verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирослава Симоновска

Рецензија: Официјално најзагадениот град во светот има просек од 372 ПМ10, Скопје сега има 600!

на 4. 01. 2014 | |
Статистичките податоци оставаат простор за различно претставување на состојбите. Пред нас се наоѓа текст во кој годишниот просек на загаденост на воздухот се споредува со месечниот просек, што не е меродавно за да се донесат вистински и точни заклучоци, бидејќи не ни се познати резултатите од мерењата на ПМ10 честичките во останатите 11 месеци. Линк до оригиналниот напис: Официјално најзагадениот град во светот има просек од 372 ПМ10, Скопје сега има 600! Датум и време на објавување: 27.12.2013, 10:04 Датум на рецензирање: 31.12.2013 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Внимателните читатели ќе забележат дека во текстот просекот од 372 ПМ10 честички е годишен просек во градот Ахваз, а дека просекот за Скопје 600 ПМ10 честички е за месец декември, кој во моментот

Рецензија: Фото: Погледнете како изгледаат приведените пејачки од ноќниот клуб во тетовско Желино!

на 30. 12. 2013 | | sq
Преку проблематичниот, сензационалистички, тенденциозен наслов, авторот на оваа проширена вест го воведува читателот во уште попроблематична текстуална содржина, која не дава одговор на основното новинарско прашање: зошто овие девојки се приведени и зошто против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Ниту пеењето, ниту танцувањето не претставуваат кривични дела, па следствено, читателот не може да се информираа зошто овие девојки се нашле во ситуација за нив да има основано сомнение дека сториле кривично дело. Дури и кога текстот би открил зошто девојките се приведени, во ниеден случај јавноста не би можела да „види како изгледаат“ поради тоа што на таков начин би се кршела пресумпцијата на невиност. Линк до оригиналниот напис:  Фото: Погледнете како изгледаат приведените пејачки од ноќниот клуб

Рецензија: Проститутките бараат легализација

на 25. 12. 2013 | |
Начинот на известување за сексуалните работници е предизвик за одговорното новинарство. Освен стандардната ограда што новинарот треба да ја изѕида меѓу своите лични евентуални предрасуди и известувањето, тој, исто така, како прв чекор кон професионализмот, треба и да го сообрази речникот. Како помош при работата на новинарите, Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници изработи речник на термини поврзани со сексуална работа и ЛГБТ заедницата уште во 2008 година. Во него стои дека „Сексуални работници се жени мажи и трансродови лица кои добиваат пари или други материјални добра во замена за сексуална услуга, тоа го прават редовно или повремено и кои можат, но и не мораат таквите активности да ги дефинираат како единствен извор

Рецензија: Новогодишниот инает на Жерновски ќе ги чини граѓаните и до 100.000 евра!

на 24. 12. 2013 | |
Пред нас се наоѓа текст кој изобилува со коментари и со проценки за кои не е наведено од каде потекнуваат. Затоа, информацијата, дека новогодишната забава на општината Центар ќе чини околу 100.000 евра, остава впечаток како да е на авторот на текстот, кој, пак, е потпишан под псевдоним – „Вероника“. Кога ќе се провери импресумот на сајтот, се доаѓа до заклучок дека таму не фигурира автор со име Вероника. Ова во поглед на одговорноста е несериозно. Тезата во текстот дека Град Скопје има право да организира прослава, а Општината нема право е субјективна и небазирана на извор. Уште повеќе, авторот ја карактеризира новогодишната прослава на Општината како „удар врз традиционалната“, иако во истиот текст тврди дека и традиционалната ќе се

Рецензија: Св.Никола се појави на филџан со кафе

на 23. 12. 2013 | |
Колку новинари се навистина потковани да известуваат за теми кои се поврзани со религиите и колкаво е нивното познавање од основните учења на светите книги на кои се темелат различните религиозни верувања? Од одговорот на ова прашање ќе зависи колкаво медиумско внимание, всушност, ќе му се посветува на празноверието, односно на суеверието и дали таквите информации воопшто ќе добијат медиумски третман. Станува пракса пред речиси секој поголем христијански празник да се известува за наводна појава на светци на дрвја, во филџани со кафе, на вапцани јајца… Пред нас имам е текст во кој главниот извор е фотографија и не е консултиран извор кој може да ги објасни ваквите „појави“ во контекст на христијанството, како на пример теолог или свештено лице.

Рецензија: Се бараат 29 службеници во Министерството за образование – плата 34.000 денари

на 19. 12. 2013 | |
Во дел од членот 6 од Кодексот на новинарите се вели: „Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“. Како ќе се направи разлика меѓу маркетингот и новинарството, ако не се одвојат рекламите од медиумските содржини? Медиумот вербатим пренесува оглас од Министерството за образование без да ја издвои оваа содржина во посебен оддел за рекламирање. Не е наведено дали за ова се добиени пари од огласувачот (како што е обичај кај печатените медиуми) или, пак, медиумот решава да вклучи оглас како дел од уредувачката политика за да ги информира невработените читатели. Исто така, стои забелешката дека редакцијата не се држи на професионална дистанца од содржината на текстот, бидејќи го пренесува и повикот „Аплицирај!“. Написот е сосема ослободен

Рецензија: Министерот Ивановски заглавен на аеродромот во Истанбул

на 16. 12. 2013 | |
Онлајн платформите на кои се пласираат медиумски производи нудат специфични технички можности за мултимедијални „авантури“ достапни за новинарите и тоа, инфографици, поврзување со линкови, поставување видео-материјали, фотографии и комбинирање на сите нив. Преку овие методи новинарот се труди да ги направи содржините подостапни, попримамливи за читање сѐ со цел да го задржи читателот на интернет што подолго на својот сајт. Да се познава оној на кого му се обраќате како новинар е клучно. Секоја публика има специфични очекувања и критериуми, па затоа е од клучно значење новинарот да ја познава својата целна група. Поради ова, но и поради современите текови во новинарството, поголемиот дел новинари на интернет чувствуваат дека нивната присутност на социјалните мрежи е и повеќе од корисна, па

Рецензија: И Македонци настрадаа при „падот“ на албанската авиокомпанија „Бел ер“

на 15. 12. 2013 | |
Во случајов рецензираме текст со сензационалистички наслов кој може да ги наведе гледачите, а особено читателите на порталот, на погрешно толкување и да ги манипулира. Во иста реченица како метафора се користи комбинацијата на зборови „пад“, „авиокомпанија“, „Македонци“ и  „настрадаа“, што асоцира на авионска несреќа. Ова во никој случај не е содржината на текстот, односно, насловот наведува на погрешно толкување и го мами читателот. Веста сама по себе е доволно импактна и без да се користи наслов што мами. Линк до оригиналниот напис:  И Македонци настрадаа при „падот“ на албанската авиокомпанија “Бел ер“ Датум и време на објавување: 09.12.2013; 14:15 Датум на рецензирање: 12,12,2013 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Сите факти изнесени во текстот се проверливи и точни. Она што  зачудува

Рецензија: Ја заборави ли Заев изјавата дека патриотизмот не му прилега на СДСМ?

на 11. 12. 2013 | |
Бидејќи овој текст не содржи нови факти, туку користи изјава „извадена од нафталин“ и комбинирана со актуелна изјава, а за да се покаже дека Зоран Заев е „непатриот“, неговата основна цел не е да информира, туку да контекстуализира, т.е. да создаде база на наводни „докази“ дека одредена политичка фигура низ времето покажувала тенденција на „непатриотизам“. Она кон што се цели за да му се наметне заклучок на читателот е дека Заев нема право да зборува за патриотизам. Овој текст нема новинарска вредност, во смисла на тоа дека не открива нови информации, не информира, туку е ад-хоминем коментар, преку кој партијата треба да се квалификува како „непатриотска“. Во исто време, во текстот се поистоветува патриотизмот со етничката припадност на градоначалникот на

Рецензија: Лавина негодувања поради верскиот ритуал во државно училиште

на 11. 12. 2013 | | sq
Светол пример на новинарство кое може да биде и критичко и воспитано во исто време, во смисла на запазување на новинарските стандарди, етичкиот кодекс, како и професионализмот. Новинарот отвора тема од јавен интерес. За пофалба е и „стегнатиот“ дискурс и успехот во во кусо време, колку што дозволува просторот на телевизиското новинарство, да се сместат многу изјави, да се претстават гледиштата на повеќето засегнати страни или барем да му се покаже на гледачот дека постоел новинарски обид да се дознае ставот на сите засегнати, но тие одбиле да го дадат. Овој прилог е втор во низа, откако е отворена приказната за изведување верски обред во училиште. Линк до оригиналниот напис:  Лавина негодувања поради верскиот ритуал во државно училиште Датум и

Претплатете се за најнови вести