verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Што сѐ се гради на Водно

на 18. 03. 2014 | |
Не може новинарството да се сведе само на поставување прашања без одговори. Каква смисла има тоа? Медиумската содржина што ја рецензираме е низа од прашања што авторот ги собрал на социјалните мрежи и толку! Првото новинарско правило е дека новинарите трагаат по ОДГОВОРИ на поставените прашања, нивни и на јавноста. Поставувањето прашања не е доволно. Линк до оригиналниот напис: Што сѐ се гради на Водно
Датум и време на објавување: 12.03.2014, 15:49 Датум на рецензирање: 17.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Сосема е во право господинот кој го предложи овој новинарски текст во делот за предлози на читателите на Сервисот за  проверка на фактите од медиумите (СПФМ) на нашиот веб сајт кога вели: „Сите ги видоа сликите по фејсбук. Зошто новинаров кажува

Рецензија: ФОТО: Ајде администрацијo, сите заедно: Тони ти си цар!

на 14. 03. 2014 | |
Ова е еден од оние новинарски текстови кои го употребуваат принципот анонимен извор. Тоа не е непозната, ниту, пак, недозволена пракса во професијата. Но, и за употребата на анонимните извори има правила кои мора да се почитуваат. Еден од тие правила го регулира и членот 4 од Кодексот на новинарите: „Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.“ Линк до оригиналниот напис: ФОТО Ајде администрацијo, сите заедно: Тони ти си цар! Датум и време на објавување: 11.03.2014, 14:44 Датум на рецензирање: 12.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Во исполаризираната атмсофера на предизборната кампања, сведоци сме на политичка битка во која политичарите употребуваат широк спектар на оружја – и дозволени и недозволени. Како

Рецензија: Третата светска војна започна! Мета сме ние, луѓето!

на 14. 03. 2014 | |
Да бидеме искрени, медиумската содржина што ја рецензираме е толку аматерска, несериозна, контрадикторна на самата себе си, што воопшто не е ниту предизвик за една ваква анализа. Но, ние ќе бидеме докрај професионални и методолошки консеквентни во нашиот пристап само заради читателите за да им укажеме на грешките и на манипулациите што ги прави овој текст. Иако, повторно да бидеме искрени, веќе не веруваме дека и публиката „паѓа“ на вакви фантазмагории. Линк до оригиналниот напис: Третата светска војна започна! Мета сме ние, луѓето! Датум и време на објавување: 11.03.2014 Датум на рецензирање: 12.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Да почнеме со вистинитоста. Текстот, кој е лошо преведен од српски медиум и преземен од овој нашиот, се потпира на едно видео на Разузанавачката

Рецензија: Дојран ќе привлекува туристи со нови плажи и рекреативна патека

на 13. 03. 2014 | |
Линк до оригиналниот напис: Дојран ќе привлекува туристи со нови плажи и рекреативна патека Датум и време на објавување: 10.03.2014, 15:37 Датум на рецензирање: 11.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Што е правно, а што е праведно? Што е легално, а не е фер? Што е чесно, а што итрина? Каков и да е одговорот на овие прашања кога се разгледуваат во конткест на политиката, тие се во тесна врска со моралот и достоинството на политичарите. Тие можат да си поигруваат со моралните норми, доколку тоа го сакаат или го чувствуваат за потребно, но треба да сметаат на тоа дека за таквите нивни постапки ќе бидат изложени на судот на јавноста и на тестот за проверка на довербата кај граѓаните на

Рецензија: Курир: Пендаровски по налог на Црвенковски протуркан за претседателски кандидат

на 10. 03. 2014 | |
Линк до оригиналниот напис: Курир: Пендаровски по налог на Црвенковски протуркан за претседателски кандидат Датум и време на објавување: 05.03.2014 Датум на рецензирање: 08.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Централното прашање што го отвора оваа рецензија е зошто медиумот што ја објавил оваа медиумска содржина воопшто го направил тоа кога на истата тема претходниот ден имаше своја сосема коректна новинарска сторија – извештај за изборот на кандидат за претседател на на конгресот на најголемата опозициска партија (Потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски)? Зошто кога содржината што ја преземаат нарушува повеќе стандарди на професионалното етичко новинарство, почнувајки со кршење на членот 13 од Кодексот на новинарите кој вели: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“ Веста што ја

