verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Македонското знаме пред ЕК поставено поради посетата на Заев, а не од солидарност

on 17 - 10 - 2019       

[Рецензија:Во Брисел поставено македонското знаме во знак на солидарност по ветото на Макрон ]

Не сè што се објавува на социјалните мрежи е вистина, за да може без дополнителна проверка да се објави во медиум и притоа ненамерно да се дезинформира јавноста.

Линк до оригиналниот напис: Во Брисел поставено македонското знаме во знак на солидарност по ветото на Макрон

Датум и време на објавување: 16.10.2019

Датум на рецензија: 17.10.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Вчера (16.10.2019) iportal.mk наседна на саркастична објава на дописничката на Фајненшал Тајмс од Брисел, Мехрин Кан. Таа на својот Твитер профил објави фотографија од пред Европскиот парламент на која се гледаат знамињата на Европската Унија и знамето на Северна Македонија. Во објавата таа напиша:

По пристапното вето на Макрон, знамињата пред Европската комисија ја покажуваат солидарноста со Северна Македонија.

Всушност Европската комисија пред своето седиште во Брисел не го истакна македонското знаме, во знак за солидарност кон нашата земја поради ветото на францускиот претседател Емануел Макрон за отпочнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија туку поради официјалната посета на македонска делегација во Брисел.

Ова на Твитер го потврди и македонската дописничка од Брисел Тања Милевска.

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, деновиве престојуваат во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел.

Доколку знамето навистина беше поставено во знак на солидарност со Северна Македонија, тоа ќе беше објавена од страна на Европскиот парламент и на официјалните социјални мрежи. Всушност кога знамето се поставува во знак на солидарност се поставува на половина копје што не е случај со оваа фотографија.

Исто така поставено е само знамето на Северна Македонија, а не и знамето на Албанија која исто така не доби зелено светло од министерскиот совет за почеток на преговори со ЕУ.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести