verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Познат идентитетот на малолетничката која се самоуби во Ѓорче Петров

на 14. 11. 2013 | |
Текстот се приклучува во групата рецензирани поради неговата недоволна кохерентност која кај некои читатели може да значи и сомнеж во вистинитоста. Иако во првиот параграф од текстот се известува за самоубиство, веќе од вториот параграф, пренесен од билтенот на МВР, станува јасно дека нема доволно информации за да се поткрепи тврдењето дека станува збор за самоубиство. „ Според податоците од полицијата, малолетничката чиј идентитет е веќе утврден, почина откако патнички воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје, удри во неа вчера утрото околу седум часот и дваесет минути“. Од ова произлегува дека претпоставката на авторот, оти се работи за самоубиство, МВР не си ја дозволил и прецизно наведува дека возот „удрил“ во девојчето, не навлегувајќи во тоа дали станува збор за

Рецензија: Мухамед Зекири со фундаменталистички ставови

на 12. 11. 2013 | | sq
Пред нас имаме текст кој содржи спин, дисквалификации на „ад хоминем“ основа и жестоки обвинувања што не се темелат на докази. Дискутабилно е според кои критериуми изнесените информации во текстот станале вредни за објавување, особено ако се земе предвид дека коментарите на Мухамед Зекири се поистоветуваат со коментарите на сите припадници на албанската етничка заедница, што авторот на текстот го предочува преку реченицата: „Каењето на Цапа неприфатливо за

Рецензија: Гробари и Делии набавуваат ножеви, секири, куки и огнено оружје – Се подготвуваат за крвава пресметка

на 11. 11. 2013 | |

Напомена: Рецензијата е направена по барање на читател. И Вие можете да побарате да се направи рецензија на било која вест преку формуларот на нашиот сајт, кој можете да го пополните овде.

„Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).“ се вели во члeн 10 од Кодексот на новинарите. Одговорното новинарство не е паушално пренесување на информациите под плаштот дека некој друг медиум веќе објавил некоја содржина, па останатите имаат право  безусловно да го цитираат без да преземат одговорност, туку е и уредничка и новинарска

Рецензија: „Рикна“ протестот за Шиповиќ

на 4. 11. 2013 | |
Основната забелешка при читањето на овој текст е непочитувањето на принципот на пресумпцијата на невиност. Правилото дека секој е невин додека не се докаже спротивното несомнено важи како стандард при новинарското известување, поради една од новинарските улоги и тенденции да го креира јавното мислење. Авторот генерализира и врз основа на сопствените ставови гради тези. На пример: „Народот не одобрува криминал, а во Македонија поддршка не може да добие личност која е првоосомничена во случај кој се води на суд.“ Авторот користи една од техниките на спинувањето, односно се поистоветува со „народот“. Оваа формулација со која авторот се труди да го потврди, оправда и засили својот личен став врз „широко општоприфатено мислење на мнозинството“ не е поткрепена со факти, бидејќи тоа

Рецензија: Момчињата кај Рампа возеле со 200 на час?! (ФОТО)

на 24. 10. 2013 | |
Пред нас имаме вест објавена непосредно по сообраќајна несреќа во која има петмина загинати. Времето на објавување на информацијата е важно од аспект на засегнатите страни во случајот, поточно од аспект на почитувањето на болката на семејствата на жртвите. Токму поради тоа, главната забелешка во текстот е тоа што се темели на неофицијални извори како и непроверени информации. Независно од тоа што шпекулацијата дека двајца од загинатите се браќа, не е вистинита, сепак, вреди да се спомене дека ова е информација која лесно се проверува и нејзината вистинитост може да се докаже, доколку новинарот вложи труд, без да се потпира на претпоставки. Трката за ексклузивна информација, ја прави веста невтемелена на официјални извори, иако фактите за кои се говори може

Рецензија: Драчевци ја спасуваат Македонија од клетите Шиптари

на 17. 10. 2013 | | sq
Текстот изобилува со некритичко пренесување на информации од непознат и некредибилен извор и претставува директно сувопарно пресликување на содржина од леток, без притоа авторот да се дистанцира и да се обиде да го ублажи навредливиот речник. Напротив, при уредувањето на текстот, овозможена е двојна виктимизација на жртвите на говорот на омраза, поради тоа што нивните прекари не се прикриени. Политички некоректниот јазик се забележува уште во насловот. Текстуалната содржина на веста потфрла во намерата да информира, бидејќи не содржи факти, па следствено нема ниту нивна проверка. Изворите не може да се лоцираат, па веста не претставува ништо повеќе од репродукција на кафеанско озборување. Не е испочитувана смислата на новинарската професија, која лежи во напорите да се биде на страната на

Претплатете се за најнови вести