Рецензија: ШОКАНТНО: НА 20-тина километри од Скопје НАТО фрлил 10 тона ураниум, а Обединетите нации криеле иако знаеле

на 10. 03. 2014 | | sq
Веста што ја рецензираме тука е, ни помалку, ни повеќе, од минатиот век. Информациите за кои се говори во веста прв пат, според белградски Блиц, се објавени во јуни 1999 година во швајцарскиот дневен весник „Le Courier“. За жал, швајцарскиот весник не ја чува на интернет архивата од минатиот век (достапна е само онаа од 2001 година наваму) и не можеме изворно да ја прикажеме оригиналната сторија на новинарот Роберт Џејмс Парсонс (Robert James Parsons), фриленсер од Сооединетите американски држави. Но, траги од неговата сторија можат да се пронајдата низ многу други документи и публикации кои ја третирале темата бомбите со осиромашен ураниум во воената интервенција на НАТО во СР Југославија во 1999 година, како, на пример, во споменатиот Блиц

Рецензија: Русија до Украина: Предајте се или напаѓаме во 5 часот наутро

на 5. 03. 2014 | | sq
Веста што ја рецензираме тука е своевиден преседан во праксата во македонското новинарство, а богами и во светот, зашто ако било кога и било каде била објавена ваква вест, таа секако ќе влезела во учебниците по историја. Бидејки на авторот на оваа рецензија не му е познат ваков податок, затоа со голема сигурност тврдиме – преседан, зашто веста, најавената новина во насловот, се демантира самата себе си уште во првата реченица. За да бидеме фер, треба да кажеме дека оваа информација на 3 март ја објавија многу медиуми, но она што не натера да го избиреме овој медиум е бесмисленото објавување со самодемант. Тоа зборува дека редакцијата веќе знаеле за демантот, но подлегнале на сензационализмот што го предизвикува тврдењето во

Рецензија: Стево Пендаровски ќе стане претседател – но КАДЕ?

на 4. 03. 2014 | | sq
Веста што ја тестираме тука од аспект на потребните професионални етички стандарди, ја објави медиум кој претходните денови беше забележан како единствениот кој објави точна информација за тоа кој ќе биде кандидат на најголемата опозициска партија на претстојните претседателски избори. И тогаш таа информација беше поткпрепена постапката анонимен извори – „извори од  парстиското раководство за Прес 24…“, а така е и сега во оваа информација. Секако е важно да се знае дека првата информација е добиена од активности што биле во тек или веќе биле завршени и изворот на медиумот можел да „сервира“ релевантна информација. За разлика од тие околности, во тврдењата во медиумската содржина што тука ја рецензираме се укажува на можен развој на процеси кои зависат

Рецензија: Војската на Путин стигна на Крим, 11.000 руски војници со полна опрема дојдоа во Украина

на 28. 02. 2014 | |
Како тргнала работата со некои од медиумите во Македонија, сега е само прашање до каде може да се оди во креирање на медиумски конструкции за кои нема никаква реална поткрепа. Се прашуваме како некој новинар и уредник на еден онлајн медиум на Балканот, кој нема никакви новинарски професионални ресурси, ниту, пак, посериозни контакти во Украина и црноморскиот регион, да си помислат дека можат да бидат медиум кој на светско ниво можат да објават вест која во насловот гласи „Војската на Путин стигна на Крим, 11.000 руски војници со полна опрема дојдоа во Украина”. Така категорично и недвосмислено. Како ли било можно медиумот што ја објави оваа вест да помисли дека една ваква информација може да публикува пред „УНН” (Украинска национална

Лидерство во редакцијата во време на промени

на 27. 02. 2014 | |
  Како прво, треба да се прифати дека новинарите не се најдобрата целна група за справување со промени. Новинарите се скептични, а некои и екстремно цинични. Тие бараат докази за тоа што им се кажува, за причините заради кои се нaметнуваат промени. Новинарите сметаат дека луѓето што ги најавуваат промените за доброто на компанијата треба да бидат убедливи и смирувачки говорници кои потребите за промени ги поткрпеуваат со

Претплатете се за најнови вести