verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Драчевци ја спасуваат Македонија од клетите Шиптари

on 17 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

maktel-crop-resize

Текстот изобилува со некритичко пренесување на информации од непознат и некредибилен извор и претставува директно сувопарно пресликување на содржина од леток, без притоа авторот да се дистанцира и да се обиде да го ублажи навредливиот речник. Напротив, при уредувањето на текстот, овозможена е двојна виктимизација на жртвите на говорот на омраза, поради тоа што нивните прекари не се прикриени.

Политички некоректниот јазик се забележува уште во насловот. Текстуалната содржина на веста потфрла во намерата да информира, бидејќи не содржи факти, па следствено нема ниту нивна проверка. Изворите не може да се лоцираат, па веста не претставува ништо повеќе од репродукција на кафеанско озборување.

Не е испочитувана смислата на новинарската професија, која лежи во напорите да се биде на страната на соживотот, поттикнувањето на соработка и стоење настрана од стигмата. Новинарството, иако значи известување за она што се случува, сепак, не се откажува од своите принципи и норми за начинот на кој тоа се прави. Во конкретниот текст е забележлива репродукција на говорот на омраза. Не се дава одговор на петте основни новинарски прашања.
maktel

Линк до оригиналниот напис: Драчевци ја спасуваат Македонија од клетите Шиптари

Датум на објавување: 11.10.2013

Датум на рецензирање: 15.10.2013

Рецензент: Мирослава Симоновска

Вистинитост: Текстот се темели на напис на леток, без релевантен извор. Јазикот застапен во летокот е репрезент на говор на омраза и навредлив јазик, кој подоцна е надополнет во сличен дух на стигматизација и етикетирање. Вистинитоста не може да се покаже поради тоа што информацијата се темели на стереотипи и предрасуди, а не на факти.

Извори на информации: Текстот нема извор кој може да биде лоциран. Под плаштот на анонимноста која е злоупотребена, се меша бизнисот со национализмот, а се прави обид стигмата да се изедначи со факт. Авторот на новинарскиот напис не само што не го лоцира овој проблем како основен предуслов да се провери вистинитоста на содржината на летокот, туку и сосема некритички навлегува во толкување на карактеристиките на авторот на летокот, при што неосновано вмешува национализам, поттикнува на конфликт и влегува во политички меч, бранејќи политички тези, кои објективно не задираат ниту произлегуваат од содржината на летокот за кој се известува.

Содржајност: Текстот не се темели на факти и не соопштува релеватна информација од значење за јавноста. Тој не води до било каква фактичка вистинитост, не се труди да ги провери испишаните информации, ниту пак се однесува со должно внимание кон начинот на кој тие информации треба да ѝ бидат пренесени на јавноста. Сепак, можно е засегнатите личности од летокот да бидат препознати со што медиумски би биле изложени на секундарна виктимизација. Текстот не е содржаен, бидејќи нема факти. Иако не се прецизно дефинирани инволвираните страни во конфликтот што авторот се обидува да го наметне, сепак, се насетува мешањето на политиката со бизнисот под еден етнички чадор.

Пристрасност: Текстот е пристрасен, што се гледа во навредите кон поддржувачите на една политичка опција. Авторот се базира на субјективна претпоставка непоткрепена со докази и на тој начин цели кон група приврзаници на една политичка опција.

Коментирање: Текстот изобилува со коментари и лични ставови на авторот, кој не е познат. Коментарите содржат предрасуди и прекршување на презумпцијата на невиност. Со еден тип дискриминација се прави обид да се осуди друг тип дискриминација.

Оригиналност/Плагијат: Авторскиот дел од написот е оригинален, но фотографијата е преземена од друг веб-сајт.

Квалитет на насловот: Насловот содржи говор на омраза. Тој не информира со факти. Во поширока смисла, насловот цели кон привлекување на вниманието на читателите со сензационализам. Се репродуцира говор на омраза.

Фотографија: Фотографијата се употребува како основен извор, меѓутоа таа не е информативна во поглед на фактите. Таа е, всушност, пара–извор и е сомнителна од аспект на тоа дека не се знае кој и зошто ја поставил. Направен е обид при нејзината репродукција во медиумите да се заштитат лични податоци на инволвираните.

Говор на омраза: Написот содржи говор на омраза и тон на пишување кој не е помирувачки, туку внесува опасност од раздор. Авторот се обидува да критикува меѓуетничка нетолеранција во бизнисот (изнајмување на објект на Албанец) на начин што ја споредува со политички прилики и поставување функционери на челни позиции во институции. На таков начин тој се труди да најде „поголемо зло“, но, всушност, покажува двоен аршин. Квалификаците се остри, навредливи и потенцијално опасни за етничките чувства на Македонците и на Албанците.

Заклучок: Текстот не го почитува принципот на јавниот интерес, почитувањето на различностите и проверката на фактите. Новинарството неослободено од национализам, говор на омраза и предрасуди е опасно. Професионалниот новинар ги одбира содржините што ги пласира до јавноста, но уште поважно, го користи својот сензибилитет и за да го одреди најинформативниот, најпогодниот начин за пренесување на информацијата и за јазикот што ќе го искористи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

индиректно

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести