. Реобјавата на текстот е сензационалистичка, со наслов кој до половина е со големи букви и завршува со извичник, што упатува на сомнеж дека текстот е објавен само како мамец за собирање кликови од љубопитната јавност.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови