verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Мирјана Најчевска

Визи, азил, човекови права (2): За азилот и „лажните азиланти“

на 31. 01. 2014 | |
 

Прво, политичарите го промовираа, а новинарите го прифатија терминот „лажни азиланти“. Потоа, овој термин го поврзаа со визната либерализација. На крај, решавањето на проблемот со „лажните азиланти“ стана услов за опстојување на визната либерализација.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Во првиот дел на анализата на визната либерализација (Визи, азил човекови права: Визната либерализација – остварување на слободата на движење како човеково право) го

Визи, азил, човекови права

на 23. 01. 2014 | |

 

Во медиумите нема анализа која визната либерализација би ја погледнала од аспект на концептот за човекови права – како создавање услови за практикување на слободата на движење како едно од основните човекови права. Оттука, ниту во расправите за нејзиното укинување и мерките кои се преземаат од страна на државата новинарите не го поставуваат прашањето од аспект на загрозувањето на човековите права.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за

Структурна дискриминација – кога државата е на погрешната страна (2)

на 7. 01. 2014 | |
 

Структурната дискриминација е опасна затоа што нејзините корени се во минатото, затоа што е кумулативна (составена од многу голем број помали дискриминирачки активности), затоа што е затскриена зад вообичаениот начин на однесување (па дури и зад навидум позитивно однесување), затоа што многу често настанува и тогаш кога не се прекршуваат законите

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   (Ова е втор и последен дел од

Структурна дискриминација – кога државата е на погрешната страна (1)

на 29. 12. 2013 | |

 

Кога индивидуа или институција постапува согласно со прифатените норми на одредена заедница во однос на конкретни групи (етнички, религиозни, возрасни, родови) со негативни последици за членовите на овие групи, може да претпоставиме дека станува збор за структурна дискриминација.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Структурната дискриминација е специфичен вид на дискриминацијата. Вообичаено се манифестира низ, или се затскрива зад рутини, вообичаено однесување, општествено прифатливи

Очила на еднаквоста

на 8. 12. 2013 | |

Кога медиумите допираат проблематика што се однесува на дискриминацијата, многу лесно е да се измести фокусот на гледање од актот на дискриминација кон ставовите, перцепциите и вреднувањата (базирани на стереотипи и предрасуди) за одредена група луѓе

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Дискриминацијата е упорен и комплексен општествен феномен што упорно опстојува во односите меѓу луѓето. За дискриминација станува збор во ситуација кога некои луѓе

Црвено светло за етноцентризмот (2)

на 26. 11. 2013 | | sq

“Голото“ пренесување на изјавите на високи функционери без адресирање на проблемот на етноцентризмот, во пракса може да води кон ширење на извртени перцепции, а со тоа и на нетрпение и раѓање на омраза.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права  
Овој напис е втор дел од анализата на проф. Најчевска за употребата на етноцентризмот во македонското новинарство. Првиот дел беше објавен минатата недела и него можете

Црвено светло за етноцентризмот

на 18. 11. 2013 | | sq

Кога постои етноцентризам сопствената заедница се доживува во центарот на сè и сè (јазикот, обичаите, историјата, однесувањето, религијата …) се вреднува споредено со неа. Сопствената заедница се доживува како најважна и некои (или сите) нејзини аспекти се сметаат за супериорни во однос на другите (кои и да се тие други).

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Етноцентризмот по дефиниција е тенденција да се гледа на

Медиумите треба да го препознаат профилирањето (II)

на 21. 10. 2013 | |
 

Профилирањето може да добие и многу пошироки размери и да стане алатка во рацете на политичарите и на власта за соодветно насочување на јавното мнение и мобилизација на граѓаните во одредена насока.

 
Овој напис претставува втор и последен дел до анализата за профилирањето и медиумите. Првиот дел од анализата можете да го најдете овде.
  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Многу често, во

Медиумите треба да го препознаат профилирањето

на 14. 10. 2013 | | sq
Расното, родовото, етничкото, верското или друг вид профилирање, што своите корени ги има во некој од можните основи на дискриминација, претставува практика која може да биде многу опасна за еднаквото практикување и заштита на правата и слободите на луѓето.     Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   По дефиниција, профилирањето значи употреба на одредени карактеристики или обрасци на однесување и постапување,  со цел генерализирање, обопштена оценка за

Освен за настапот на Груевски, медиумите со молк за Генералното собрание на ООН

на 1. 10. 2013 | | en
Медиумите не смеат да дозволат граѓаните на Македонија да бидат затворени во оградите на тесниот, малограѓански интерес и да бидат потполно надвор од глобалните текови на развој.    Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Една од карактеристиките на современото општествено организирање е поврзаноста на државите, нивната меѓусебна зависност и се разбира, заедничките стандарди кои се обидуваат да ги изградат во рамките на меѓународните структури. Можноста секоја

Претплатете се за најнови вести