verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирјана Најчевска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

на 21. 03. 2013 | | sq
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Еден од начините на кои се изведува контролата над власта е поставувањето прашања. Прашањата им се поставуваат на политичарите за да се разјаснат нештата, за да се добијат посоодветни информации или пак за да се разоткрие невистината. Секоја власт сака да се прикаже во најдобро светло, да даде информации кои зборуваат добро за неа и да ги прикрие оние кои зборуваат лошо. Тоа е нормално. И очекувано. Токму заради тоа луѓето имаат право да бидат информирани и да даваат информации. Медиумите се наоѓаат во уникатна и привилегирана положба да можат да поставуваат прашања, да добиваат информации и да ги пренесуваат информациите. Прашањата не се дел само од интервјуата и контактните емисии.

Медиумите за полицијата (2)

на 13. 03. 2013 | | sq
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Втор дел од анализата на тема најчести проблеми со кои се соочуваме при известувањата за полициските акции или за случувања поврзани со полицијата. Во првиот дел беа обработени пренесувањето изјави на функционер на Министерството за внатрешни работи (МВР) наместо новинарски анализи и прашањата поврзани со примената на законите.

Медиумите за полицијата (1)

на 7. 03. 2013 | | sq
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Написите и известувањата поврзани со активностите на полицијата вообичаено предизвикуваат внимание (посебно кога станува збор за поголеми акции на полицијата, акции во кои се атакува врз организираниот криминал или пак станува збор за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата).

Медиумски (не) активизам

на 20. 02. 2013 | | sq, en
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Текстот е достапен и на албански јазик: (Jo) aktivizmi medial Медиумите имаат огромна улога во промоцијата и заштитата на човековите права. Посебно значење има поддршката која медиумите можат да ја дадат во заштитата на правата на ранливите групи (сите оние кои се надвор од центрите на моќта, кои се изложени на посебни видови насилство, кои во општествено понеповолна положба и кои се дискриминирани). Или би требало да имаат.

Медиумите за пресудите на Европскиот суд за човекови права

на 13. 02. 2013 | | sq, en
Пишува проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Текстот е достапен и на албански јазик: Mediumet për aktgjykimet e Gjykatës evropiane për të drejtat e njeriut Една од улогите на медиумите во развиените демократски држави е да бидат контролори на власта од аспект на почитувањето и заштитата на човековите права. Значаен аспект на оваа контрола претставува известувањето за пресудите/одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) воопшто и посебно оние ко се однесуваат на Република Македонија.

Претплатете се за најнови вести