verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Ексклузивно: Љубов меѓу „старлета“ и пратеник од владејачкото мнозинство?!

на 6. 12. 2013 | |
Основниот проблем на овој текст е тоа што е „празен“ со факти, а поради тоа и неуверлив. Се насетува намерата да се создаде слика дека демохристијанските вредности претставувани од владејачката партија се погазени со однесувањето на нејзин пратеник, чие име не се обелоденува. Авторот самиот признава дека ја преминува границата на приватноста, дека не ја завршил својата работа на проверка на фактите и дека тоа е причината поради која не го објавува идентитетот на инволвираните: „Имињата и на старлетата и на пратеникот и се познати на редакцијата, но бидејќи немаме потврда, а и за да не се мешаме во приватноста не ги објавуваме“ Иако јавните личности со самото прифаќање на функцијата се откажуваат од дел од својата приватност и би

Рецензија: Колкава количина на марихуана е потребна за да се предозирате?

на 3. 12. 2013 | | sq
За волја на вистината, документот на кој се повикува авторот на текстот постои и преводот е извршен точно. Но, се изнесува на површина доста контроверзен факт, кој е потврден само од еден судија и затоа е прашање дали може да се третира како генерална вистина. Спорно во текстот е тоа што афирмира „препорачлива доза“ на марихуана потребна за предозирање врз основа на сознанија кои се однесуваат на медицинската употреба на марихуаната. Заклучокот од текстот е дека за да се предозира, човек треба да испуши 20.000-40.000 џоинти, што навидум е сензационалистички заклучок, но е поткрепен со извор. Потребно е да се нагласи дека овој сензационализам не е поради тоа што документот на кој се повикува авторот не постои, туку поради тоа

Рецензија: Пандев сврте грб кога е најтешко, големите спортисти не го прават тоа

на 3. 12. 2013 | |
Пред нас се наоѓа текст од кој професионалните стандарди на новинарството се превртуваат во гроб. Ова би можело да се избегне, доколку под текстот се потпише автор, а истиот се смести во графата „колумни“ или „ставови“. Бидејќи тоа не е направено, експлицитно е дека основната функција на овој текст, во формата во која е создаден е да информира, а не да го соопшти ставот на авторот. Но, доколку го гледаме овој текст како информативен жанр (како што е претставен) ќе ги забележиме основните проблеми: не е контактиран Пандев, има низа непроверени факти („бидејќи наводно бил разочаран што публиката во Скопје го исвиркувала“, „Македонската јавност е согласна, повлекувањето на Горан Пандев од репрезентацијата во моменти кога селекцијата е

Рецензија: Lihnid.com: Маја од Лешани повторно ја нема?

на 29. 11. 2013 | |
Пред нас се наоѓа текст кој заслужува рецензија поради низата наводи кои се неофицијални, непроверени и нерелевантни.  Шпекулациите се основа врз која се плете целиот корпус на текстот. Освен ова, текстот содржи и коментари кои не одат во прилог на најдобриот интерес за детето, што претставува висока етичка вредност на новинарот. Со информацијата која се пласира дека „се плетат приказни дека Маја е жртва на трговија со луѓе“ неосновано и неодговорно се наметнува паника и се дезинформира јавноста, особено поради тоа што авторот не ја атрибуира таа информација на извори од истрагата, туку на чаршиски разговори. Повторно се забележува трендот, кога написот се атрибуира на друг медиум, авторот на преземената вест да го губи чувството на одговорност поради

Рецензија: Да го запреме злото на време: Педофилите бараат права како хомосексуалците!

на 27. 11. 2013 | |
Полувистини, лаги, манипулации, говор на омраза и на моменти грешен превод од сериозните референци што се даваат како извори (на пример, публикација од Харвард) може да се забележат при длабинската опсервација на овој медиумски производ, пласиран со спинерски наслов. Оригиналниот текст е напишан пред две и пол години, а во македонската верзија се сервира како новост, што претставува манипулирација и спин. Главната идеја врз која е конципиран текстот е да се изедначи кривично дело со сексуална ориентација, при што авторот на македонската верзија го потврдува своето дискриминаторско стојалиште кон ЛГБТ заедницата уште во насловот, каде го изедначува со зло. Во првата половина од текстот воопшто нема сериозни и издржани извори, па се користат воопштувања како, на пример, „психолозите“ и „критичарите

Рецензија: Ќе горат во пеколот: Родители си го изгладнувале бебето до смрт бидејќи имале „попаметна работа“

на 25. 11. 2013 | |
Пред нас се наоѓа вест од рубриката свет, во која изостануваат основните елементи на веродостојност. Главната забелешка се состои во тоа што авторот на македонската верзија на текстот, кој најверојатно е превод од странски медиуми, не прави професионална дистанца од содржината и се доведува во ситуација да суди, да се соживува со написот и да изнесува вредносни квалификации кои одат дотаму што тој го предвидува пеколот како казна за сторителите на кривичното дело. Новинарите не се Господ, иако во принцип се чувствуваат послободни да ги инволвираат вредносните судови во своите пишувања тогаш кога се уверени дека веста се случила „некаде далеку“ и дека најверојатно никој нема да реагира на начинот на кој е пласирана информацијата. Линк до оригиналниот напис:  Ќе

Рецензија: Утре мини геј парада во Скопје

на 20. 11. 2013 | |
Пред нас имаме вест со манипулативен, спинерски наслов. Од текстот е евидентно дека организациите кои авторот на текстот ги посочува како поддржувачи на Маршот за толеранција се организации од најразличен вид. Меѓу нив има организации за заштита на животните, младински организации, чиј примарен фокус е образованието и така натаму. Овие факти авторот не ги наведува во насловот. Наместо тоа, тој издвојува еден вид организации, конкретно организациите кои се борат за правата на ЛГБТ заедницата и Маршот за толеранцијата го поистоветува со „мини геј-парада“. Експликацијата дека станува збор за редакциска и уредувачка слобода не е валидна, поради тоа што читателот со ваквата селективност е доведен во заблуда и му се скратува правото на сеопфатно информирање како новинарска должност. Со други зборови,

Рецензија: МЕГАСКАНДАЛ: Заеви стојат зад аферата со затруени краставици

на 19. 11. 2013 | | sq
Основниот проблем во овој текст е тоа што во моментот на неговото објавување нема потврда дека фирмите за кои детално се  елаборира дека се на семејството Заеви, се всушност и фирмите кои се вмешани во случајот со зеленчукот кој е хемиски третиран повеќе од дозволеното. Лоцирани се Државниот инспекторат за земјоделие и Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежни да ја потврдат оваа информација и добро е што оттаму се бара реакција, но, сепак, не е добиена потврда. Порталот во случајов користи изводи од Централниот регистар кои се веродостоен извор за сопствеништвото на компаниите во Македонија, но не го задоволува минимумот на веродостојност за тоа дека токму фирмите за кои елаборира се и оние што се вклучени во производството и

Рецензија: Изјава на инспектор од УЈП: Со сила не тераат да им пишуваме казни на фирмите бидејќи буџетот е празен

на 18. 11. 2013 | |
Вовед: Една од основните задачи на новинарот е да ја провери информацијата, да се обиде да ја атрибуира (ако не целосно, барем поблиску) и да го увери читателот во веродостојноста на фактите. Оваа проширена вест не ги исполнува базичните критериуми наведени погоре, а прикриено промовира и теза дека законот во Македонија се спроведува селективно зависно од етничката припадност на сопствениците на бизнисите. Иако ова не е експлицитно кажано, сепак може да се почувствува. Притоа авторот, криејќи ја својата скептичност кон тоа дека Албанците се казнувани пред законот, настапува и со прашање во последниот параграф „А која е причината?“. Линк до оригиналниот напис: Изјава на инспектор од УЈП: Со сила не тераат да им пишуваме казни на фирмите бидејќи буџетот е

Рецензија: Македонците се трет најглупав народ во светот-интернет анкета на американски психолози

на 15. 11. 2013 | | sq
Пред нас имаме сензационалистичка вест која не потекнува од македонската медиумска кујна, но медиумот ја прави поблиска на македонскиот амбиент, зашто ја доближува и ја претставува како важна, како и зашто фокусот се става врз Македонците. Истото се прави и во верзијата на веста која е преземена, каде се објаснува дека Србите се „најглупавиот народ во светот“. Истражувањето на кое се повикува порталот не е кредибилно и има недоволно информации за воопшто да се потврди неговото постоење. Ако се продре во минималните критериуми кои едно истражување треба да го има за да стане вредно за објавување, ќе се дојде до заклучокот дека треба да има одговор на прашањата колку испитаници со него се опфатени, кој го спровел и во кој

Претплатете се за најнови вести