verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дезинформација е дека Ременски и таткото на Боки 13 добиле куќен притвор

on 15 - 10 - 2019       

Двајца од осомничените во новата истрага на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Фросина Ташевска Ременски и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, добија мерки за претпазливот, кои според проценката на Судот се доволни да го обезбедат нивното присуство за време на истрагата, а потоа и на судењето доколку се покрене обвинение.

Линк до оригиналниот напис: Куќен притвор за Фросина Ременски и Миле Јовановски

Датум и време на објавување: 10.10.2019

Датум на рецензија: 13.10.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Но, целосна дезинформација е дека на Јовановски и Ременски, која воедно е потпретседателка на Собранието и висок функционер во владејачката партија СДСМ, им бил одреден куќен притвор.

Во соопштението, кое Кривичниот суд го испрати до медиумите, се вели дека Ременски и Јовановски добиле одредени мерки за претпазливост, но никаде не пишува дека станува збор за куќен притвор.

Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член 146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница.

Порталот кој ја има објавено дезинформацијата, најверојатно погрешно го протолкувал соопштението од Судот во кое се вели дека една од мерките за претпазливост е забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето. Тоа не се однесува на домот на осомничениот, туку на местото (градот) во кое тој живее, што е многу поразлично од куќен притвор. Па, така, Ременски и Јовановски, според одлуката на судот, меѓу другото, не смеат да го напуштат Скопје, а смеат да го напуштат својот дом.

Куќен притвор се определува според член 163 од Законот за кривична постапка, што е различен од членот кој што е наведен во соопштението од Судот – 146.

Во член 163 од ЗКП јасно стои што е куќен притвор.

(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело и има услови за определување притвор од членот 165 став (1) на овој закон, судот може да определи мерка куќен притвор и да му нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено време.

За вистинско и точно информирање на јавноста, новинарите не треба да претпоставуваат што сакал Судот да каже и притоа да направат грешка и погрешно да ја информираат јавноста, туку треба што е можно повеќе да ја проверат вистинитоста на информацијата пред да ја објават. Во овој случај тоа можело лесно да се направи и со два клика на интернет да се провери што пишува во Законот за кривична постапка, а не да се заклучи дека станува збор за куќен притвор кога тоа не е вистина.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести