verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Рецензија: Македонија ја доби организацијата на Европското првенство во кендо

на 17. 04. 2014 | | sq
Никогаш не тврдиме дека новинарите се безгрешни, но за некои грешки навистина не треба да се премолчи зашто демонстрираат непрофесионалност и неодгово рност, а тоа се последици кои оваа професија не смее да си ги дозволи. Новинарскиот текст што го  рецензираме доаѓа од портал кој е специјализиран за спортски вести. Уште повеќе, тој портал за свој принцип според кој се раководи го има слоганот „Вашата спортска Википедиа“ што претендира на извесна релевантност. Но, текстот што е предмет на наше внимание носи со себе една од најголемите грешки што може да ги направи еден репортер. Фокусот на вниманието на репортерот кој известува од прес конференција на која се објавува дека во Скопје, односно во Република Македонија ќе се одржи

Има разлика во известувањето на МТВ за изборите – Проверено!

на 16. 04. 2014 | |

Кога Советот на јавниот радиодифузен сервис, неговиот генерален директор и главните уредници, како и уредниците на редакциите и уредниците имаат висока свест и знаат дека се репрезенти и заштитници на јавниот интерес на СИТЕ граѓани, тогаш треба себеси да се препознаваат како професионалци кои не промовираат ниту еден кандидат понагласено.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Јавниот радиодифузен сервис, според препораките на ЕБУ (EBU, Eurepean Broadcasting Union), (треба да) има важна

Рецензија: 11 нови задруги

на 15. 04. 2014 | |
„Единаесет нови задруги” како 12 величенствени… Мора да се признае дека е силен притисокот врз новинарите за време на изборната кампања. Толку силен што новинарите не се во состојба ниту да одбијат задача, иако тоа може да го сторат, повикувајќи се Кодексот на новинарите и членот 17: „Новинарот има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.“ Значи, кога етичките и професионалните стандарди се под предвидениот степен на пристојност, работната задача може да се одбие. Медиумската содржина што ја рецензираме, иако е под стандардите, сепак е објавена. Тоа, уште еднаш нагласуваме, зборува дека притисокот е огромен. Линк до оригиналниот напис: 11 нови задруги Датум и време на објавување: 10.04.2014, 11:04 Датум на рецензирање:

Рецензија: Девојче со жилет го испиша името на Даниел на раката (ФОТО)

на 14. 04. 2014 | | sq
Доколку и овој медиумски прекршок на приватноста помине без реакција и последици, џабе ни се и Совет за честа на Здружението на новинарите и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и со алармантен знак треба да се објави дека е време за граѓански медиумски стражи. „Новинарскиот текст“ што го рецензираме, објавен на интернет портал прогласен за вебсајт на годината, освен што прекрши дури 4 членови од Кодексот на новинарите (членовите 7, 8, 9 и 17), насилно ја прекрши и Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации, како и општоприфатените стандарди кои наложуваат дека е строго забрането манипулирање со детските емоции, инсистирање на повторно преживување на траумата и објавување идентитетот на детето. Згора не сѐ, и последователно на

Рецензија: Јатрви со тегли и керамиди расчистувале сметки

на 10. 04. 2014 | |
Јатрви се степале, но медиумскиот сеир личи како да бил важна причина да не се пропушти регистрирањето на овој „исклучителен настан“. Значи: новинар, снимател, камера, автомобил, уредник и една национална телевизија се погрижиле овој „исклучителен настан“, оваа „медиумски вредна информација од посебен јавен интерес“ да биде соопштена во централните информативни емисии на телевизијата со национална концесија… Линк до оригиналниот напис: Јатрви со тегли и керамиди расчистувале сметки Датум и време на објавување: 06.04.2014, 14:15 Датум на рецензирање: 08.04.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Кога се во прашање вакви тривијализирани медиумски содржини за кои со право се прашуваме и ние и публиката каква вредност имаат како информација, секогаш сме во дилема дали Сервисот за проверка на фактите од медиумите треба да се занимава

Рецензија: Даниел Кајмакоски: Славата го надвладеа патриотизмот?!

на 28. 03. 2014 | | sq
Текстот што го рецензираме е еден од оние репрезенти на онлајн „новинарството” за кои никогаш не знаеш што се, на кој жанр му припаѓаат: личи на колумна, мислење, коментар, но, освен што нема потпис на авторот, што е еден од елементарните елементи на овие жанрови, нема ниту графичко укажување во дизајнот дека се работи за колумна. Значи, не е рубрициран. Така сугерира и членот 13 од Кодексот на новинарите: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“ Линк до оригиналниот напис: Даниел Кајмакоски: Славата го надвладеа патриотизмот?! Датум и време на објавување: 24.03.2014, 17:20 Датум на рецензирање: 27.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Непочитувањето на разликите меѓу фактите и мислењето во новинарството не е ниту етички, ниту

Рецензија: „Боингот” е урнат за да се спречи катастрофа

на 26. 03. 2014 | |
Медиумот што ја објавил новинарската „анaлиза“ која ја рецензираме тврди дека во своите претходни текстови во врска со исчезнатиот малезиски „боинг“, главно се држел до проверени факти добиени од повеќе извори на различни страни на светот, при што успеал да биде на чекор пред другите медиуми во презентирањето на најновите сознанија. Една општа самофалба која се поништува самата себеси веќе со следниот пасус кој објаснува какви биле изворите што ги контактирал медиумот за да пишува на оваа тема. Еве, повелете: „Најпрво да појасниме неколку факти. Во досегашното наше третирање на проблемот многу често го користевме терминот „меѓународна разузнавачка заедница”. Терминот меѓу другото значи дека на Интернет постојат форуми на кои дебатираат лица со познат или скриен идентитет, кои активно или

Рецензија: Исплатата за штети од елементарни непогоди ќе се изврши по изборите

на 24. 03. 2014 | |
Новинарската содржина што ја рецензираме е во судир со члeнот 14 од Кодексот на новинарите: „Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“ Линк до оригиналниот напис: Исплатата за штети од елементарни непогоди ќе се изврши по изборите Датум и време на објавување: 19.03.2014, 14:06 Датум на рецензирање: 20.03.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Објавувањето на овој новинарски текст не е во прилог на избалансирано известување од предизборниот процес и тоа многу едноставно се докажува или е видливо ако се има предвид членот 8-А од Изборниот законик кој многу јасно налага: „Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на

Новинарство во егзил

на 20. 03. 2014 | |
   

Дали новинарството и активизмот се компатибилни? Дали новинарството е граѓански активизам?

  Пишува: Зоран Бојаровски   Пред три години добив покана да земам учество во една школа која спроведува обуки за граѓански активизам во делот за комуникација со јавноста и со медиумите, во потсегментот на граѓанскиот активизам и социјалните мрежи, како и на темите за медиуми на заедниците и граѓанското новинарство. Почитуваните пријатели и соборци во борбата за

Рецензија: Новинарите кои навредуваат и шират говор на омраза се со нестабилен психолошки профил

на 19. 03. 2014 | |
Медиумската содржина  што ја рецензираме има три сериозни проблеми: еден се однесува на преголемата лесностија со која еден експерт психолог изведува „дијагноза“, вториот се однесува на крајно сомнителната автентичност на тој експерт психолог, а третиот проблем се однесува на пристрасноста и фокусот на многу прецизна група новинари на кои им се „лепи“ од ракав истресениот психолошки профил на крајно сомнителниот психолог. Линк до оригиналниот напис: Новинарите кои навредуваат и шират говор на омраза се со нестабилен психолошки профил Датум и време на објавување: 21.02.2014, 09:0 Датум на рецензирање: 23.02.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Ајде по ред: Нашата консултација со психолози и психијатри во врска со поставувањето на дијагнози какви што се обидува да направи овој текст нѐ уверуваат дека тоа не

Претплатете се за најнови вести