verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Кузеска не ја прифаќала про-сдсмовската политика на 24 вести па била под притисок?

на 3. 03. 2014 | |
Во членот 16 од Кодексот на новинарите пишува: „Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги“. Членот 13, пак, утврдува дека новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Како основен професионален стандард е проверката на информациите и нивната точност. Во продолжение рецензираме текст во кој непотпишаниот автор не ја контактирал засегнатата страна за која пишува, во случајот, новинарката Богданка Кузеска. Не обидувајќи се да допре до сржта на ситуацијата, медиумот го злоупотребува тоа што Кузеска си дала оставка за ја стави во дневно-политички цели – и тоа

Рецензија: ФОТО/ВИДЕО: Заев осуден за затајување данок

на 27. 02. 2014 | |
Текстот станува интересен за рецензирање уште од насловот, поради тоа што во него не е јасно издвоено дека не станува збор за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку за негов роднина (трет братучед). Оттука читателот добива погрешно пренасочување на вниманието, односно насловот „залажува“ дека станува збор за друго лице, односно за претседателот на СДСМ. Новинарот можел да разграничи и да допрецизира на кого се однесува пресудата. Понатаму, интересно е да се забележи дека оваа вест се презентира во предизборен период, а пресудата е изречена пред 5 месеци. Линк до оригиналниот напис: ФОТО/ВИДЕО: Заев осуден за затајување данок Датум и време на објавување: 21.02.2014, 12:04 Датум на рецензирање: 24.02.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Документот, односно судската пресуда е изречена од првостепен

Рецензија: ПЕП 21: Антонио Милошоски јунак македонски нема да дозволи да се случи народ?!

на 24. 02. 2014 | |
Медиумот пренесува интегрално соопштение од политичка партија. Текстот е сосема во ред, уредно е атрибуиран и цитиран и може да се добие впечаток дека медиумот се оградува од него. Меѓутоа, она што се забележува дека „штрчи“ и не кореспондира со текстот е насловот. Имено, истото соопштение од ПЕП 21 е испратено до сите медиуми. Медиумот кој го објавува соопштението го пренесува и насловот кој, исто така, е испратен во склоп со соопштението. Линк до оригиналниот напис: ПЕП 21: Антонио Милошоски јунак македонски нема да дозволи да се случи народ?! Датум и време на објавување: 20.02.2014, 13:34 Датум на рецензирање: 21.02.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Интегралното соопштение како реакција на изјава е легитимно и медиумот постапил коректно и професионално што го

Рецензија: ФОТО: СДСМ стои зад денешниот протест на стечајците

на 21. 02. 2014 | |
Текстот што го рецензираме остава впечаток дека е пристрасен и дека има за цел да го дискредитира протестот. Основната причина за ваквиот впечаток е што не се известува за суштината на протестот, туку се обележуваат личности кои се дел од него како блиски на политичка партија, а тоа е единствениот аргумент за протестите да бидат квалификувани како „сдсмовски“. Базичното граѓанско право за сите граѓани е правото на протест, независно од нивното политичко здружување во партија. Аргументот дека СДСМ е организатор на протестот се темели на тврдењето дека лицата што се учесници во него се претежно од Куманово и Струмица, две општини во кои градоначалникот е од опозициските редови. Непотпишаниот автор на текстот не дава уверливи аргументи дека тоа е така.

Рецензија: ФОТО: Ова е жената која на двапати ја ограби поштата во Катланово

на 17. 02. 2014 | | sq
Членот 8 од Кодексот на новинарите го утврдува начелото на пресумпција на невиност во новинарското известување како професионален стандард: Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. Токму ова начело во написот кој го рецензираме е прекршено. Не само што е објавен идентитетот на осомничената, туку и нејзина фотографија. Секој има право на правично судење и е невин додека не се докаже спротивното. Без исклучок. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е жената која на двапати ја ограби поштата во Катлoново Датум и време на објавување: 14.02.2014, 15:01 Датум на рецензирање: 15.02.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Во насловот се тврди дека

Рецензија: “Репортери без граници е измама“

на 17. 02. 2014 | | sq, en
 Не е првпат истиот наслов да се појави во овој медиум , за што постојат и траги на пребарувачот Тајм.мк. Овој пат поводот е најновиот извештај на „Репортери без граници“, каде Македонија е рангирана на 123 позиција, што претставува пад за 6 места споредено со минатата година. Текстот е објавен веднаш по објавувањето на најновиот извештај на „Репортери без граници“ токму за да ја доведе во прашање релевантноста и да

Рецензија: Семејство со пет деца и само со 2.000 денари социјална помош

на 13. 02. 2014 | |
Текстот е олицетворение на една од новинарските функции, а тоа е да направи да се слушне гласот на оние што не се експонирани во јавниот живот, не припаѓаат на т.н. „општествени елити“, а, сепак, се дел од нашето секојдневие. Преку човечки агол и изјави е направена сторија за животот на едно семејство кое едвај скрпува крај со крај, а притоа се испраќа и порака до институциите да го преиспитаат своето работење. Новинарската сторија е соодветно видео-документирана со изјави и со снимки од амбиентот во кој живее семејството, што ја прави уверлива. Од овој прилог може да се добие впечаток за евентуални „законски дупки“ при доделувањето на надомест за трето дете. Линк до оригиналниот напис: Семејство со пет деца и само

Рецензија: Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се откачил лифт од 8-кат со студент во него

на 10. 02. 2014 | |
Овој текст претставува школски пример за неодговорно и паушално новинарство, кое ги нема усвоено професионалните принципи, кои, пак, од своја страна, предвидуваат претпоставува проверка на информациите и консултирање извори. Информацијата дека се откачил лифт во студентскиот дом и дека имало студент внатре, не е точна. Медиумот не е сандаче за електронска пошта, па секое анонимно писмо што ќе пристигне вербатим да го пренесе. Што му е работа на новинарот, ако не проверката на информациите? Членот 1 од Кодексот на новинари ја воспоставува основата на новинарската работа. „Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да

Рецензија: Алфа: Пендаровски е ново жртвено јагне на СДСМ?!

на 10. 02. 2014 | |
Сѐ почесто се случува еден медиум да објави, а десет други да преземат неиздржани, неверодостојни текстови презентирани како вести, со цел што повеќе да се дисеминира црната, неиздржана кампања против одреден политички субјект. Јавниот интерес е занемарен за сметка на некоја друга агенда. Конкретниот текст, првично беше објавен на телевизија „Алфа“, која го повлече од интернет страницата. Повеќе други медиуми го презедоа, повикувајќи се на оригиналот, но ниту еден од нив не се обиде, освен вербатим да пренесе, да ја провери, збогати или прошири веста, со она што новинарските стандарди го налагаат – минимум, да се контактира оној за кого се пишува. Линк до оригиналниот напис: Алфа: Пендаровски е ново жртвено јагне на СДСМ?! Датум и време на објавување: 05.02.2014,

Рецензија: ФОТО: Шеќеринска се вози со луксузен џип

на 4. 02. 2014 | |
Пред нас се наоѓа едно, во најмала рака, чудно писание. Иако содржи само три реченици, овој производ не говори за намера професионално да се информира, туку да се пропагира и да се спинува. Не е задоволен јавниот интерес, односно, не се одговара на прашањето што е спорно во тоа потпретседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието на РМ, Радмила Шеќеринска, да се вози во луксузен џип. Од новинарски аспект, пак,

Претплатете се за најнови вести